Јован Стрезовски. „Зарек“ Селото е празно, пусто, како чума, како оган, да поминало низ него; урлика дивина грозно, морничаво. Куќите се рафрла- ни по падината како да бегаат, како да ги зафатила паника од тешки неволи и таксирати; некои се без покрив, некои сосема разурнати, некои сè уште стојат, со порти заковани или зап- нати со катинари за да го чуваат мирот и празнотијата внатре; ѕидовите се од камен, од тула, од плит, од дрвени плотици ис- ковани една врз друга за да нема цепови; покривите се од кера- миди, од плочест камен, од ’ржаница, од ламарина; во нив дво- рови со здрави или распаднати огради; со овошки зелени или исушени; куќите се поврзани со сокаци што се вкрстуваат меѓу себе како мравкини патеки; обрастени се во трње, во драч, во капини, во повит и други тврдожилни тревје што налетуваат и го освојуваат секое голо и напуштено место; копривите, змио- риките, кучешките глогови, копилачките, папратот, и другите диви растенија, навлегле во дворовите, ги опашуваат куќите, се качуваат по ѕидовите и се шират до каде што има влага или до каде што ги крепи нивниот опор, жилав бог; мир и тишина во сè; птица да помине - бега исплашена што ништо не £ се оѕви- ва, што ништо не се јавува: ни рикот на добитокот, ни човечки глас; со страв, како да западнала во некој мртов, безживотен предел, застанува на некое дрво крај селото и долго гледа во куќите како да ги испитува. Над селото, на една ридичка, стои една самотна куќа како намерно да се изделила од другите куќи или како тие да ја ис- тиснале; околу неа ограда со широка дворна порта, во дворот јаболкница, а потаму, во продолжение на дворот - градина со овошки и зеленчук; куќата е крената на кат: долните просто- рии се ќерал за држење добиток; горните две одаи поврзани се со чардак од кој се гледа сето село, сокаците и патот што сле- гува надолу низ клисурата и се спојува на неколку часа одење со џадето што оди за в град; се гледа сиот простор наоколу, си- те околни ридови и планини, кои исповрзани меѓу себе се гу- бат во далечното небесно синило. Кога ќе се стемни, во куќата светнува ламба и само нејзината светлост блеска наоколу и чиниш доаѓа од некое пусто и зафрлено црквиче; кога ветерот ќе мине низ празното село - на неа се задржува: врти околу неа, тропа на вратите и прозорците и бара прицеп да влезе внатре; и дивината кога ќе изизврти низ опустените куќи - се собира тука, врти околу неа и урлика; тука и дождот повеќе се задржу- ва, и снегот, и жегата, и секоја тишка господова што ќе намине - зашто само во неа има живот, само во неа чади оџакот. Секое утро од куќата излегува Трпе; по него излегуваат пилињата и трчаат да не ги остави; зашто, откако орелот им ја грабна мај- ка им - квачката, Трпе им е и мајка и сè. Клекнува Трпе, ги раширува рацете, а тие му се искачуваат на нив, на рамената, на главата, и така - со раширените раце оди со нив, шета низ се- лото; пилињата пилкаат радосно, се веселат и живот му даваат на селото. Шета Трпе со пилињата низ празното село, а пред очите сè уште му стои сликата на иселувањето што прилегаше како бегање од оган, од поплава, од потоп; како во светото писмо префрлувањето од пеколот во рајот; болест беше некоја, чара, што се рашири по луѓето: им удрија катинари на куќите, ги за- пустија, и како пилиња од растурено седало фатија некаде по градовите и светот. В џенем нека одат, му навира лутина во душата на Трпе, нека кршат глава каде што сакаат; за некои од нив не му е ни жал: дури подобро што се очистија од селото; како: Нуне Черенко постојано садеше неродни дрвја; каде што ќе најдеше празно место, садеше: врби, тополи, евли, лески, ја- сики. Во пролет им одеше со секирата и им велеше: Ќе раѓате или не? Ќе почекаше до летото и пак ќе им појдеше и ќе им ре- чеше: Ќе раѓате или не? Ќе почекаше до есента и пак ќе им пој- деше: А не раѓате, мајчето ваше, ќе им свикаше, и ќе им ја уд- реше секирата - ќе ги исечеше. Постојано скиташе по околните места и бараше незнајни гробови останати од стари времиња и шепотеше: Како што не знам кој лежи овде, така да не знам за болести, за лоши соништа, за урок, за глад, за душмани. А би- дејќи живееше од крадење, велеше: Кој ме брка - да не ме фати! Едно време фати две волчиња, машко и женско и почна да ги одгледува во котар; кога порастија, изнакотија едно чудо вол- чиња. Волчињата ги однесе во ловното друштво в град и до- би голема награда за фаќање штетен дивеч. Кога дознаа за тоа - наградата низ нос му излезе. Кога ќе го навјасаа мушичките, сам со себе тераше инает; ќе речеше: Денеска ќе одам в планина по дрва; ќе тргнеше в планина, и ќе речеше: Е нема да одам по дрва, ќе одам в лозје да берам грозје; ќе тргнеше за в лозје и ќе речеше: Е, нема да одам в лозје, ќе одам во продавницата; ќе застанеше пред продавницата и ќе чинеше: да влезам - да не влезам; пушташе чекор и се повраќаше. Ќе ги соблечеше пал- тото и панталоните, ќе ги наполнеше со слама и ќе ги обесеше на гранка од дрво да висат и ќе си речеше: Е, виси сега Нуне Черенко, така ти треба - кога си инаетчија; мајка му Бојка имаше моќ да претскажува; на секој погреб во селото, кога ќе го спуштеа мртовецот во гробот, ќе се сврте- ше кон луѓето, ќе го загледаше некого и ќе му речеше: Сега на тебе е редот... И глеј, ѝ врвеше аминот: на тој што ќе му речеше - тој по извесно време умираше. Ја бркаа луѓето од погребите. Во 1945 година претскажа дека во една далечна земја ќе падне сонцето и ќе го изгори народот. (Така и би: таа година падна атомската бомба во Јапонија). Во 1948 година рече: Индија ќе ја зафати голема жалост. (Така и би: го отепаа водачот Ганди). Во 1950 година рече дека жолтата раса ќе почне да војува меѓу себе. (Така и би: се отвори Корејската војна). Во 1951 година рече дека ќе ѝ умре свекрвата кога ќе наполни седумдесет годи- ни. (Така и би: токму на седумдесеттиот роденден, се разболе свекрва ѝ; ја однесоа во болница и ја оперираа од слепо црево. Операцијата беше успешна, но таа умре. Што ѝ стана?! се чудеа лекарите. Ја расекоа повторно и утврдија дека смртта не наста- пила од операцијата, туку од сосем друга, непредвидена рабо- та: ѝ пукнала надбу брежната жлезда. Долго време лекарите ја бараа причината, но таа беше мртва и не можеше да им каже дека испуштила душа од сугестија, бидејќи сна ѝ Бојка ѝ претс- кажала дека ќе умре). Во 1956 година рече дека на селото ќе му се случи голема несреќа. (Така и би: почна да се иселува, да се празни). На мажот ѝ Митруш Черенко му претскажа дека среќ- но ќе замине во туѓина на печалба и среќно ќе се врати назад. Тоа не погоди: често Митруш праќаше писма и по некоја пара за црквата за среќно да го врати Богородица назад, но којзнае кај му беше душичката заглавена, та со години го немаше. Кога му дојде мртовечкиот ковчег и кога го отворија луѓето, имаа што да видат: внатре место него - беа неговите алишта и неговата слика. Имаше и писмо што нашинците со кои работел, го напишале; пишуваше: „Митруш Черенко, бог да го прости, ни остави аманет: ако се случи нешто со него, та не ќе може жив да се врати дома - да го испратиме мртов. Но бидејќи од експлозијата што се случи при дупчењето на нафта - не остана ништо од него, му ги испраќаме алиштата и сликата да му се закопаат во татко вината за која толку тагуваше“; а пак Бомбе, кога ќе се напиеше, светов ќе разбереше: по цела ноќ шеташе низ селото, влегуваше во дворовите и ги бу- деше кучињата. Ги удираше со клоца и им викаше: Кога јас не спијам, нема ни вие да спиете! Квичеа и урликаа кучињата до небеси. Ги будеше и неговите домашни: татко му, мајка му, же- на му, децата, и ги собираше да пеат во хор. Како во античките драми, им одредуваше кој што ќе прави; им велеше: ти ќе пееш, ти ќе плачеш, ти на бога ќе му се молиш, ти мртвите ќе ги довикуваш, ти земјата ќе ја бацуваш. Ако му се спротивставеа, ја земаше старата сабја обесена на ѕидот и фучеше со неа над нивните глави закану вајќи им се дека ќе ги испосече. Господе, чувај му го умот! се крстеше мајка му; на Плоде ковачот сите жени му умираа; пет зеде, петте му умреа; никоја повеќе не сакаше да го земе од страв да не умре; велеа луѓето, станувал ноќе како гробник, се облекувал во ко- жа од волк и ги давел жените; други велеа: плодникот му бил неприроден, не човечки, та од тоа му умирале жените. Поради Плоде селото се прочу надалеку; на полјакот Давид селаните му купија дурбија за да го чу- ва имотот што подобро; но тој место да шета по нивјето, се ка- чуваше на дрвјата и ја навртуваше дурбијата кон куќите и про- зорците и знаеше во која куќа што сè се случува. Тераше така сè дур Плоде ковачот не му ги искрши вилиците, кога го виде како го мерка со неа, додека тој кобилата ја жулкаше по страм- ните места. Кога го напушти Давид селото, испрати писмо во кое пишуваше дека својот имот му го подарува на селото. На кое село му го остава имотот? свикаа луѓето, на ова што уми- ра?! Кога беше потребен неговиот имот - тогаш не го даваше, му се земаше умот, паѓаше во несвест; чекаше да го испрода- де сиот добиток што го имаше, та потоа да влезе во задругата шо се формира; но претседателот му рече: И парите од добито- кот што го продаде да ги внесеш во задругата. И тој падна во несвест. А еднаш падна и во времето на окупацијата кога ко- мандирот Гидија влезе со одредот во селото; свика состанок и им рече на луѓето: Кој се јавува доброволно да му се приклучи на одредот? Се јави Давид и рече: И јас, другар командире, би ви се приклучил, но дома немам никого, а имам овци, кравава, вол, коњ... Што ќе им правам... Командирот Гидија скокна од бината, се упати кон Давид, направи место да го видат сите, го чукна по раменици и рече: Еве, другари, ваков доброволец, ваков патриот сакам што со целиот свој имот ни се приклучува... Давид позелена, потемна: Ама какво приклучување, другар ко- мандире, рече и падна во несвест; од Тина Шеќерка мир немаше селото; со својата убавина, со своето врцкасто одење, со своите ѓаволести очи, ги збудалуваше мажите; трчаа, се собираа околу неа како кучиња во сечко. Во мајчина нека одат сите тие, се лути Трпе но му е жал за другите, за оние што и овде можеа да си живеат како луѓе: овчарот Стое и жена му Велика ги продадоа сите овци, ја запустија куќата и кошарата и фатија некаде; сега наминуваа со едно јагне како пастирот од Библијата да го попасат и да му го подарат на манастирот за да им даде Богородица чедо. Кога го напуштаа селото, со себе ги поведоа и многуте кучиња што ги имаа. Кучињата ги држеа за знаја: дознале дека тие што немаат пород, треба да држат кучиња, зашто тие постојано му се моле- ле на бога: на нивниот домаќин господ да му даде што повеќе деца, зашто, во куќата каде што има повеќе деца, тие никогаш не остануваат гладни - сè некое ќе им потфрли лепче. Жално беше кога се селеа со кучињата: урликаа тие по патот, квичеа, претчув ствувајќи дека им нема враќање. После неколку дена, едно успеа да избега и да се врати со синџирот на гуша; вртеше околу куќата, квичеше, сè дур не испушти душа; валавничарот Прокопие сето време со вала вницата и со водата го врвеше. А еднаш кога предојде, не можеше да се изна- пие вода, не можеше да се изнасити, како добиче прејадено со јонџа. Му рече на Трпе: Верувај, Трпе, откако разбрав дека во- дата што ја пиеме в град, била од реката - в грло ми застана: не можам повеќе да ја пијам, зашто гледам сета градска канализа- ција се влива во неа. Барам начин како да го натерам синот да се вратиме назад во оваа убавина, во овие шуми и ледини. Од прозорецот на зградата во која живееме, гледаме само покри- ви, покриви, покриви. Над нив сиво, скаменето небо и срцето ми се крева во плач. Ние сме луѓе што од искона сме навикнале на природата, сме никнале од неа како житата, како шумите; оттргнати од неа - ништо сме. Ја разгледа Прокопие валалницата оставена тука пуста и му рече на Трпета: Ќе полудам без нејзиниот шум, без нејзиниот тропот, цел живот него го слу- шав, со него заспивав, со него се будев. Кога ќе ми се натажи душата за неа, одам на крајот од градот каде што тече реката, одбирам место каде што паѓа водата, каде што прави слапови и редам штички и ламарини да паѓа водата на нив, да тропа: го слушам тоа тропање со замижани очи, се потсетувам на вала- ницата и плачам; последниот што го напушти селото беше Војдан. Секое ут- ро Трпе ќе поминеше крај неговата куќа одејќи да наполни во- да на чешмата и ќе му подвикнеше: „Жив ли си Војдане?“ „Жив сум“. „Што правиш?“ „Си го матам умот“. И така секое утро: „Што правиш Војдане?“ „Си го матам умот...“ По извесно време не му го чу гласот. Мачно го доживеа тоа Трпе се надеваше барем тој да остане: зашто Војдан и покрај сите маки и таксирати што го зафатија, правеше напори да остане. А што сè не му мина преку главата: по ослободувањето го поставија за претседател на Селскиот одбор; се расправаше со сè и сешто: од Поверенството му испраќаа точкици и боно- ви да им ги дели на луѓето; му рекоа: боновите се за леб, точки- ците за облекло - ќе ги делиш по домаќинства. Така и правеше: дење ги делеше, а навечер пресметуваше дали му е есапот ток- му; сметаше, пресметуваше, и кога ќе видеше дека му е есапот токму - излегуваше на чардакот од канцеларијата и пукаше со пиштолот. Кога ќе го чуеја луѓето пукотот, ќе речеа: Токму му е есапот на Војдана... Но еден ден му се смешаа точкиците и бо- новите и почнаа луѓето да дигаат алишта и колку треба и колку не треба: облакаа жените на себе по неколку фустани, по не- колку џемпери, по неколку мантили; мажите по неколку рала панталони, палта, кошули; децата, старците - такуѓере. Еј, бре што е ова? си рече Војдан. Но за среќа, се најде некој од луѓето чесен и му рече на Војдана: си згрешил претседателе: место да ни дадеш бонови за леб, си ни дал точкици за алишта. Си го поткасал Војдан јазикот. Дојдоа од Поверенството и го сменија од претседател. Му рекоа: Уште асално не ја кладовме државата на нозе, а ти од луѓето почнуваш да правиш капита- листи. Дај го пиштолот! Им го даде Војдан пиштолот и излезе од претседател. Немаше каде и стана матач на водата. Кога се големи суши, реката намалува и бавчите и нивјето не можат да се навод- нуваат. Но ако се копа земјата од брегот и се урива во коритото - тогаш се матни, се зголемува, ги пополнува ситните процепи во коритото низ кои се губи водата - и во поголемо количест- во слегува во селото. Му рекоа луѓето: Ти си Војдане силен и снажен, роден за ова работа, ќе ти даваме по три кутли жито од куќа. Се согласи Војдан и почна да ја мати водата. Се вадеа нивјето, бавчите, му се полнеа на Војдана амбарите со жито што му го даваа селаните. Но пак му дојдеа од Поверенството и му рекоа: Во некои краишта од нашата земја сè уште владее глад како последица од војната, а ти трупаш залихи, кулак ста- нуваш... Му го одзедоа житото. Се налути Војдан и се откажа да ја мати водата. Кога се формира задругата, Војдан стана чувар на лозјата. Работата му беше лесна: лежеше каде што сакаше и колку сака- ше, зашто лозјата сè уште не беа зазреани и никој ѓавол не ги јадеше. Кога почнаа да зреат, се нафрлија селаните: скини ваму, скини таму; трчаше Војдан на сите страни. Побара пушка од управникот на задругата за да ги запла шува луѓето. Каква пуш- ка, му рече тој, какво заплашување: пушти ги нека каснат, нека видат што е задружно грозје, зашто овие лозја ни служат и за пропаганда: да довлезат во задругата и оние што не се влезени. Кога се собра грозјето, Војдан го префрлија во визбата да го преточува виното. Во визбата имаше бочви со секакво вино, но Војдан не беше од пиење и со мака ја поднесуваше миризбата: кога ќе излезеше од визбата, земјата му шеташе под нозете, главата му се матеше. Бомбе кој работеше со него, му велеше: Ќе навикнеш Војдане, првото запивање е како првиот куршум што се испукува во војна: со него ти излегува сиот страв. Така и би: не само што Војдан почна да пие, туку и од визбата не му се излегуваше - живееше во неа како крт под земја. Отчетот на задругата се правеше јавно: и пред задругари и пред незадругари. Книговодителот ќе кажеше колку трудовдени се направе- ни во текот на годината, колку чини еден трудовден, колку кој треба да земе - и колку салдо останува во задругата. Ќе поба- раа луѓето да се објасни во што се состои салдото, а книгово- дителот ќе им објаснеше дека салдото е: три вола, осум телиња, две крави, четириесет овци, триесет јагниња... Да се заколат и да се испечат, ќе се свикаа задругарите, до година ново лето - ново салдо... И се колеше добитокот, се печеше, се кркаше на средсело. Кога ќе му речеше накој на управникот: Што е ова управниче? тој ќе речеше: И ова е пропаганда: нека видат оние што не се во задругата - како живееме ние... Се тури задругата, остана Војдан пак без работа и отиде в град. Се вработи во едно занае тчиско-услужно претпријатие кое изработуваше сè и сешто: браварија, јоргани, налани, до- машни ракотворби, печатарски работи, шиење, бојади сување. Го распоредија во јорганџискиот погон на местото на некој младич што си заминал. На Војдан не му беше позната рабо- тата, та се налути шефот: јунчето отиде - а дојде вол! рече и го префрли Војдана во лимарскиот погон; за кусо време му оглуве едното уше: кога зборуваше викаше како да се наоѓа на плани- на. Го префрлија во погонот за ракотворби; собираше сурови- на: одеше по бла тиштата, по реките, по врбјаците и сечеше: ше- вар, трска, прачки, кори, диви метли. Но кога власта го забра- ни тоа и му нареди на претпријатието да си направи плантажа, работата во погонот се намали и Војдана го префрлија во печатарскиот погон: слагаше букви за свадбарски покани, некролози, сметко-потврди, влезници за кино. Погонот ги немаше сите букви, та работите што ги печатеа, беа штрбави како исклувка- ни од кокошки. Одбегнуваа луѓето да печатат. Погонот пропад- на и Војдан отиде да работи приватно. Се заортачи со клисарот на црквата и отвори работилница за правење свеќи. Соѕида огниште за топење восок, направи тркало за бесење конци; ги пикаше конците во растопениот восок и правеше разни свеќи. Му носеше клисарот недогорени свеќи од црквата и гробишта- та, ги топеше Војдан и правеше нови. Работата му одеше добро, но му дојде испекција и му побара одобрение за работа. Војдан немаше - и му ја затворија работилницата. Отиде во Бирото да побара работа; тие го погледнаа картонот, видоа каде сè досега работел и му рекоа; Ти човеку, сега можеш да бидеш само гробар... Зошто гробар?! се налути Вој- дан. Затоа што секаде каде што си работел досега - работата се погребувала, пропаѓала... му рекоа. Во мајчина одите! им свика Војдан, но кога виде дека никаде не може да најде работа, се согласи и отиде во погребалното претпријатие. Стана гробар. Ги закопува луѓето и му се корне душата кога гледа како луѓето плачат за најмилото. Тие плачат, а и нему солзи му идат на очи- те. Му се моли на бога да му го додржи здравјето и умот додека земе пензија и се врати назад в село. Шета Трпе со пилињата низ селото и разми слува за луѓето и за сиот живот што истече како вода. Поштарот Јовко се искачува по стрмното патче низ кли- сурата, запира на свиоците да поземе здив, да ја избрише потта од лицето, да се замие и разлади на изворчињата, да отпочине, и пак да продолжи кон селото. Кога времето е дождливо, се лизга по раска шената земја сроната на некои места по патот, го кисне дождот, му заплисну- ва в лице, во врат, се пика под крошните на дрвјата да се засол- ни или во дупките и пештерчињата крај патот, намовнува и се тресе кога ќе почнат громовите да паѓаат во неговата близина расцепувајќи ги високите дрвја. Кога зимно време ќе изнаврне снег, цапа, се пробива низ него, го завиткува лицето со шал и се штити од виулиците и острите снегулки што го заплуснуваат како сачми. Во голем студ носи во себе грутки вар, ги става на снегот, се растопуваат тие, шиштат и испуштаат врела пареа на која тој ги топли ра- цете и нозете за да не му премрзнат; вика и чука со стапот по дрвјата кога ќе насети дивина околу него, и така, се пробива и доаѓа во селото; доаѓа кај Трпета да го види дали е жив и да му донесе писмо од некој што му праќа. И му вели: „Бегај Трпе... Не седи сам во оваа пустелија... Фати го ти патот што го фатија другите...“ А Трпе му вели: „Не одам никаде... Ќе живеам до кога ќе можам овде... Сум го ишетал светот и сум видел сè... Доста време поминав со тат- ко ми на работа во Гери - Индијана, но одвај чекавме да се вра- тиме овде... Татко ми постојано велеше: Дома, дома, синко да си одиме... Во крајот свој и каменот да го јадеш - е благ. Скита- ме по светот, синко, да најдеме нешто, а тоа што го бараме го наоѓаме - откако ќе се вратиме дома...“ „Сега се други времиња, Трпе; друг ветер фати... Си бараат луѓето подобар живот... Што тебе толку те врзува овде да се мачиш сам...?“ „Ме врзува многу нешто... А ти што велиш дека ветерот е таков, можеби. Но и птиците често во ветровито време се впуштаат да летаат, да се витлаат, но кога ќе видат дека ветерот ќе ги брецне некаде, се оттргнуваат и се повлекуваат...“ му вели Трпе. Доаѓа одвреме навреме поштарот Јовко, му носи цирку- ларни писма и акти како и на другите села: за избори, за мес- тен самопридонес, за заем, за порез, за катастарски премер, за пошумување, за запрашување од штеточини, за вакцинирање на добиток и луѓе. Ги чита Трпе, си го метка умот со нив и се радува што селото уште не е избришано од картата, што уште е живо. Прелистува стари тефтери останати од не когаш во месна- та канцеларија и чита разни податоци за селото: 142 куќи, 517 жители; толку и толку добиток, коњи, магариња, говеда, овци, кокошки, кошариња со пчели; толку и толку рала земја со пче- ница, со јачмен, со р’ж, со овес, со компири; толку и толку ра- ла овошни насади, лозја, пасишта, браненици, лазови, голети, шуми... Училиште, црква, манастир, продавница, месен одбор, валавница, ковачница, самарџилница, варница... Годишен при- раст на населението: просек 15, умирање: просек 5... На фрон- товската конференција се заклучи: сите данокоплатци - дано- кот да го исплатат до нова година и да им се објави натпревар на сите села во Малесија кој побргу ќе го исплати. Давид полја- кот предложи да им се објави натпревар само на посиромаш- ните села од нашево - за да бидеме први во собирањето. Гидија нареди да се затвори Давид полјакот. Одлежа два дена во виз- бата на Месниот одбор... Од вкупно 32 грла крави од “монтафонската“ и “источнофриската“ раса што ги набави задругата за опит - пцовисаа 20. Луѓето велат: што не се прчило - не се кози: вакви дијании не живеат во овие планини... Фати суш- на година; полоша не се паметува: изгоре сè: тревата, нивјето, бавчите; плодот на овошките се спече, се исуши; секнаа, пре- сушија изворите; почна да пцовисува добитокот; луѓето носат снег од планиниските локви и дупки, го топат за да имаат за пиење; шумите пламнуваат сами од себе, се потпалуваат; земја- та мириса на черепна, на подгорен леб; умреа неколку луѓе; се проширија гробиштата; се отселија три куќи... Никогаш не би- ла така родна годината како ова: родија житата, нема место во амбарите; овошките се испокршија од род; лозјата такуѓере; добитокот даде прираст како никогаш досега; се родија многу близнаци: телиња, јагниња, деца; се направија три свадби... Секоја сабота и недела луѓето работаат доброволно на патот; без механизација тешко се пробиваат карпите: двајца паднаа во клисурата еден загина, другиот остана сакат; цената на куќите опаѓа; се продаваат за евтини пари, но никој не ги купува... Пак пративме барање до шумарската управа во градот да ја поп- рават „Царската цеста“ - римскиот пат што врви над селото. Од овој пат и ние и шумарството ќе има голема корист: ваму растат столетни дрвја што со векови не виделе секира и шара. Паѓаат, се сушат, гнијат... Поштарот иде редовно, учителот на настава е редовно; порезот не се плаќа редовно - луѓето се од- дадени на пиење како да претчувствуваат војна или несреќа... Бројот на учениците се намали во училиштето: во сите одде- ленија останаа само 16 деца; најстрашното е тоа што во прво одделение се запишаа само 5 деца. Луѓето ќе го држат учителот и за едно дете, зашто кога ќе згасне училиштето - згаснува и селото... Од Злострана пак задува ветерот Злиец и пак донесе неволи како порано: гавоболки, зуќеми, кашлици, беснило кај кучињата, шап кај добитокот; умреа две деца и тројца старци; училиштето се распушти неколку дена; не се држи ни богослужба во црквата; владее голем страв и ппаника меѓу луѓето; меди цинската сестра доаѓа секој четврток од град со лекови и инекции; до џадето иде со џип, а од џадето наваму ја носиме со коњ: луѓето одат пред неа и го газат снегот за да може да поми- не. Треба да се издржи, велат луѓето: и порано имало вакви не- среќи: 1901 - тифус; 1912 - колера; 1918 - пак тифус; 1931 - оф- тика; 1943 - пак тифус... Бојка гаталката ја притворија: болес- та, шарлах, што ги зафати луѓето, ја толкуваше на религиозна основа: ширеше вести дека господ ја пратил болеста за да им ги затне грлата на луѓето кои зборуваат лошо за него... Денеска на 8 септември 1959 година се запали црквата, изгоре еден дел; причината не се знае; луѓето велат: ова е лош знак... Во џебот Трпе чува два календари: црковен и државен: Кога ќе дојде црковен празник, оди во црквата и ја удира камба- ната: одекнува таа наоколу и го исполнува просторот со својот ѕвекот. Удира на ѕвонарот и рони солзи. Кога ќе дојде државниот празник, оди во месната канцеларија, го зема знамето, го протина низ прозорецот да се вее: гледа во него и пак плаче. Манастирот обграден со столетни дабја тоне во тишината, чмае. Секој празник Трпе оди кај него, влегува во црквичето и пали свеќа, а гробниот мир внатре му навира морници; додека ја пали свеќата, светците од иконостасот го гледаат чудно, зами- слено, таговно; кај да се сврти Трпе - тие со очите се во него; свеќите од шанданите стојат од некогаш така негибнати, догорени, како шумичка опожарена; од прозорецот паѓа коса свет- лина: личи на блескава патека по која ангели слегуваат од небото. Стои Трпе крај запалената свеќа, гледа во нејзиното пла- менче што внесува живот во црквата и се присетува на послед- ната молитва што ја направи попот Тимон во црквата кога му отиде и животот; му отиде од Тина Шеќерка, од она ѓаволица што со својата убавина го збудалуваше селото. Ја викаше почесто отец Тимон во црквата да и отчита очистителна молитва и ѝ велеше: „Покај се душичке грешна, остави се од блудничења; по- моли му се на бога и речи му дека нема повеќе да грешиш, да ја скрвничиш душата, дека сè што си правела досега си правела несвесно“. Клекнуваше Тина Шеќерка пред иконата на св. Богороди- ца, и прилепените колена ѝ се белеа на подот како бел цвет; ка- ко што се поклонуваше пред иконата, така работ од фустанот ѝ се поткреваше и го дооткриваше тој цвет. Отец Тимон стоеше крај неа, бегаше со очите да не гледа во нејзините колена, и кога таа ќе ја завршеше молитвата, ја фаќаше за мишката и ѝ помогнуваше да стане, и ѝ велеше: „Ајде, баци ја сега иконата и речи: Се кајам господе...“ „Се кајам господе...“ ќе речеше Тина и ќе ја бацеше иконата. Додека таа ја бацуваше иконата, отец Тимон си ја погледнуваше дланката со која ја креваше Тина: му се чинеше дека топлината нејзина уште му стои во неа. Заминуваше Тина и пак продолжуваше да си го тера свое- то; и пак отец Тимон ја викаше на покајание; и пак Тина клек- нуваше пред иконата оставајќи влажни трагови од нејзините собрани колена на камениот под, и пак отец Тимон ја Фаќаше за мишката да ја крене и ѝ велеше: „Господ сè гледа и секого го казнува. Но господ има и добра душа и простува. Покај му се. Баци ја иконата и вети дека нема повеќе да грешиш...“ „Нема повеќе да грешам Богородице...“ Заминуваше Тина Шекерка, а отец Тимон долго време не фаќаше ништо со раката за да не му се изгуби топлината од нејзината мишка. Офнуваше отец Тимон кога пак ќе чуеше дека на Тина не ѝ иде умот, и пак ја викаше на покајание; и пак ѝ велеше: „Никогаш не е доцна да се покаеш и да тргнеш по правиот пат. И светицата Марија Египјанка грешела како тебе. Но мо- нахот Зосим ја зел во манастирот и ја натерал да побара по- кајание од бога, како што тоа јас го чинам со тебе. Побарала таа покајание и бог £ ги простил тревовите“. Тина Шеќерка не клекна пред иконата на Богородица како другпат, туку го тргна фустанот и се слече гола; му рече на отец Тимон: „Не мачи ме повеќе, оче, знам зошто ме викаш...“ Кога ја виде отец Тимон, го удри дамла, направи само; Оф! се фати за срцето и се ничкоса на земја. Испушти душа. Се закопа отец Тимон, а Тина Шеќерка ја протераа луѓето од селото како што се тера сатаната. Долго време вртеше Тина околу селото како пеперутка околу светло, што ѝ се губи. Вртеше и исчезна без трага. Се направи попис на сè што имаше во црквата: свеќи, масло, темјан, смирно, покров, фурда за свеќи, ризи, кошули, чораби, салтир, потир, но друг поп не дојде за да му се предадат. По протерувањето на Тина Шекерка, селото здишна олес-нето; жените немаа веќе по кого да викаат, да колнат и да им се закануваат на мажите дека ќе ги скопат, а нејзе дека ќе ѝ пикнат свитена маша под фустанот. По нејзиното заминување во селото почна да доаѓа ѓупката Мануша, јадра, лична, кршна, сербезлива, со разголени раце до рамената чијашто мека кожа поигруваше од возбуда. Доаѓаше во селото одненадеж, како то- пол ветер, како јужно време, како добротвор. Во торбата носеше илач за секоја болест и за секој црв што го јадеше човекот: за лошина, за урок, за нагаза, за покус, за лоши очи, за хунапи и за разни други марази. На жените што немаа пород, им велеше: Ставите јајце од гулаб под цицките и држете го три недели: ако се испили од јај- цето гулапче - ќе родите. Кога ќе врвеше Мануша, јадрите боски £ скокаа од елече- то, небаре ќе излетаат. Кога на некоја доилка детето не ќе и ци- цаше, ја викаа Мануша да го надои - и детето започнуваше да цица; кога луѓето ќе ги заболеа очи или уши, ја викаа Ману- ша да им стркне од боската млечка - и болеста им врвеше. Гос- под да ја поживи, велеа луѓето, ова не е жена - туку ангел, дух небесен. Татко му на Прокопие валавничарот со години умираше но никако да испушти душа; сè му чинеа на кутриот што ќе посакаше: го симнуваа од креветот на душемето за полесно да му излезе душата, го враќаа пак на креветот, му ја отвораа вратата да ја види смртта, го изнесуваа на чардакот да гледа во далечи- на, да ги види смртните патишта, го враќаа пак внатре, му ја редеа иконата на свети Арангел Михајло на градите, го качуваа на сливата во дворот, му редеа перница под грбот да лежи како во седело на птица, го шетаа секаде каде што ќе побараше - но душата пак не му излегуваше. Ја викнаа Мануша да го види: таа го погледа и рече: Лесна работа. Го отпетла елечето, ги извади дојките и му ја прилепи главата на нив. Мирисот ли го опои, што ли, заспа стариот како дете - и повеќе не се разбуди. Кога зафатија луѓето да се селат, Мануша започна со коњ да доаѓа во селото и да шета од куќа во куќа - да ја купува по- куќнината; а ја купуваше за ништо: ги пофаќаше предметите, ги загледуваше и ги оттурнуваше велејќи: Зар не ви е срам вак- ви старудии да носите в град... • ги даваа луѓето за здравје, за среќа и напредија во новото место на живеење. Кога ќе ја видеа луѓето Мануша во нечии двор со коњот - знаеја: таа куќа се се- ли. Предметите што ги земаше ги препродаваше по околните места или по музеите. Секое летенце Мануша носеше по едно детенце: едно од друго за глава повисоко. Плодна беше - преплодна: палто да ѝ фрлиш на неа - ќе роди, велеа луѓето. Кога ќе ја видеа со набрекнат мев - ја викаа таа прва да им ја засее нивата - за да биде плодна како неа: да го скине првиот плод од овошките - за да бидат плодни како неа; да ја замолзи кравата - за да биде плодна како неа. Дечињата ѝ опкршуваа по бавчите, по вртовите, по дворовите и листеа сè што ќе најдеа - како скакулци, како глодари; но никој не им викаше и не им бранеше, зашто никој веќе и не мислеше на имотот. Овдека бил рајот, си велеа дечињата и опкршуваа каде што ќе им беше ќејф. Ќе ги испомочаа и испо- какаа куќите и плевните каде што спиеја и се префрлуваа во други куќи. Никое од нив не си го знаеше таткото. Последното што се роди, внесе немир и возбуда во селото; одеа жените во задружниот дом каде што се породи Мануша и со страв го загледуваа детето за да не им заличи на нивниот маж. Одеа, ѝ носеа понада сè додека се велеше дека детето е задружно, колективно. Но кога почна да се нагаѓа и озборува, да се споменуваат имиња, жените се исплашија и повеќе не одеа кај Мануша. Сега нејзините деца како пилци растрчуваа низ селото и собираа сè што ќе најдеа за јадење за да ѝ однесат на мајка си. Кога се крена паника во селото, кога почнаа луѓе-то да се расправаат, да се караат, да се тепаат, власта се замеша и почна да ја испитува Мануша. Додека ја испитуваа Мануша, сите селани со нетрпение чекаа по скалите, по ходниците од задружниот дом, чекаа под прозорците, во дворот. Жените се делеа од мажите, гракчеа, фрлаа искри со очите на нив; помалите дечиња им се држеа за забуните, се припиваа кон нив, а поголемите деца одеа да наслушнуваат на вратата; мажите виткаа, палеа тутун и си подаваа еден на друг. Ја прашаа Мануша: „Чие е детето?“ Таа молчеше; молчеше, а потоа рече: „Од бога или од Плоде ковачот...“ Го доведоа Плоде ковачот. Тој ниту одбиваше, ниту потврдуваше. Само рече: „Извадете му ги пелените на детето...“ Му ги извадија. Му го загледа плодничето, му го потфати и рече: „Не е лага, мое е детето...“ Скокна Мануша, го прегрна и го баци. Скокнаа и другите деца од Мануша, му се нафрлија на Плоде околу вратот, го гушнаа и почнаа да викаат по него: Тате... Кога излезе Плоде надвор со Мануша и со децата по него, на сите им олесна; започна општа радост, општа веселба. Мажите зафатија да пијат во задружната продавница, жените продолжија да си ги довршуваат прекинатите работи дома или по нивјето, а децата растрчуваа низ селото и викаа пренесувајќи ја веста како гласници по завршена војна. Заминувањето на Мануша кај Плоде ковачот, го фрли во очајание Наумета, син му на Прокопие валавничарот, кој многу ја сакаше. Науме беше парализиран во нозете и постојано седеше во количка пред вратата од куќата чекајќи ја Мануша да помине по патот. Татко му Прокопие ја викаше Мануша и ѝ даваше пари да седи крај Наумета, да го жулка по рацете, да му влива надеж и волја за живот. Науме ја стискаше и забораваше на болеста, на сè. предлагаше да ја земе за жена, да се ожени за неа, а таа му велеше: Уште малку, уште малку... Но кога оти-де кај ковачот Плоде и кога повеќе не доаѓаше, му се сви срцето во тага, изгуби волја за сè и си го одзеде животот. Си го одзеде на самиот ден кога брат му се женеше. Додека се пееше и игра- ше во дворот, додека се фучеше орото, Науме гледаше низ про- зорецот од одајата и плачеше. Татко му Прокопие го жулкаше по главата и му велеше: „Не плачи, Науме, не плачи синко, и тебе ќе те ожениме и тебе ќе ти донесеме невеста“. Но Науме го стискаше челото на прозорецот и издивнуваше. Кога татко му излезе од одајата, кога се најде сам, се довлечка до чардакот, се провисна преку оградата и се струполи на калдрмата во дворот. Веселбата премина во писок. Тоа беше последната свадба во селото. Денот е топол, запурничав. Тешко се дише. Се крева од земјата влага и како во затворена бања, нема каде да оди. Трпе седи на чардакот потпрен со грбот на ѕидот каде што е сенката. Еден пајак на гредата над неговата глава се токми да почне да плете мрежа; Трпе мрднува со столчето и тој почнува да бега, се крие и чека да се смири или да задреме Трпе, та повторно да излезе и да продолжи да ја плете мрежата. Оздола по патот накачува младич со палто префрлено преку рамото, збивта, го брише челото и се развртува. Трпе го забележува и слегува по скалите долу да види кој е и да му ја отвори дворната врата. „Фала богу што најдов жив човек. Ги поминав сите куќи...“ вели младичот, виткајќи ја долната усна како тутурска и ду- вајќи нагоре по лицето и челото за да се олади. „Кој си ти?“ го загледува Трпе. „Палик, син му на Бомбе. Душата ми излезе додека се ис- качив по клисурата“. „Влези...“ Влезе во дворот и веднаш побара место каде да седне, да отпочне; седна на столчето под јаболкницата, го потпре грбот на стеблакот и ги испружи нозете. „На прошетка си?“ го загледа Трпе. „Каква прошетка! Ја барам Тина Шеќерка. Да не дошла ваму?“ „Каква Тина Шеќерка! Таа одовде одамна е замината...“ „Значи не си ја видел...“ „Не. А што ти треба?“ „Ех, што...“ помина Палик со шамичето по вратот. „Имаш ли ракија: да го згаснам пламенот во мене. Пиев вода, но не помага. Трпе му донесе пагур со ракија. Палик тргна еднаш и уште еднаш и рече: „Тина ја сретнав пред неколку недели; возев со камионот по џадето во еден жежок ден, сонцето удираше на стаклото, ми искреше в очи; ме фаќаше умора и дремка, рацете не го држеа воланот и гледав само кај да запрам, да се одморам; дур одбирав паркинг, една жена крај патот почна да мавта со раката да запрам; запрев; дојде жената до вратата и ме праша: „Може ли, мајсторе, да се качам?“ Ми избега дремката и умората: гледам пред мене красна жена: „Може, ѝ реков, ајде“. Ја отворив вратата и ѝ го позедов куферчето и блузичката што ја имаше сле- чено; седна крај мене и почна со блузичката да се пафта по ли- цето, да го лади; ја загедав одново и ми се виде ангел, божица слезена од на небо. „Жештина тие?“ ја прашав. „Ужасно“, рече. „Отвори си го прозорецот“, ѝ реков. Напна на рачката но не можеше. Го искосив јас телото, и држејќи го со едната рака воланот, се обидов да ѝ го отворам прозорецот. Раката ми падна на нејзините разголени колена: по снагата ми помина врелина и крвта ми зовре; почнав да алкам по рачката од прозорецот ка- ко слепец. „Не можеш да достасаш, мајсторе“, рече „ќе пробам пак“. Ја тргнав раката, таа се сврте кон прозорецот и при тоа ме допре со колкот; крвта повторно ми зовре; го отвори про- зорецот и го подотпушти затегнатото елече да ѝ влезе свежина во градите. „Каде одиш?“ ја прашав. „Бестрага!“ рече. „А ти?“ „И јас бестрага“ ѝ реков и се насмевнав. Ја загледав пак и ми се виде позната. „Како се викаш?“ „Тина Шеќерка“, рече. „Тина Шеќерка? Од Вис, од моето село? Бре, кој би рекол...“ Таа ме за- гледа штрекнато: „И ти си од Вис? Не те позна вам...“ „Но јас те познавам...“ „Од кого си?“ „Од Бомбе“, ѝ реков. „Од Бомбе?“ ме загледа повторно. „Ист си како него...“ „Круша под круша...“ ѝ реков. „Каде живееш сега?“ ја прашав. „Никаде, рече, еве досега работев келнерка во кафеаната каде што запре со камионот, но напуштив“. „Зошто?“ „Ми го фрли окото газдата на кафеаната - ќе поулавеше по мене. Го забележа тоа жена му и ми рече: Девојко, чисти се што побргу, инаку ножов ќе ти го заринам во папокот! Си го зедов куферчето и еве...“ „И сега кај одиш?“ „Не знам, ќе барам друга кафеана“. „Каде?“ „Каде било...“ „Има по селата доста...“ „А не, не одам повеќе по села; еднаш одвај се спасив - ќе ме пикнеа жените во буре со катран: сум им ги збудалувала мажите...“ „Што си ти виновна што си убава...“ ѝ реков и ја спуштив раката на нејзините колена. Се поттргна. „Зошто се поттргнуваш“ £ реков. „Жештина ми е, не можам ни сукњава да си ја трпам на мене, а камоли уште рака“. „Собле- чи ја“, £ реков. „Не шегувај се, мајсторе“, рече и се сврте кон прозорецот. „Палик ми е името“ £ реков и пак ја пуштив рака- та. „Биди мирен, мајсторе, ќе летнеме во некој ендек...“ „Зошто пак ме викаш: мајсторе? Ти реков: Палик се викам“. „Навика...“ рече. Го запрев камионот на првиот паркинг и ја зграпчив со сета сила; таа се бранеше: „Што правиш мајсторе, што правиш, мајсторе...“ А кога и нејзе ѝ удри крвта в глава, ме зграпчи и таа со сета сила - и се изгубивме од овој свет. Кога ни мина ог- нот, кога ни се стиша збивтањето, се одлепивме еден од друг, си ја обришавме потта од лицето и снагата, запаливме цигара и го продолживме патот. „Ѓаволе, од умот ме извади, никогаш така не сум се возбу дила“, рече. До рудникот каде што требаше да стасам за четири часа, стасавме за два дена: не оставивме пар- кинг каде што не запревме. Првин јас ќе викнев: „Паркинг!“ а потоа таа ќе викнеше: „Паркирај, мајсторе...“ Во рудникот, додека го товарев камионот со јаглен, таа го отвори куферчето, зеде сапун и риза и рече: „Одам да се истуширам: видов во бањата има тушеви“. „Од работниците се тие тушеви“, ѝ реков. „Не пречи ништо“, рече и отиде. Ах, тоа не-што тешко може да се опише: сите рудари се собраа на прозор- чето од купатилото да ја гледаат; додека таа се капеше, тие се туркаа меѓу себе, се стискаа и ги прилепуваа главите на прозорчето да ја видат што подобро. Мене ми пламна лутина, не можев да се воздржам, стрчав и ги растерав. „Зошто нè тераш?“ викаа по мене. Додека јас ги терав и се расправав со нив, таа излезе од купатилото, и така гола, помина низ дворот и влезе во кабината од камионот да се облече. Рударите кога повтор- но ја видоа, ќе излетаа од возбуда. Ах, ах, чинеа. Стрчав по неа во кабината и ја прашав: „Што правиш ова? Зошто одиш гола?“ Таа се насмевна и рече: „Заради нив, кутрите... Ми падна жал кога ги видов како се тискаа на прозорчето да ме видат...“ Додека таа се облекуваше, рударите како зашеметени, како збрлавени, ги земаа дупчалките обесени на бараките и со нив дупеа по земјата низ дворот: тежеа на нив да им олесни нешто во душата. „Ах, мајко божја, ах, мајко божја!“ - чинеа. Палик се одлепи од стеблакот на јаболкницата, го доцица пагурот со ракијата, го стисна со двете раце како да сака да го сплеска и замолча. „Што стана понатаму?“ го праша Трпе. Палик пак се исправи, го потпре грбот на стеблакот и продолжи: „Нека оди сè поврага! Што ќе расправам... Одвај се пробив со камионот низ рударите: трчаа и ѕиркаа во кабината да ја ви- дат уште еднаш. Излеговме од рудникот и го фативме џадето. Миризбата на нејзиното капено тело ме удри в глава и запрев на првиот паркинг. Но таа сега почна да се брани. Рече: „Не сакам повеќе како кучка да лежам по паркинзиве и во оваа кабина; сакам да легнам како човек, во кревет, во соба“. Запрев кај првиот мотел. Вечеравме и бргу отидовме да легнеме, зашто во ресторанот сите гледаа во неа и ја смукаа со очите. Постојано ѝ подавав цигари за да ѝ го одвратам вниманието. Цела ноќ не заспавме. Час лежевме на мојот кревет, час на нејзиниот. • предложив да се мажи за мене. Таа се насмевна и рече: „Какво мажење, будалче; што ќе ти е тоа...“ „Те засакав и не можам без тебе“, ѝ реков и ја припив во мене. Таа се оттргна и рече: „Не брзај со такво нешто... Има време...“ „Нема време, ѝ реков, сакам уште сега да ми дадеш согласност...“ Таа ме бакна и рече: „Да отспиеме, ноќе не се донесуваат одлуки...“ Поспавме малку, но кога се разбудив - неа ја немаше крај мене. Скокнав од креветот и растрчав на сите страни да ја ба- рам; и во клозетот, и во ходникот и во ресторанот, и во дворот, и на паркингот - но неа никаде ја немаше. Возев со камионот, јурев на сите страни, но неа никаде ја немаше. Се распрашував по луѓето што врвеа по патот, запирав коли, но никој ништо не знаеше да ми каже. Со денови, со недели вртев по селските и градските кафеани, но никаде не ја најдов. Ми падна наум да не избегала ваму...“ „Што толку си се загрижил за неа! Што толку си се заблу- дил по една ороспија...“ му рече Трпе. Палик го фрли пагурот, скокна, го грабна Трпета за гушата и му свика: „Голтни си го зборот назад - оти ќе те задавам!“ Трпе, изненаден се штрекна, и не знаеше што да направи. Палик го стегаше силно за гушата и чкрипеше со забите како да сакаше да му го прегризе грлото. По некое време се созеде, го пушти Трпета и му рече: „Си имал среќа... Те чувал ангелот... Ќе ти го свиткав гчмалникот!“ Го грабна палтото и излезе надвор. Фати надолу по патот лут и бесен како ѕверка. Трпе долго го жулеше вратот со рацете и не можеше да се соземе. Небото е огромно, недогледно, полно со светлина што се истура на земјата и ја заслепува; секоја билка, секоја тревка, ја отвора својата душа и испушта благи, лепливи мириси што се мешаат. Боже, каков ден, слегува Трпе по сокакот низ селото со стомната вода и оди на гробиштата за да го залее дафиновото дрво на гробот од жена му и син му. Слегува на чешмата и пол- ни вода. Одоздола, во пресрет му иде Бомбе. Боже, тој ли е или не е тој? ја крева раката Трпе над челото да ги засолни очите од блесокот на сонцето, Бомбе се слекол по кошула, во едната ра- ка носи куферче, во другата бинлак. „О-хо-хо, кого гледам...“ вели Бомбе, „Жив ли си орле?“ „Жив“, му вели Трпе. „Еве ме и мене...“ Седнува на тревата Бомбе, го отчепува бинлакоти му го подава на Трпета: „Напи се од ,илачов’...“ „Ти и натаму си го тераш твоето...“ „До смрт, Трпе...“ Го крена бинлакот, и отпивна долга голт- ка: „Пиел - не пиел, исто ти се фаќа...“ Што душа го крепи, боже? си рече Трпе. На Бомбе во пиење му немаше рамен. Кога ќе исповрзеше неколку дена во пиење, кога ќе му набрекнеше жилата на сле- поочницата како ребро од самар, легнуваше да спие и спиеше два дена и две ноќи, како умрен. Го будеше жена му, го будеа децата, да стане, да јаде, но тој, отвори го очите, чинеше, и пак продолжи да спие. Кога ќе се загрижеа, кога ќе помислеа дека може нешто да му се случи, татко му ќе речеше: „Ништо не го фрка“, и ќе ја земеше авланката со вино, ќе му ја однесеше кај постелата, ќе му ја дадеше да помириса, и кога Бомбе ќе го сетеше мирисот на виното, скокаше од постелата, ја накреваше авланката со вино и локаше како да талкал во пустина. Се опоравуваше и започнуваше одново да пие. Зимно време, додека не ја испиеше бочвата со вино, не из- легуваше од дома. Кога ќе ја растркалаше празната бочва низ селото да ја мие во реката, сите знаеја: Бомбе излегува од до- ма и ќе пие по куќите. Земаше свирачи со себе и ги носеше од куќа во куќа. Им велеше: „Во оваа куќа ќе свирите за дедо им од дечињата - беше голем пијаница; падна од коњ - бог да го прости!“ Во друга куќа ќе речеше: „Овде ќе свирите за мојот покоен побратим. Го отруја сватовите на свадбата со лоша ра- кија. Катили! Бог да го прости“. Во трета куќа ќе речеше: „Овде ќе свирите за мојот покоен вујко. Беше делија! Започнуваше да пие кога месечината ќе почнеше да се полни и пиеше сè додека месечината не се наполнеше; потоа - кога месечината ќе поч- неше да се празни - пиеше сè додека месечината не се испразнеше. Бог да го прости!“ И така редум. Кога ќе поминеше по куќите, свирачите ги носеше во црквата; одеше кај иконата на св. Трифун и ги тераше да му свират. „И тој беше наш другар“, им велеше. „Слава му!“. Отец Тимон паника го фаќаше: се отка- жуваше и од црква и од вера. Кога одеше Бомбе на свадба, со себе носеше и оглав. Им го редеше на оние што не пијат. Велеше: „Оној што не пие, е ајван“. Ја отвори Бомбе напуштената куќа, седна скрснозе во празната одаја, го стави бинлакот со пијалак крај себе и рече: „Ете, Трпе, пилето си дојде пак во своето седело... Ми здо- деа веќе и кафеани, свирки и пеачки... Сега мир ми треба. Же- ната и децата кренаа рака од мене. Но ако, не им се лутам. Нив- на работа. Само би сакал кога ќе умрам - на гробот да ми пот- стркнат некоја капка ракија - да ми се најде на тој свет. И нека речат: Бог да го прости, си го помина векот онака како што му сакаше душичката...“ „Пред извесно време беше син ти Палик овде. Ќе ме задавеше... Ја бараше Тина Шеќерка: се збрлавил по неа...“ „Тоа ќе му остане Трпе, и јас така правев...“ По неколку дена Бомбе се опсити од мирот, од тишината, од самотијата, го извади од куферчето транзисторот и го пушти да свири: со него стануваше, со него легнуваше. Минуваше кај куќата на Трпета и го пушташе што е можно посилно да свири и му викаше на Трпета: „ Слушај, Трпе, емисија за село, за земјоделци...“ Застануваше на лединката на ридот, го бесеше транзиторот на дрво, и додека тој свиреше, Бомбе бос играше, скокаше по тревата; стопалата му крвавеа од боцките што ги газеше, но занесен во играта, ништо не чувствуваше. Одеше често и на гробиштата и го ставаше транзисторот на гробот од татко му да му свири. „Заслужува татко ми“, велеше, „Зашто умре гордо, машки...“ Татко му умре на празникот Први мај; заврши кросот на младинците и се предложи да тр- чаат најстарите луѓе во селото. Се собраа сите старци, меѓу нив и татко му на Бомбе. Им одредија место од каде треба да поч- нат и каде треба да стигнат. Трчаа старците, плускаше народот, викаше, ги бодреше. На целта прв стаса татко му на Бомбе. Зафатија луѓето да го креваат, да му честитаат, да му ракоплеска- ат, но тој изгуби здив, му се пресече нешто во него, се свитка, падна и испушти душа. Го закопаа со сите почести. По ѕидовите на одајата Бомбе изналепи слики од разни пе- ачки што ги среќавал и запознал по кафеаните. Го викаше Трпета и му ги покажуваше; одеше со прстот по нив и велеше: „Ова ме чактиса - немаше ноќ да не бидеме заедно; по завршу- вањето на пеењето, по затворањето на нафеаната, одевме во нејзината одаја во која имаше дрвено коњче; се качувавме на коњчето голи и се нишавме на него отиснувајќи се во волшебни предели; а ова пак, ништо не јадеше - од мене, чинам, се хранеше: како пијавица ме пиеше: имам лузни по целото тело од неа. А погледни ја ова - вистинска тигрица; си го остави мажот, си ги зеде децата и бараше да ги хранам јас. Јас ѝ реков: Јас моите деца ги напуштив, а не да ги хранам твоите... Ја напуштив. А види го овој ангел небесен - ме примаше кај неа дома само во понеделник - кога беше слободна, кога не пееше. Многу сака- ше мачки: секој понеделник ѝ носев по една: ги купував или ги крадев. Но кога видов дека и други како мене ѝ носат мачки - ја напуштив. Од сите нив најдобар спомен, најдобро сеќавање ми остави оваа - русокосава: само напладне ме примаше дома, от- како ќе се наспиеше убаво. Додека ѝ лежев на мевот, таа пееше на сиот глас - ги вежбаше новите песни што ѝ требаа за кафеаната... Ете, Трпе, така си го терав животот, си го пуштав да си тече како што му е драго. Грабни му што можеш на животот, си реков, зашто тој е - трага по вода: бргу се зарамнува... Есента дојде со сите благодети; изнародија сливите, се кршеа гранките од плод; Трпе и Бомбе не можеа да ги дособе- рат; изнаполнија каци, крбли и секакви садови што имаа; дено- ноќно печеа ракија, деноноќно пиеја; пробаа од секој казан, од секоја протока и дотуруваа во себе како што се дотурува газија во ламба да свети... Никако да се отрезнат. Да е благословен бо- гот на сливите, велеше Бомбе, што толку штедро ги изнаплоди дрвјата... Пиеше Бомбе и велеше: На мене здравје - на ѓаволот треска... Го тераше и Трпета да го вели истото. По миризбата на комината, доаѓаа птиците однекаде, клувкаа на неа, и кога ќе се испијанеа, пееја без прекин - грлото ќе го раскинеа. Ги слушаа Трпе и Бомбе и се надвикуваа со нив во пеење. Птиците пеј, тие пеј... Птиците посилно - тие посилно... По неколку непроспиени ноќи и денови, ја испекоа ракијата. Трпе, како од фронт, како од тешки борби да се вратил - легна болен. Неколку дена не стана. Ракијата ни со очи не сакаше да ја види, ни да ја помириса. Бомбе му го подаваше стомнето со вода да го гасне огнот во себе и му велеше: Имаш згрешено, Трпе, во здравицата: имаш речено: На мене треска - на ѓаволот здравје... Цврцкаше Бомбе на ракијата, пласкаше со јазикот и непцата и му велеше на Трпета: Штета, Трпе... Посиромашен ќе бидеш за еден живот... Зашто, кога пиеш - живееш два живота: еден живот кога си трезен, друг кога си пијан. Оздраве Трпе, стана, почна да работи, но Бомбета го немаше веќе два дена да дојде кај него, да му стропа на вратата, ка- ко што тоа обично го правеше, и да му свика: Стани, орле, не троши го животот во спиење... Отиде Трпе кај него да го види; му тропна на вратата, му викна, но Бомбе не се одѕва. Влезе во одајата и го виде Бомбета легнат на креветот. Крај креветот ис- пиено шише од ракија и транзисторот догорен. Уште ли спиеш, му свика и го сниша, но Бомбе не даде никаков знак. Го загледа убаво и се штрекна: Аух, господе, мртов е! Зина Трпе. Го пофати за челото, за рацете - мраз. Ја симна капата, му растрепери сна- гата: Ах, бре Бомбе, биваше ли да умреш..., му рече. Постоја крај него не знаејќи што да заправи: како да го крене, како да го за- копа. Го истрга ќебето од постелата, го завитка во него; се обиде да го крене, но не можеше: тежок беше Бомбе, претежок. Зеде јаже Трпе и го извитка. Прости ми господе, рече, и почна да го тегли низ одајата, по чардакот, по скалите; се удираше врзакот од секое скалило, крцкаа коските од Бомбе. Го слезе во дворот и почна да го влече низ него; излезе на патот, почна да го тегли по него, но од жулење по камењата, ќебето се испокина. Го влечеше Трпе, му бревташе душата од напор, од умора: пооди малку, чи- неше, и седни; јажето го жулеше во рамото и го преместуваше дè на едната, дè на другата страна. Ах, бре Бомбе, зар мене вака на стари години да ме мачиш, повторуваше Трпе. По удолницата го влечеше полесно, но кога се закрева па- тот кон гробиштата, иагуби здив, душа: седна и не можеше веќе да го тегли. Му ги покри нозете што му жолтееја како восок со засушени струпци крв. Ах, Бомбе, Бомбе, овие нозе по овој пат оро играа, а сега... шепотеше Трпе над него. На западната страна се покажа еден црвен отплисок и бргу се разли по целото небо; јато птици се спушти ниско шумејќи со крилјата како да бегаат од оган; во блиската шумичка закука кукавица и продолжи едноподруго да кука не можејќи да запре, да си го совлада немирот во душата; менуваше места но сè така - едноподруго кукаше. На Трпета му се намовна кожата. Дур седеше крај Бомбета, руменилото на небото започна да потемува. Стана Трпе, се обиде повторно да го влече, но не можеше. Го зеде копачот и тука, на лединката, крај патот, поч- на да му копа гроб. Прости ми, Бомбе, што не можам да те од- несам на гробиштата, земјата е секаде иста, му шепотеше Трпе и брзаше со копањето. Од далечината започна да се одгласува дивината, маваше сè посилно со копачот Трпе за да не ја слуша. Го зеде Бомбета и го спушти во дупката. Нека ти е лесна земја- та, Бомбе, му го покри лицето со ќебето и започнува да фрла земја. Од џебот го извади транзисторот и му го стави на Бом- бета во гробот: Нека ти се најде на тој свет... Од земјата што ја фрлаше, транзисторот се сниша и почна да свири; Трпе фрлаше земја - тој свиреше. Свиреше некоја тажна музика. Дождот почна уште рано изутрина да паѓа; паѓаше најпрвин тихо и со прекиди, како да се двоуми, а потоа сè по- силно и посилно како да му се ослободиле сите препреки на па- тот. Тоа го натера Трпета да избега од градината и да ја остави недосечена јасиката што од изутрина почна да ја сече. • оста- на на јасиката надеж дека уште малку ќе поживее. Претрча низ дворот и се пикна под чардакот. Јадрите капки дожд удираа по лисјата од јаболкницата во дворот и ги ронеше; во вирчињата се креваа склобурци; полињата се припиваа едно во друго под скалата, ги пикаа клунчињата под крилцата и тоа беше знак дека дождот нема скоро да запре. Оддалеку пристигнаа грме- жи. Ја обеси Трпе секирата под чардакот и се качи во одајата да подлегне. Дождот тропаше на ламарината од чардакот и му навеваше дремка. Заспа веднаш. Дождот одамна беше запрен кога Трпе го рзбуди силно тропање. Скокна. Излезе на чардакот и свика: Кој е? Ние сме, чу женски глас. Слезе во дворот и ја отвори вратата. Пред него стоеја жена му на Бомбе, син му Палик и другиот помал син. Трпе се штрекна, направи чекор назад како да сакаше да ја за- твори вратата. Но Палик ја пушти раката на вратата и му рече: „Не плаши се, старче... Не ти правам ништо: Ни кажа поштарот Јовко дека умрел татко ни... Дојдовме да ни го кажеш гробот...“ „Вистина ли умре или само сака да види дали ќе дојдеме...“ рече жена му од Бомбе. Трпе постоја така молчејќи, а потоа рече: „Влезете...“ Влегоа во дворот, но не се качија во одајата. „Треба да се вратиме назад, додека не се стемнило“, рекоа. „Кажи ни побргу каде лежи...“ Ги поведе Трпе надолу по патот. „Како умре тате?“ Праша помалиот син. „Лесно или тешко?“ „Ах, каква смрт...“ почна да им расправа Трпе, „Ах, со как- ви маки го влечкав...“ „Не преди многу...“ му свика Палик. Трпе замолча. Отидоа кај местото каде што го закопа Трпе; но што ќе видат: гробот беше откопан, а Бомбета го немаше внатре. Ај, добога, ај добога, викаше Трпе изненаден, гледајќи во празна- та дупка. Се вртеше крај неа и им се колнеше дека тука го закопал. Жена му од Бомбе рече: „Ви реков јас: тој се преправал дека умрел...“ „Можеби има воскреснато тате...“ рече пома лиот син, но Палик му ја затна устата со рака и му свика: „Не дрдори глупости...“ Вртеа околу гробот, околу грмушките и наоѓаа парчиња од ќебето и од алиштата од Бомбе. Во калливата земја видоа траги од дивина и трпе се штрекна: „Ах, дивината го изела...“ „Нека им е на здравје!“ рече жена му на Бомбе. „Замолкни!? свика Палик. „Откако ќе умре човек, сè е едно: дали земјата ќе го изеде или дивината...“ „А затоа тате дојде ваму...“ рече помалиот син, „сакал насамо да умре како што тоа дивината го прави...“ Во дупката Палик го забележа транзисторот, го зеде, го очисти од земјата, му ги намести батериите и - транзисторот почна да свири. Го обеси на дрвото крај гробот, го извади ши- шето со ракија од џебот, тргна неколкупати, ги собу чевлите и почна да игра бос. Транзисторот свиреше, а Палик играше, ско- каше по земјата. Мајка му го гледаше, се крстеше и велеше: „Проклетство. Круша под круша...“ Кога заминаа долу во клисурата, како да ѝ падна жал на жена му од Бомбе: зафати да плаче тешко, горчливо. Често кога на Трпета ќе му легне некоја мачнина на душа- та, излегува на чардакот, седнува и гледа во сонцето; некогаш тоа врви бргу, бргу ја преминува планината, а некогаш седи како да е заковано за небото - не помрднува; некогаш е свет- ло, топло, весело; некогаш е смуртено, таговно, скожаено како излошен плод: го брецаат облаците фрлајќи го наваму-натаму; понекогаш го нема со денови, како да пропаднало некаде. Седи така Трпе потпрен на ѕидот, ги чули ушите, наштуту- ва и му се чини како некој да врви по патот, како некој да доаѓа во селото; ја крева главата и гледа дека така му се присторило, дека го лажат шумовите што ги носи ветерот. Тишината го изострува слухот, го прави пречуствителен и уште фаќаат сè: пркнување на птица, паѓање на лист од гран- ка, брмчење на инсект, шум на тивка вода. Соживеан со тиши- ната, на Трпета почнува да му пречи тропањето на лајцата во чинијата кога јаде, гргорењето на водата во стомната кога пие, чукањето на саатот обесен на ѕидот над неговиот кревет, чу- кањето на срцето што му се чини дека го издава. Некогаш, пак, сосем обратно: пресит од тишината, му иде да тропа, да вика, да гази по чардакот колку што може посилно, да тропнува со вратата кога ја затвора, да чкрта со рачката од кофата кога оди на изворот да наполни вода за кравата и коњот, да тркала ка- мења по брегот кои паѓаат во реката и ја распрснуваат водата на сите страни, да ги свиткува дланките како тутурка на устата и да вика на сиот глас: Жив сум! Жив сум! Жештината трае веќе долго време: земјата е свитена - леб да ставиш на неа ќе се испече. Одникаде ветерче, одникаде све- жина. Лисјата на дрвјата се скаменети: ни да помрднат, ни да шумнат. Блесокот ти ги затвора очите, не ти дава да гледаш. Тр- пе лежи под сенката, не му се станува да продолжи да го врши житото на гумното. Коњот стои врзан за стожерот, како уко- пан, ниту помрднува, ноту му се живее. Станува Трпе, го од- врзува и го води по сенката. Коњот оди по него како со сопна- ти нозе, секој миг, чиниш, ќе се струполи. Водата во стомната е вжештена, не се става в уста. Ја зема Трпе, ја турива на земјата која ја смука како вар, како печена тула, и оди на изворот. Ја соблекува кошулата, заграбува со прстите од студената вода, става на градите и рамената да се олади. Водата ја чувствува ка- ко мелем на рана, облога на изгорена кожа. Кожата му се ежави од нејзиниот допир. Крај изворот доаѓаат бубачки, вртат околу да лизнат од водата, да ја згаснат жедта. Полакомите паѓаат во неа и згинуваат надолу во брзаците. Ја крева главата Трпе и гледа: оздола доаѓа Гидија, некогашниот командир на партизанксиот одред, кој по ослободу- вањето се демобилиса и работеше во Градскиот одбор. Доаѓаше почесто во селото и кога ќе го видеа луѓето ќе речеа: Избори ќе имаме! И вистина, ги собираше Гидија луѓето и им држеше предизборни говори. Им велеше: „На рекава, другари, ќе из- градиме хидроцентрала: селово ќе има струја, ќе има кино - ќе има култура...“ „Море, каква култура, му велеа луѓето, нам ни треба пат... Не можеме ни со ајван да слеземе долу на џадето“. А тој им велеше: „И пат ќе се направи, другари, и жичара ќе се направи за да се вади руда од овие планини“. Но подоцна кога ништо нестана од тоа, луѓето му рекоа: „Е, Гидија, камо се тие работи што ги ветуваше...?“ А Гидија сиот бесен велеше: „Нека одат по ѓаволите... Не ме разбираат тие што треба! Едни се да се развиваат селата, пасивните краишта. Други се против тоа... Велат: Какво село, перспе ктивата на животот е в град...“ На предизборните собири Гидија зборуваше и против ре- лигијата и суеверието. Ги критикуваше оние што одеа в црква, што се венчаваа или крстеа децата во неа. Кога дозна за брат му дека кришум го крстил детето, побара да се истера од пар- тијата. „Јас те влечкав со мене в партизани, му рече, за да пу- каш и во непријателот - и во бога!“ Кога се уриваше малото цр- квиче на средсело за да се отвори простор за задружниот дом што се градеше, Гидија ги собра сите луѓе од селото и ги натера секој да извади по една керамида или камен од црквичето за да со тоа ја истисне и религијата од себе. Нема бог, им велеше, и тие вадејќи ги керамидите, викаа: Нема бог! Но истите тие, по неколку години кога славеше манастирот, дрпаа на печени- те јагниња во манастир скиот двор, креваа на бинлаците вино, и викаа, ги повторуваа зборовите на попот Тимон: „Има бог!“ „Пци! Кучиња!“ викаше Гидија по нив и пукаше со пиштолот од јад. Од Градскиот одбор Гидија премина на работа во Безбед- носта: доби теренска служба - да чисти непријателски остато- ци. Шетааше Гидија по селата качен на бел коњ и кога ќе го ви- деа луѓето ќе речеа: Иде ангелот! Или: Иде еџелот! По неколку години, го повлекоа од теренот и го пензиони- раа. Тоа го разлути, го погоди тешко. „Гидија, брате, доста си се изнаработел, му рекоа, оди си во пензија, во мирен живот...“ „Одете вие во мајчина!“ им свика тој. „Уште терените не ни се доисчистени од разни гадови, а вие ме терате во пензија“. Од лутина го одби и одликувањето што требаше да му го дадат. Им рече: „Не гледам дека сум сторил нешто толку големо значајно за да добијам одликување. Не сакам одликување затоа што тре- ба да одам во пензија. Не признавам такво одликување. Јас го признавам само она одликување што го добив во војната и го носев сè до победата. Кога ќе ми беше тешко - ќе погледнев во него - и тоа ми даваше сила, ме охрабруваше и одев напред низ оган: јуришав на бункери. Тоа одликување, тој медал, не само што ме силеше и храбреше - туку и од зло ме чуваше: еднаш во една борба задржа на себе и парче од граната што требаше в срце да ме погоди: удри на него и се одби. Медалот се расцепи, но ме одбрани: не му даде да влезе во мене. По ослободувањето ми го побараа за во музеј. Го дадов. И сега стои во витрините. На него е испишано моето име и денот кога се расцепи и ми ги сочува градите. Одам почесто да си го видам“. Накачува Гидија по патот, се штити од врели ната држејќи голем лист од лопушка на главата, збивта и брза да стаса со из- ворот за да се разлади. Трпе станува и радосно се упатува кон него. Го пречекува. Се прегрнуваат. „Чув дека не си сакал да се отселиш...“ му вели Гидија. „Не“, му вели Трпе. „Браво“, му вели Гидија, го остава куферот и легнува крај изворот да се напие вода. Го измива лицето и вратот и се исправа. „На прошетка ли доаѓаш“ му вели Трпе. „Каква прошетка! Доаѓам за постојано...“ „Кај ти е фамилијата?“ „Жена ми не сака да чуе да се врати... Син ми Слободанчо сакаше, но таа го сепна: зар ќе одиш во дивина да живееш, му рече. Го гледав како со тешко срце ме испраќаше...“ „Си го влечи коренчето, родното место“, му вели Трпе. „Се сеќавам кога ти се роди: на самиот ден кога ја славевме слободата. Додека ти на бината го држеше говорот, жена ти се фати за мевот, почна да офка и да се превиткува. Стрчнаа жените, ја придржаа и ја тргнаа зад бината; ја легнаа на тревата, ја заградија со своите тела за да не гледа народот и £ помогнаа да се породи. Во тој момент народот завика: Да живее! Да живее! но не се знаеше: дали тебе ти викаа на говорот што го држеше, или на детето - на првото дете што се роди во сло бодата... Се сеќавам и на говорот што го одржа. Рече: Јас другари, не знам многу да зборувам... Нема потреба да ви зборувам и кој сме и што сме... Ќе ви го речам само ова: Кога во Третите крстонос- ни војни во нашата земја на пат за Ерусалим, се сретнале гер- манскиот цар Фридрих Барбароса и англискиот крал Ричард I - обајцата биле неписмени. А ние, другари, сме имале универзи- тет со три илјади и петстотини ученици во Охрид... И уште не- што ќе ви речам, другари: Сега сме слободни, имаме слобода... Но слабичите, кревките луѓе, и во слободата се сопињаат...“ „Времиња...“ рече Гидија, се напи повторно вода и тргна накај куќата негова. Кога ја отклучуваше куќата срцето му трепе реше од воз- буда, од радост: му идеше да ја прегрне, да ја гушне. Ги гледа- ше предметите оставени во дворот, прозорците исковани со штички, дрвјата во бавчата, и возбудата му растеше. Под стре- ата од куќата стоеше седелото на ластовичките што го напуш- тија кога се отселија луѓето и повеќе не се вратија. Во одајата сè уште стоеше лелајката од Слободанчо во која одрасна; дрве- ниот кревет на кој спиеја татко му и мајка му и сликата нивна обесена на ѕидот, која во селењето ја заборавиле или намерно ја оставиле; во едното ќоше ’рѓоснаната лимена печка, а во дру- гото закачалката на која татко му ги бесеше пушките сочувани од сите војни во кои војувал. Ја гледа Гидија и се присетува на денот кога татко му, пред да умре, му рече: „Пушкиве ми се се- то богатство, чедо. Сето време го поминав со нив низ војните. Кога ќе умрам, те молам, огласи ја со нив мојата смрт“. Така и направи Гидија: кога умре татко му, испука од секоја по еден куршум. Мајка му го гледаше, го милуваше со раката по гла- вата, ронеше солзи и му велеше: „И тебе синко, кога ќе умреш, твоите синови да ти направат таква чест...“ Во долапот со дрвени поли, ја виде Гидија иконата на св. Ѓорѓија - светецот на нивната слава што мајка му тука ја засолна кога тој сè палеше дома: и икони, и црковни книги и календари. Ја зграпчи и неа тогаш, но не ја изгори; ја остави затоа што на нејзината задна страна, беа врежани имињата на сите луѓе од фамилијата, поч- нувајќи од најстариот за кој се знаеше, па до Слободанчо. Ис- пишани беа и годините на раѓањето и умирањето. Крај многу имиња во тој родослов запишано беше: „Загинат од куршум...“ Ја прегледа Трпе куќата, ги поправи местата каде што про- биле капавици, ја очисти и започна да живее во неа. Но мал- ку време се вртеше во неа: по цел ден со пушката шеташе низ планините. Се прибираше доцна навечер за да преспие или да приготви нешто за јадење. Една вечер доведе врзан човек и му притропа на вратата од Трпе. „Кој ти е овој?“ се изненади Трпе. „Кој ќе е - шпион!“ рече Гидија. „Шпион?“ „Талкаше, шмугаше, низ планиниве... Отвори го кералот...“ Го отвори Трпе и го спикаа внатре. Цела ноќ го сослушу- ваа. Трпе водеше записник, Гидија го распрашуваше и му ве- леше на Трпета да запишува сè што ќе каже. Фатениот збунет, исплашен, уста не можеше да отвори, да прозбори. Ги гледаше со собрани веѓи, со наѕверени очи, готов секој момент да им скокне и да ги задави. Изутрината Гидија го одведе и го предаде заедно со запис- никот во милициската станица долу на џадето. Скиташе Гидија по околните места по жештина и невре- ме, крстосуваше на сите страни, кога гладен, кога најаден, и се враќаше навечер прекапан од умора. „Не мачи си ја душата, Гидија“, му велеше Трпе, „Седи си дома, живеј си спокојно...“ „Какво спокојство! Додека стаорци вртат и роварат на- околу - нема спокојство...“ му велеше Гидија, и одвреме навреме пак ќе му донесеше некој врзан. Врзаниот се бранеше дека е дрвар - а немаше: ни секира, ни јаже, ни ајван со себе. Друг се бранеше дека е овчар - а ни крлуќ, ни овци имаше. Трет веле- ше дека тргнал да бара залутано говетче, а немаше ни оглав, ни лична карта со себе за да докаже од каде е. Кералот на Трпета стана судница. Во еден крај седеа Гидија и Трпе, а во друг фатениот; светлината од кандилото поиг- руваше и ги осветлуваше нивните изморени и ненаспани лица; Гидија настојуваше да извлече што повеќе од фатениот, а фатениот гледаше што помалку да каже мислејќи дека се наоѓа во рацете на некои бандити, на луѓе што немаат ништо заедничко со власта, на луѓе што им текнало да си го врват времето ма- чејќи ги другите. Кога фатениот во знак на протест, ќе ги вклештеше забите и не сакаше да одговара - Гидија ќе го земеше оглавот од коњот и со него го маваше. Квичеше фатениот, офкаше: „Има ли закони во оваа земја?“ „Има!“ му велеше Гидија. „За вакви како тебе - јас сум...“ „Не мавај го“, му велеше Трпе на Гидија. „Мавање?! Ова ли го сметаш ти мавање?“ му велеше Гидија. „Да му паднеш ти нему в рака - би те видел како ќе поминеш...“ При секое сослушување, Гидија погледнуваше кон Трпета и му велеше: „Потцрта ли?“ „Потцртав...“ „Подебело потцртај...“ Од милициската станица им стигна на Трпе и на Гидија акт дека не смеат да приведуваат луѓе и да ги сослушуваат. Дека не се тие надлежни тоа да го прават. Се налути Гидија, запре да шета по планините и ја напушти куќата - фати некаде. Претскажувањето дека ќе фати голема зима почна уште порано; бубачињата удираа на стаклото од прозорецот и се за- моубиваа; сонцето црно се раѓаше, црно заоѓаше; долги мрав- кини колони крстареа на сите страни и сè што ќе најдеа собираа, влечкаа в дупки; кртици ја преораа земјата; се родија многу дренки, трнки, лешници, дуњи, костени; јаглењата во огни- штето фаќаа дебела пуза; страчки гракчеа по небото и водеа џенг; џенг водеа и пчелите меѓу себе за да останат што помалку на храната што ја чуваа за зимата; месечината од изгревање до зајдување имаше темен венец околу себе. И фатија фуртуни, кијамети, што глава не се подаваше надвор. Дрвјата претоварени од снегот пукаа како громови да удираа; бандерите долу на џадето ги изгризаа мечки мислејќи дека на нив зујат пчели. Го искова Трпе со кожинчиња секое дупче, секој цеп на вратите и прозорците за да не влегува студот внатре, но тој на- оѓаше место пробивајќи се низ ѕидовите. Надвор Трпе излегу- ваше само кога мораше, да земе дрва за огнот или да слезе во кералот и да ги нагледа ајваните. Претрчуваше низ дворот за- виен во кожувот, а ветерот му налетуваше, на очите, го драска- ше и му навираше солзи. Му влегуваше во носниците, во неп- цата и му оставаше трага на лут алкохол. Влегуваше Трпе во кералот и бргу ја затвораше вратата зад себе како да го брка ди- вина. Во кералот го пречекуваше топлата миризба на добито- кот и гнојот. Одеше крај кравата да £ фрли јадење, го допираше образот до нејзината глава да се стопли, а таа радосно мигаше со очите и го пушташе јазикот да го лизне. Одеше кај коњот да му го намести мутафот на грбот за да не му студи; и тој ја из- должуваше главата да го гушне Трпета. Одеше кај јаслите да ги види пилињата, да им фрли житце, да ги нахрани. Тие лежеа за- претани во сламата, стиснати едно во друго и никаков знак на живот не оддаваа. Кога ќе ги отпреташе Трпе, тие започнуваа радосно да пилкаат и да се собираат околу него. Седеше Трпе долго во кералот, слушајќи го џвакањето на кравата и коњот, нивното дишење; меќавата надвор во бранови налетуваше на про зорчето од кералот кое го затрупуваше со снег; се чинеше дека секој миг ќе го скрши. Ќе се издржи ли овој проклет студ, овој фраќ? гледаше Трпе кон прозорчето кое се тресеше. Помина студот, помина зимата како и да не била; снегови- те се истопија, се витосаа низ реката надолу; земјата зафати да окопнува, да испушта мирис на темјан, на блажина; започнаа првите раноникни тревки да се покажуваат, дренот да пупи. Пилињата развеселени на пролетното сонце се собираа околу нозете на Трпета и бараа да ги земе и да ги прошета низ се- лото. Клекна Трпе, ги рашири рацете, ги стави на себе и тргна низ селото да ги шета. Ги помина сите сокаци, ги изврте сите куќи и ги разгледа да види како ја поминале зимата, како из- држале на снегот, на виулиците. Отиде и кај куќата од Војдан да види дали е сè вред со неа, дали издржала, зашто поштарот Јовко му донесе писмо во кое Војдан му пишуваше: „Драги Трпе, најпосле се пензионирав и се наоѓам во дом за старци. Не е лошо: има јадење, пиење, но сето тоа е здодевно, тажно; вре- мето минува до злабога споро: играме карти, домино, дама, се инаетиме, се караме, само да ни врви времето. Но и тоа стану- ва здодевно. Читаме весници, бистриме политика, доскутира- ме, се расправаме - како да сме ние тие што треба да ги решат светските проблеми. Во весниците кога ќе видиме некролог од некој наш познат или пријател, нè фаќа страв, нè притиснува мачно расположение; гледаме: Арангел Михајло тргнал со ме- чот да ги чисти луѓето, да ги треби... Навечер, за да ни е повесе- ло, во домот се приредуваат забави, скечеви; настапуваат наши другари од домот; оние што и порано животот си го терале по свој ќеф, разби-гајле - и овдека тоа го прават: тресат глупости, изве дуваат нешто, се преправаат. Додека другите се смеат и им плускаат со рацете, јас им се чудам: Боже, си велам, гледај ги: во најзрели години се, а се прават бетер од деца! А што сакаш? ми велат тие, зар сме цезари во Римскиот сенат - та ќе продаваме мудрости... Шетаме низ паркот, седиме на клупите, се мешаме со жените што се во домов, шетаме со нив на сонце, на воздух, си прикажуваме по нешто за себе, за својот живот, за премре- жињата што ни поминале преку главата; расправаме кој од каде дошол, кој што има од семејство, кај кого во неделите и празниците доаѓа посета, а кого домашните не сакаат ни со око даа го видат. Си прикажуваме со жените често и за глупости, за љубов - да ни врви полесно времето. Но и тоа станува здодевно и почнуваме да бараме други работи: киниме цвеќиња во пар- кот, ги споредуваме по боја, по изглед, по миризба, по начинот на растењето и гледаме сличност меѓу нив и луѓето: никнеш, растеш, цветаш и свенуваш. На некои жени им предлагаме брак, им пред лагаме да се земеме, да го поминеме заеднички делот од животот што ни преостанува. Некои се согласуваат, а некои се двоумат, пра- шуваат колкава ни е пензијата, што имот имаме. Ако нè видат сиромаси, велат: не ни е нам сега веќе до љубов - туку да про- живееме. Некои пламнуваат навредено: У, зар на старост да се мажам: имам синови, ќерки, внуци... Ако имате што барате ов- де во домов? им велиме. Што ве фрлиле овде? Тие брзнуваат да плачат. Сите што сме овде имаме по некоја болест; по џебовите чуваме разни апчиња и ги клувкаме како кокошки. Се фалиме меѓу себе кој повеќе болести има. Многупати немам апетит, не ми се јаде; ми се затвора грлото. А таму в село, си велам, не мо- жев да се изнајадам. А ако тргнев некоја чашка ракија - господа ќе го изедев. А овде неа не можам ни да ја помирисам. Некни еден наш другар прославуваше роден ден во домов. Се собрав- ме сите кај него во одајата, имаше купено и алкохол, но никој в уста не го редеше, пиевме само кисели води и оранжади. Ве- селбата не личеше на веселба, сè беше некако мирно, тажно. На погреб ли сте дојдени, стопанкина му! свика славеникот, ајде да тргнеме малку алкохол, да се развеселиме, нека одат повра- га и апчињата и болестите! Крена една чашка ракија, две, по- тоа кога започна веселбата - тој се фати за градите, за срцето, се свитка и испушти душа. Веселбата премина во тажачка. Ете, Трпе, што ти е човекот: некогаш е силен - најсилен, а некогаш нема душа ни колку едно пиле. Понекогаш во паркот навраќа едно кученце. Кога ќе го ви- диме, сите трчаме кон него да го фатиме, да го жулниме, да го погалиме. Тоа како да знае колку ни е мило, оди час кај еден, час кај друг - сите да нè задоволи. Трчаме по него, играме, како деца. Но и тоа станува здодевно, а пустото време споро врви, како да е сопнато. Умот сè повеќе ме влече за таму, секој ден се токмам да тргнам; ги земам алиштата, куферот, излегувам на дворната врата, но нешто ме сепнува, не ми дава да го преми- нам прагот, да го направам решителниот чекор. Човекот, Трпе, бил како кучето: ако се привикне да живее на едно место - ос- танува тука. И мене некој како со синџир да ме врзал за овој дом. Но еден ќе напнам и ќе го скинам - ќе си дојдам таму. За- тоа, те молам, нагледувај ми ја куќата, чини £ дикат да не падне додека се вратам“. Му ја нагледува Трпе куќата, му ја чува, времето си врви, а Војдана го нема. Праќа писма, му пишува: „Јас, драги Трпе, сè уште сум во домов; а причината е во тоа, што, во меѓувреме, се случи нешто непредвидено: во домов запознав една жена, ре- чиси мои години; се засакавме и наскоро ќе се земеме. Секоја вечер шетаме низ паркот, седиме на клупите, ја гледаме месе- чината и ѕвездите, ги слушаме ноќните билбилчиња, се држиме за рака и кроиме планови за нашиот иден живот. • предла- гам да дојде со мене таму в село. • расправам дека имам куќа на едно поткренато место од каде што се гледаат сите плани- ни, сето небо. • расправам колку е убав животот таму: шеташ по зелени падини, по шуми, дишеш чист планински воздух, слушаш шумење на потоци, на реки; береш капинки, малини, шумски јагоди и разни други плодови што растат на сите стра- ни; лежиш во висока трева, во папрат, во смилјан и калофер, во мајкина душичка и вратика - и се напојуваш од нивните миризби. А таа, Трпе, цел живот одрасната в град, навикната на градски живот, на убаво облекување и дотерување, ми вели: Какво село! Зар на стари години да живеам во дивина! Ќе живееме во некој убав град каде што секоја вечер ќе ни свири музика, ќе одиме во театар, во кино, на концерти; ќе се возиме во автомобил, во трамвај... И така, Трпе, секоја вечер се сретнуваме во паркот и си прикажуваме, си правиме планови за нашиот иден жиивот, а никако да го напуштиме овој палежен дом што не прицврстил со окови. И затоа, те молам, испрати ѝ едно писмо на оваа моја кокона и опиши £ го подробно селото: кажи ѝ колку е убаво, зашто мене не ми верува; ѝ расправам јас за неговите убавини, ѝ расправам како е распрснато по пади- ните како стадо кога пасе; како куќите се обградени со бавчи и градини, со зеленило, со шуми; низ селото клокотат изворчиња што се сливаат во реката која со бучеш се губи во клисурата; на реката има воденичка која нурната во зеленилото, личи на бајка; има валалница која со својот тропот го будеше и заспиваше селото; па манастирот нурнат во столетното зеленило каде што на празници се правеше панаѓур и идеа прематарџии со богата сермија; и додека се печеа јагниња и се пиеше пијалак, одѕива- ше просторот од свирки и тапани; кажи ѝ за задружниот дом, во кој, при секое собирање на реколтата, се пееше, се прикажу- ваа скечеви, се држеа митинзи на празници и се правеа паради до задружните штали, носејќи пароли на кои имаше и такви: „Да живее добитокот!“ Па, кова чницата на ковачот Плоде која постојано одѕво нуваше и која ноќе заличуваше на прекрасно волшепство, испуштајќи во мракот роеви свитени бубачки; па, високите јасики над селото кои навечер заличуваат на стројни калуѓерки; па брезите, што при изгрејсонце, светкаат со лисја- та како неве стински гердани и колани; па месечината што како живо сребро ноќе се разлива по реката; по багремот што ко- га расцутува, го преситува воздухот со мирис и ги збудалува пчелите да зујат непрестајно. Кажи ѝ, те молам за сè, и увери ја, дека сето ова што ти го кажувам - е вистина, дека ништо не измислувам. Ете, толку Трпе. За добро видување“. Близу до куќата, на една мала ричка, Трпе со напор го кре- ва копачот и удира на сувата, тврда земја; го остава копачот, седнува, позема здив и ја брише потта од лицето. Над него кру- жат неколку гаврани, се спуштаат пониско и пак се креваат, нестрпливо чекајќи Трпе да заврши со копањето. Трпе ја сме- нува копачката, ја зема пошилестата и продолжува да го копа гробот за кучето што му умре. Жално беше неговото умирање, жално се оддели од својот стопан. Со денови ништо не јадеше, ништо не пиеше и само вртеше околу куќата барајќи место ка- де ќе умре. ОдешеТрпе по него, го жулкаше по главата и вратот и му даваше да касне, да се напие, но тоа само ја вртеше главата и ништо не сакаше. Секое утро Трпе го наоѓаше на друго мес- то легнато, сè дур денеска не го најде пикнато во честарот на леските, скаменето, мртво. Срцето му се збигороса на Трпета, срона солзи. Живееја толку време заедно. Го бранеше тоа од се- каква дивина. Целото беше изгризано по вратот и телото, целото беше во пузни, но не ја пушташе дивината да влезе в куќи: често по неколку волци ќе го нападнеа, гледаше дека смртта му е неизбежна но не се повлекуваше. А смртта уште со раѓањето почна да го дебне: штом го окучи мајка му, го зграби да го изе- де, како што ги изеде и другите кучиња што ги окучи. Некоја лошина ѝ беше влезена во душата и чинеше: окучи ги кучињата - и изеди ги. Него Трпе последно успеа да ѝ го оттргне од ус- тата, да го спаси и му даде име Спасенко. Квичеше кутрото, ба- раше да цица. За да не угине, Трпе ја врзуваше кучката, ѝ ја вр- зуваше устата за да не може да го зграпчи, и ѝ го редеше кучето на боските да цица. Така и го порасна. Од ветеринарот што идеше в село, разбра дека кучките си го јадат својат пород кога во организмот ќе им се јави недостаток на белточини и некои минерални состојци. Таа појава може да се забележи особено кај оние кучки кои првпат раѓаат - кај прворотките. Подоцна, при другите раѓања, таа појава исчезнува. Заплашено кучето уште со раѓањето, постојано се крие- ше под гаждарето во дворот и ретко излегуваше од него: тука јадеше, тука спиеше. Зар за тоа ќе те држам, му велеше Трпе и се обидуваше да го извлечка оттаму. Го земаше, го врзуваше со сонџир да седи пред дворната врата и да ја чува куќата. Но тоа, штом ќе го оставеше крај вратата, урликаше до бога. Го одврзуваше Трпе, и тоа, по навика, веднаш се пикаше под гаждарето и се смируваше. Се присети Трпе на она што Гидија го правеше во времето на окупацијата: во Одредот дресира не- колку кучиња да јадат само под еден непријателски тенк што го имаа заробено. Ќе ги држеше кучињата по ден-два гладни, ќе им ставеше храна под тенкот и ќе ги пуштеше: тие веднаш стр- чнуваа под тенкот да јадат. Една ноќ ги зеде Гидија кучињата и ги одведе до една непријателска база во која имаше тенкови. Ги пушти кучињата, и бидејќи тие беа гладни, веднаш стрчнаа и се пикнаа под тенковите да чекаат јадење. Експлозивот што им го имаше изврзано Гидија на нив, се активира, експлодира и ги разнесе тенковите. А, чекај ти! му свика Трпе на Спасенко и почна да му фрла храна само пред дворната врата држејќи го по ден-два врзано и гладно. Кога ќе го пуштеше кучето, тоа како бесно стрчнуваше кон храната. Неколкупати му направи така и кучето повеќе не се пикаше под гаждарето. Се навикна да седи тука и на секој шум надвор, скокаше и лаеше. Ноќе £ се впушташе на диви- ната и ја бркаше. Често Трпе кога ќе одеше некаде, го водеше со себе. Го засака и му стана верен другар. И повеќе од тоа. Со него времето го минуваше, со него разговараше како со човек. Го жулкаше по главата, го гушкаше, чувствувајќи ја истата онаа љубов што ја имаше една жена во Гери - Индијана кон своето куче. Тогаш Трпе не можеше да сфати дека толку можело да се сака куче. Но сега тоа го сфаќа. Шеташе еден ден по улиците низ градот и забележа по столбовите и ѕидовите на куќите излепени слики од куче. Се собираа луѓе и читаа нешто. Разбра дека некоја жена си го за- губила кучето и дава голема награда на тој што ќе £ го најде и ќе £ го донесе. Ја запиша адресата и почна и тој како и други- те луѓе, да го бара кучето. Шеташе по улиците, по парковите, влегуваше во дворовите, се пикаше по ѓубриштата, загледува- ше во скришни места, среќаваше разни кучиња, но ниедно не му личеше на тоа. Отиде кај сопственичката на кучето да види дали го нашла, но таа ја држеше сликата од кучето, ја милува- ше и му објаснуваше плачејќи: од кога го имала, од каков сој е, колку било убаво, мило, послушно. Му велеш дека секоја годи- на му славела роден ден и дека за неколку дена требала да му го прослави петнаесеттиот роден ден, и дека откако го снемало загубила волја и за јадење и за спиење и за живот. Скиташе Трпе на сите страни, го бараше, но попусто. На мостот од реката забележа како се собираат луѓе и гледаат долу во водата. Стрчна да види што е и го забележа кучето во река- та. Скокна и тој заедно со уште неколку и започнаа во водата да се грабаат за кучето - кој прв ќе го фати. Го извадија, но што ќе видат: кучето беше мртво. го однесоа на неговата сопственичка. Кога го виде таа, ќе излеташе од радост, но кога виде дека е мртво - офна и се склопчи. Дојде лекар, ѝ стави инек- ција, се обиде да ја поврати, но ништо не помагаше - умре. Ја закопаа со таков погреб што на Трпета од ум не му из- легуваше: напред пред поворката во посебно ауто, одеше ков- чегот на жената, а по неа, во посебно ауто, одеше ковчегот на кучето. Во гробиштата ги закопаа еден крај друг, како што таа имала оставено во својот тестамент. Слична болка и Трпе сега чувствува кон својот Спасенко. Фрла земја врз него во гробот, а срцето му трепери, ќе му пукне од болка. Очите му се премрежуваат со солзи. Го закопува близу до куќата за да му го гледа од чардакот гробот. Смртта на кучето го направи Трпета да е милозлив и сожалив кон секое живо суштество, кон сè што овдека живее. Некни сретна еден глушец во дворот; тој се сепна, Трпе се сепна; тој гледа во Трпета, Трпе гледа во него; тој стои вкочанет, Трпе стои вкочанет; му трепери муцката и гледа каде да шмугне, каде да се скрие. Трпе се поттргнува настрана и продолжува да оди; глушецот скокнува исплашено и стрчнува да бега. Трпе не се врти за да не го доисплаши. Со косата Трпе замавнува во тревата, шишти косата во тревата и остава откоси зад него; пред него забележува змија: стои стаписано исплашена од сечилото на косата што £ блеска в очи; Трпе стои со косата над неа како св. Ѓорѓија со копјето над аждајата и не знае што да заправи; гледа змијата се склоп- чува, се згрчува чекајќи го ударот на сечилото. Трпе се тргну- ва настрана и ја остава змијата да побегне. Што ми треба да ја отепам, си вели - та толку малку живи суштества нè има овде... Преми нува да коси на друга страна и змијата полека се отклоп- чува, се издолжува и почнува да лази, да бега, не верувајќи де- ка животот £ е подарен. Трпе чувствува милина, леснина во душата. Сонцето пече, воздухот е вжештен, трепери, пржи по ли- цето. Трпе ја остава косата и легнува под сенката на дрвото да отпочине, а во ушите му допира тивко завивање на волк. Што ли е боже, си вели и ги чули ушите. Станува и оди накај гласот; гласот го води кон работ на шумата. Доаѓа до грмјето и гледа во една јама направена отпорано за фаќање дивина - паднал волк и не може да излезе. Завива, цимолка, бара спас. Ја зема Трпе пушката и му ја вперува; волкот се собира, се грчи, го гле- да жално со очите; само што не заплакал. Ја спушта пушката. Што да правам? размислува, да го убијам? Го гледа волкот: се тресе, ѕмири, и му навира жал. Си вели: па сите го гонат, сите се против него, а и тој има душа, и тој треба да живее. Се бреца, се труска, по ридиштата и планините, врви по стотина километри на ден, кога гладен, кога најаден, и се мачи да си го одржи голиот живот. Талка од немило до недраго, се бори со сите мачнотии како и јас, и чини сè да опстои, да преживее. Го гледа Трпе каде што се тресе, каде што си ја јаде душичката, што вака ненадејно, глупаво, паднал во стапицата, го гледа Тр- пета над себе семоќен, а тој нема никаква можност да се брани, да се спротивстави, да бара излез. Се трга Трпе и оди во шу- мичката, сече гранки и му фрла во јамата за да се качи на нив, да излезе. Трпе фрла, а тој се собира во спротивното ќоше и се тресе. Смири се, успокој се, не те убивам, му вели Трпе и фрла гранки. Му нареди до горе и му вели: Ајде, сега, излегувај, што чекаш! Но волкот не се ни помрднува од ќошето вовирајќи ја главата што е можно повеќе во себе. Ах, душичке мачна, плаш- лива! Понекогаш си силен-пресилен, а понекогаш победен те нема... Се трга Трпе настрана и се засолнува зад грмушките да не го гледа. Слуша: волкот шушти со нозете низ гранките и ги испитува, ги проверува, зашто и ноќеска на исти вакви гранки стапна и пропадна во јамата. Го слуша Трпе каде што шушти низ гранките, но уште го нема да излезе. Ајде, ѓаволе, скокај! Кога волкот се поткачи на нив, кога со предните нозе го дофа- ти работ на јамата, излезе како стрела и спрашти да бега на- кај шумата. Бегаше, неверувајќи дека е излезен од јамата, дека е жив. Така, бегај, бегај клетнику, и другпат внимавај каде газиш - не давај го животот така будалски... Го следи Трпе со очите за- доволен што не му го зеде животот, што не го отепа. Силно гракање на птици го натера Трпета да излезе од куќата. Такво нешто никогаш досега не видел: облаци од птици кричеа по небото, пискаа и стреловито се спуштаа над долгата колона глувци, стаорци, што минуваа низ селото. При налетот на птиците, глувците се распрснуваа и се криеја на сите страни: во грмушки, во дупки, во куќите, во плевните, во ендеците, и потоа пак, кога ќе се оддалечеа птиците, се собираа во редици и го продолжуваа патот; скокаа преку меѓите, се провираа низ плотовите, низ капините, ги преминуваа браздите и потоците и јуреа како да се воен поход. Борбата меѓу птиците и глувци- те траеше два дена. Штом ќе се стемнеше, штом птиците ќе се повлечеа на спиење - ќе завладееше мир и спокој. Но штом ќе се разденеше, одново ќе се разлееја криците на птиците и цивкањето на глувците. Сполај ти господе, откај дојде ова чудо? гледаше Трпе во страотната борба меѓу глувците и птиците. Кога замина колоната, еден дел од испла шените глувци останаа во селото; се испикаа во куќите. Го слушаше Трпе нивно- то растрчување по скалите, по чардакот, таванот и трчаше по нив, фрлаше сè што ќе дофатеше в раце. Сонот му го одзедоа. По цела ноќ седеше со запалена ламба и со стап в рака за да се брани; се плашеше да не му дојдат на креветот и во сонот да му ги изгризат ушите. Се плашеше да не му се одомаќинат во куќата и да се изнакотат како што тоа една година го направија во Гери - Индијана, во бараките каде што живееше тој. Таа година се намножија толку што никакво чаре и спас немаше. Ги издупија штиците на бараките, ги изгризаа куферите и санда- чињата, каде што ги држеа алиштата. Им редеа отрови, ги тру- еја, но ништо не помагаше. Ноќе, пред да легнат, редеа маски од жици на лицата за да се заштитат од нив. Палеа огнови околу бараката, за да ги плашат, но ништо не помагаше; отровот што им го редеа во храната, глувците ќе го помирисаа и ќе го по- мочаа за да ги предупредат другите глувци да не јадат. Весни- ците пишуваа дека еден мажјак и една женка можат да накотат осумдесет глувци годишно. Еден пар, за три години, размно- жувајќи се прогре сивно меѓу себе - може да даде потомство од дваесет милиони глувци. За пет години - неколку милијарди. Но за среќа - тие се ништат меѓу себе, инаку - би завладеало глувчешко царство на земјата. Во војната што човекот ја води против нив - доволно е само еден глушец да преживее скриен во некое недостапно место - та по неколку години пак да завладее глувчешка наезда. Во осумна есеттиот век, милијарди глувци глодари тргнале од Азија кон Европа. Каде што минувале - пустош оставале. Спасот за Европа, била реката Волга. Дошле до неа, запреле и не можеле да ја преминат. Решиле по цена на животот да ја преминат: јурнале во неа, се исподавиле, но преку мртвите тела скокале други глувци и ја врвеле Вол- га. Ја освоиле Европа па дури и Америка пикајќи се во преку- океанските бродови. Кога ќе ги видеше Трпе домородците во Гери - Индијана каде што носат препариран глушец на гушата - му идеше да пу- ка во нив. Но тие глушецот го носеа како знак на плодност. Господот ваш! се налути еден ден Трпе, и со ѕвонци, со тропање, со пукање со пушката, ги избрка глувците од куќта. Фатија и тие по патот на другите глувци. Се израдува Трпе. Но во таа радост, го стегна и ненадејна болка; виде: птиците грабливки што трчаа по глувците, му дигнале едно од пилињата. Му ги најде пердувчињата растуре- ни во градината. Стоеше крај нив заедно со другите пилиња и тагуваа. Духовден. Ден на мртвите. Зрелите, набабрени цреши, цр- венеат на сонцето: родиле богато, пребогато за да има и за мр- твите; со години на овој ден се береа, се редеа во кошнички и се носеа на гробиштата да каснат и мртвите. Кога црешовите дрвја не ќе родеа, кога налуничавата пролет ќе им ги попареше лисјата и цутот, жалаа, тагуваа црешите што од нивниот плод не можат да каснат ни живите, ни мртвите. Жалаа како што жала секоја нероткиња. Но оваа пролет народија како никогаш досега. Народија, но жал ги фаќа што нема кој да ги бере, кој да им го олесни товарот. Уште од изгрејсонце помина Трпе, скина цреши од по- ниските ветки, скина од повеќе дрвја за да не се лутат, ја на- полни кошничката и ја однесе на гробишта: ги стави на гро- бот од жена му и син му; им стави и дуле со вода искитено со цвеќиња, како што е адет на овој ден, за да се напијат. Ги очисти гробовите од трнчина и суви тревки, ги очисти пајажинките и билниот гамад што се нафаќал на дафиновите дрвца штоим ги посади на гробовите, ги замени скршените керамитки и стави други околу свеќите за да не ги гасне ветерчето, седна на дрвената клупа кај гробовите и касна цреши за душа на жена му и син му. Во проширеното место на гробиштата слетаа диви гулаби и почнаа да гукаат, како да оплакуваат. Ги гледа Трпе каде што преткаат низ трњето како да си бараат и тие нешто свое зако- пано, а пред очите му излегува сликата кога ова празно место се даде од селкиот одбор да се прошират гробиштата. Штом се донесе одлуката, луѓето почнаа да се грабат на него, да се кара- ат, да се расправаат кој подобар дел, кој подобро парче ќе земе за својот иден гроб или за гробот на неговто семејство. Почнаа тоа место да го парчат, да го оцртуваат, да го околчуваат, да го оградуваат со камења, колје, жици, да стражарат, да го чуваат за да не им го презеде некој. Постојано навраќаа на гробишта- та и проверуваа дали им е сè в ред со местото, дали некој не им ја поместил оградата, куфијата, дали не им подзел некој чекор или некоја педа. Ги чистеа трњето, пенушките, ги рамнеа обе- лежаните места како да ќе градат куќа или ќе прават градина. Засадуваа цвеќиња и дрвциња на оние места каде што претпос- тавуваа дека ќе им стои главата кога ќе умрат за да имаат сен- ка. Ги поплочуваа патеките со камења и копаа браздички за да се исцедува водата од дождовите и снегот, правеа клупички за седење, масички за јадење... Лакомите што и во животот беа ненаситни, што приграбуваа меѓи по нивјето, што поместуваа куфии по ливадите и шумите - и овде се расправаа, се караа, гледаа што повеќе место да заграбат. Поразумните луѓе им ве- леа: Не глодете се нена ситници, не гнасете си ги устите: никој земјата не ја зел со себе в гроб, кикој не ја однесол на оној свет. На секого му се доста два метра - а и многу му се! Што ти се луѓето - размислува Трпе, гледајќи го сега тоа празно место на гробиштата - ќе се испотепаа меѓу себе од ла- комија и скомрази, а никој не дочека да се закопа тука: фатија кој каде... Го закопаа само Митруш Черенко, и тоа не него - ту- ку неговите алишта и сликата... Се штрекна Трпе кога зад себе чу стапалки. Се сврте и виде човек во мантија. „Поможи бог“, рече човекот во мантија. „Бог ти помогнал“, рече Трпе гледајќи го човекот изненаден. „Не се надевав дека ќе најдам жива душа“, рече човекот во мантијата и побрза да седне на клупата. Седна и издиша шумно. „Кој си ти?“ го праша Трпе. „Калуѓер. Се викам: отец Игор. Доаѓам овде во вашиот ма- настир да живеам“. Сон ли е ова или јаве? си рече Трпе гледајќи збунето во калуѓерот. Калуѓерот ја извади шапката, го избриша челото и вратот со шамијата, се сврти и погледна накај манастирот на ридот. „Тој ли е манастирот?“ „Тој е“, му рече Трпе. „Што те натерало да дојдеш ваму?“ „Барав некој пуст, зафрлен манастир, за да можам исцело да му се предадам на бога. Ми рекоа овој е таков... Ти сам ли си во селово?“ „Сам“. „Зошто си останал сам?“ „Останав да си го довршам животот овде... Да си легнам и јас меѓу најмилото што ми лежи во гробов...“ Отец Игор ги загледа сликите на гробот и праша: „Кој ти се овие?“ „Жена ми и син ми... Си отидоа тие, почиваат во мир, а мене ми оставија вечна рана и болка...“ „Не жалај брате, на сите патот ни е таму...“ рече отец Игор. „И јас сум сам... Ми изумреа сите мои... За да ми олесне тагата, тргнав по Исуса Христа кој вели: Кој го сака таткото и мајката повеќе од мене - не ми е достоен: кој ја сака жената и децата повеќе од мене - не ми е достоен. Кој ќе си го земе својот крст и ќе тргне по мене - ќе најде мир во душата и блаженство во царството божје...“ Отец Игор се напи вода од дулето за душа на син ну и же- на му на Трпета, касна од црешите и стана. „Да појдам во манастирот“, рече. „Ќе дојдам да ти отворам“, му рече Трпе. „Јас ги држам клучевите“. Тргнаа кон манастирот. Отец Игор гледајќи ги празните куќи, пустото село, му рече на Трпета: „Како ја поднесуваш самотијата?“ „Некогаш ми е тешко, а некогаш не ја чув ствувам...“ „Среќен е оној што живее сам“, рече отец Игор: „Нема со кого да се кара, со кого да се расправа, кој да го навреди, кој зло да му нанесе. Каде што нема луѓе - нема ни греови. Во мла- доста, пред да се закалуѓерам, имав полно греови: живеев во таква средина каде што беа неизбежни и греовите. Запаѓав од еден во друг... Си мислев: светот е светла кочија - додека муд- рите го проучуваат - будалите си се возат во неа... И јас £ се предадов на таа светла кочија: се возев, се возев, додека еден ден не видов дека дизгините на кочијата - ги држи ѓаволот в рака. Се оттргнав од тоа, кренав рака од таквиот живот и се за- калуѓерив... Го почув Исуса Христа кој вели: Овој живот е сла- док, но бесмртноста е послатка, зашто само таа те води потаму и потаму... Отфрли ги пороците, оттргни се од искушенија зем- ни, и наслада ќе имаш вечна...“ Му ја отклуча Трпе портата од манастирот, влегоа во дво- рот обрастен во трева, му ја отклуча вратата од црквата, влегоа внатре, се прекртси отец Игор, го поведе Трпе кон конаците манастирски, му ги покажа одаите, му ги покажа од чардакот и плевните, шталите, котарите, гумната, визбите манастирски и му рече: „Некогаш овој манастир, оче, беше богат-пребогат. Има- ше сешто. Имаше јагниња, телиња, крави, прасиња, кокошки, патки, мисирки. Носеа луѓето од сите села и му подаруваа на манастирот. Но едно време отец Тимон зафати да коли, да пече, да јаде. Му дојде комисија од парохијата и го сослуша: Имаше ли кокошки манастиров? го праша. Имаше, им рече отец Тимон. Каде се? го прашаа. Крррккк! ги заклав, им рече тој. Имаше ли патки манастиров? го прашаа. Имаше, им рече. Каде се? Кррррккк! - и нив... им рече. Имаше ли јагниња, телиња...? Имаше... Каде се? Крррккк! - и нив... им рече. А така! свикаа тие. Како си смеел тоа да го правиш? А што да правам... им рече тој. Кој ќе ми ги чува: луѓето почнаа да се иселуваат... Ми рекоа: Оче, сега повеќе ни своите не ги чуваме, а камоли манастирските... „И што стана со него?“ - Праша отец Игор. „Го удри капка кога еден ден му се слече гола Тина Шеќер- ка што ја викаше кај него на покајание“. Отец Игор се наежи. По некое време Трпе му рече: „Оче, ќе го удрам ѕвонарот. Нека огласи дека свет човек дојде во него...“ „Удри го“. Одекнуваше ѕвонарот, го ширеше гласот по сите планини. Стана Трпе и излезе на чардакот да види дали е крената маглата која со денови лежеше над селото како густо тесто со- кривајќи ги во себе и куќите и дрвјата и сè наоколу. Уште ли си тука? ѝ свика Трпе на маглата. Господе спотерај ја во мајчина! И господ како да го почу: се зададе ветер од планината, првин тивок, а потоа сè посилен и посилен, направи светол процеп над селото, се проби, а потоа започна да се шири, да ја развлечува маглата, и најпосле ја истера: се разбистри сè наоколу, се покажа земјата, небото, се ослободија од стегите на маглата, се ослободи и секој предмет повраќајќи си го својот исчезнат лик. Здишна сè наоколу олеснето, ослободено. Се изми Трпе и тргна во манастирот да го види отец Игор. На небото забележа орел, кој кружеше како злодух, како демон. На Трпета му мина низ коските страв, му пролази јанѕа. Јанѕата му се потсили кога во градината го чу пискањето на пилињата; стрчна и виде: едно од пилињата му дигнал орелот. Ах, проклет! свика Трпе бесно. Стрча дома, го грабна чивтето, но орелот го насети и фати не- каде. Пцуеше Трпе и по него и по бога. „Немој да викаш по бога, немој да го кудиш“ му рече отец Игор. „Вели само: Божја волја... Зашто животот е таков, таков е законот на природата: посилниот го напаѓа и јаде послабиот: арсланот го дебне волкот, волкот лисицата, лисицата орелот, орелот пилињата, пилињата бубачките, а пак тие нешто посит- но од нив... И така, секој некого дебне, како што нас нè дебне нечистиот, ѓаволот... Затоа, не очајувај, туку вели само: Божја волја...“ Ах, господе, до каде ќе оди таа твоја волја! офна пак еден ден Трпе кога му пцовиса коњот. Ах, душичке, душичке мачна, со денови Трпе издивну ваше крај коњот кога се разболе жул- кајќи го вратот за да му ја олесне маката и болката. Му тури- ваше со стомната вода в уста, му даваше зоб и јарма, но тој са- мо ги клештеше забите и ја вртеше главата настрана; се грчеше, се собираше со нозете, штракаше со забите да прегризе нешто што го болеше. Сите денови додека коњот лежеше болен, Трпе ги мина крај него во кералот, да биде поблиску до него, да му помогне. Кога ќе зазбивташе коњот, кога ќе заѕимреше, стану- ваше Трпе, го жулкаше, го успокојуваше. Порано сите болести ги издржуваше коњот; го фаќаше бутур, зазабица, крупа, са- раџа, шап, лигавка, но сите болести во движење, во работа ги совладуваше. Често, кога ќе му паднеа потков ките, одеше бос, му течеше крв од копитата, но издржуваше; го набиваше и самарот кога носеше нешто тешко, му се отвораа плаги и рани на грбот и во подопашницата, но трпеше, не се даваше. Но како старееше почна да му попушта видот, да му се мрежат очите, да не гледа добро; му се истапија забите, тешко ја џвакаше хра- ната; почнаа и колената да му потклекнуваат. Некни кога отиде Трпе со него во Луково да продаде мед и ракија и да купи брашно и сол, едвај се накачи коњот по патот низ клисурата; не можеше да чекори, да оди; го водеше Трпе за оглавот, му го покажуваше патот, но тој се удираше со копитата по камењата, потклекнуваше кога ќе загазеше во некоја длабнатинка. Ајде, бир, ајде душо, го бодреше Трпе потчукнувајќи го по вратот. Едвај се искачија во селото. По враќањето коњот легна, и повеќе не стана. Го погледну- ваше милозливо Трпета и бараше спас од него. Издржи, Ѕвез- денко, издржи душо, му велеше Трпе жулкајќи го. Кога виде коњот дека му е крај, напна со сета сила да се исправи, да ста- не, но свисна; го погледна Трпета жално и испушти душа. Ах, ме остави, ме остави и ти душо, офна Трпе и очите му се на- полнија со солзи. А многу години поминаа заедно: носеа дрвја од планина, носеа жито на воденица, ораа по нивјето, влечкаа материјал за препокривање на куќата, го вршеа житото на гум- ното, носеа врзаци сено од ливадите. Никогаш не го оставаше Трпета сам или во тешкотии. Еднаш дури и животот му го спа- си. Се враќаа една снежна ноќ низ клисурата; пиштеа виулици- те, завиваа и го затрупуваа со снег. Цапаше коњот низ снегот, го цепеше со градите и пробиваше пат. Одеше трпе по него, се држеше за фртомата од самарот и кога ќе снеможеше, кога ќа паднеше, коњот ќе го повле чеше, ќе го кренеше. Но и коњот падна и не можеше повеќе да оди. Викаше Трпе, го молеше, го куражеше, но сè беше попусто. Виулицата почна да ги затру- пува. Немаше друг излез и трпе помисли да го распори коњот како што тоа го направи при повлекувањето преку албански- те планини во Првата светска војна; и тогаш вака го зафатија силни виулици, силен суд; единицата негова се распарчи, многу војници изумреа од студ; Трпе водеше коњ и кога виде дека и тој ќе замрзне, го закла коњот, го распора, му ја извади утро- бата и му се пикна во мевот. Изутрината кога запре меќавата, излезе Трпе од него, го разгрна снегот што му беше натрупан, и почна да го гушка мртвиот коњ што го спаси. Но Ѕвезденко откако се одмори, откако собра сили, напна повторно, се крена на нозе и почна да го цепи снегот низ кли- сурата. Кога излегоа од клисурата, кога ги видоа куќите на се- лото, им бликна радост: спасени се... Нека ти е лесна земјата, душо моја му, рече Трпе, го из- влечка од кералот со мака, му ископа дупка во дворот и тука го закопа зашто не можеше подалеку да го влечка. Утрината кога стана, што ќе види: дивина дошла, го отко- пала и го растрбушила. Одново му наткрена во душата жалта за коњот. Меѓу пло тиците од оградата виде еден волк каде што цимолеше, јачкаше, заглавен со прејадениот мев. Напињаше, но не можеше ни напред, ни назад да излезе, да се ослободи. Грабна дрво Трпе и зафати да го бие, да го мава со сета сила: урликаше волкот, завиваше, молеше, но Трпе маваше праз- нејќи си го јадот од душата. Така, така ти проклетнику, му ви- каше на волкот, јас тогај-дамна ти го спасив животот, а ти сега на мојот коњ му се нафрли! Урликаше волкот сè дур Трпе не го тресна по главата и не го замолча. Му ја навре главата на кол и му ја стави на оградата да ги плаши другите волци. Но ноќта гледај чудо: волците налутени за смртта на волкот, или сакаа да го довршат коњот, се собраа од сите планини, од сиот свет: ја опседнуваа куќата и урликаа, завиваа бесно. Пукаше Трпе по нив, но тие ќе се повлечеа во шумата и повторно во бранови насрнуваа. СабајлетоТрпе најде само еден отепан. Дотрча отец Игор од манастирот сиот исплашен. „Што беше тоа ноќеска“ го пра-ша Трпета. „Помислив: војна се води...“ „Ќе ме изедеа волците...“ му рече Трпе. Отец Игор се прекрсти и рече: „Треба да го славиш Мартинден... Тој е заштитник од дивината...“ На Мартинден Трпе го викна отец Игор на ручек за да го прослават празникот. Се напија до гуша. Пиеја првин во одајата, потоа излегоа на чардакот, па слегоа во дворот, па отидоа во градината. Ги менуваа местата да не се испијанат. Отец Игор почна да ја пее неговата омилена песна за дванаесетте апостоли која крај немаше. Трпета го заболеа вилиците следејќи го отец Игор. А отец Игор само одвреме навреме поземаше здив колку за кревање на чашката да го подмачка засушеното грло и тераше: Да речеме прво: прв е господ на небо, нему му се молиме, нему му се поклонуваме и него го славиме; Да речеме второ: втора Богородица, прв е господ на небо, нему му се молиме, нему му се поклонуваме и него го славиме; Да речеме трето: трето Света Троица, втора Богородица, прв е господ на небо, нему му се молиме, нему му се поклонуваме и него го славиме; Да речеме четврто: Четири Евангелисти, трета Света Троица, втора Богородица, прв е господ на небо, нему му се молиме, нему му се поклонуваме и него го славиме; Да речеме петто: пет се рани Христови, четири Евангелисти, трета Света Троица втора Богородица, прв е господ на небо, нему му се молиме, нему му се поклонуваме и него го славиме; „Запри, оче, доста...“ му викаше Трпе. „Нема запирање!“ викаше Отец Игор и продолжуваше: Да речеме шесто: шест крилати ангели, пет се рани Христови, четири Евангелисти, трета Света Троица втора Богородица, прв е господ на небо, нему му се молиме, нему му се поклонуваме и него го славиме; Да речеме седмо: седум цркви Христови, шест крилати ангели, пет се рани Христови, четири Евангелисти, трета Света Троица втора Богородица, прв е господ на небо, нему му се молиме, нему му се поклонуваме и него го славиме; Да речеме осмо: осум златни потири, седум цркви Христови, шест крилати ангели, пет се рани Христови, четири Евангелисти, трета Света Троица втора Богородица, прв е господ на небо, нему му се молиме, нему му се поклонуваме и него го славиме; „Оче, грлото ме заболе... Не можам... Да запреме“, викаше Трпе. „Нема запирање... Голтни, подмачкај го грлото и терај, сле- ди ме...“ му велеше отец Игор и продолжуваше: Да речеме деветто: девет божји гласници, осум златни потири, седум цркви Христови, шест крилати ангели, пет се рани Христови, четири Евангелисти, трета Света Троица, втора Богородица, прв е господ на небо, нему му се молиме, нему му се поклонуваме и него го славиме; Да речеме десетто: десет божји заповеди, девет божји гласници, осум златни потири, седум цркви Христови, шест крилати ангели, пет се рани Христови,четири Евангелисти, трета Света Троица, втора Богородица, прв е господ на небо, нему му се молиме, нему му се поклонуваме и него го славиме; Да речеме единаесетто: единаесет богоносци, десет божји заповеди, девет божји гласници, осум златни потири, седум цркви Христови, шест крилати ангели, пет се рани Христови, четири Евангелисти, трета Света Троица, втора Богородица, прв е господ на небо, нему му се молиме, нему му се поклонуваме и него го славиме; „Аман, бре оче, ми паднаа вилиците, не можам...“ викаше Трпе. „Издржи, издржи...“ му велеше отец Игор и тераше: Да речеме дванаесетто: дванаесет апостоли, единаесет богоносци, десет божји заповеди, девет божји гласници, осум златни потири, седум цркви Христови, шест крилати ангели, пет се рани Христови,четири Евангелисти, трета Света Троица, втора Богородица, прв е господ на небо, нему му се молиме, нему му се поклонуваме и него го славиме. Најтешко за Трпета беше - кога ќе згрешеше отец Игор: почнуваше одново. Кога најпосле ја завршија песната, отец Игор му рече на Трпета: „Ајде сега да се напиеме по една чашка за секој апостол - слава им...“ Се напија дванаесет чашки - за секој апостол по една и се стипсосаа. Надвор дивината урликаше на нив. Пролетта забрзано ги облекува дрвјата; бујат во нив соко- вите - лудило ги фаќа; напињаат од корен, ќе излетаат; се гра- баат пчелите на цветовите - полен распрснува на сите страни; птиците се огласуваат и ја будат земјата омаени од нејзиниот раскош и убавина; Трпе седи на чардакот, а топлото ветерче му носи мирис на босилок, на пчелинок, на камилица. Пилињата шеткаат низ дворот, се врткаат под јаболкницата и се грабаат на некој црв што ќе падне од крошната. Над главата на Трпета, пајакот излегува и се обидува на гредата да започне да ја плете мрежата. Трпе замавнува со стапот и пајакот бега, се крие. По патот манастирски слегуваат маж и жена и водат коњ со себе. Ги забалежува Трпе, станува и тргнува да ги пресретне, да види кои се. Но тие веќе се губат во клисурата и Трпе оди во манастирот кај отец Игор. Го наоѓа седнат во дворот и јаде по- чена кокошка, пребарувајќи го и цуцкајќи го секое ковче. „Опа, кокошка, оче!“ му вели Трпе. „Аха“ му вели отец Игор со полна уста и му подава од месото. „Кој ти донесе?“ „Добри душички...“ го позема бинлакот со вино, го крева, му гргори виното во грлото, ги брише мустаќите и брадата и му го подава на Трпе: „Напи се... Беа две добри душички: маж и жена... Дојдоа да му се помолат на манастирот да им даде св. Богородица чедо...“ Си го подаваа бинлакот од еден на друг, се напија, се анге- лосаа и почнаа да викаат; одѕиваа планините од нивниот глас кој се умножуваше во стотина гласови. „Викај колку можеш посилно“ му велеше отец Игор на Тр- пета. „Кога ти се слуша гласот - никој ништо не ти може: гос- подар си на сè...“ Пиеја и викаа. Ја пееја и песната за два наесетте апостоли и зората ги најде задремани на чардакот од манастирот. Крај нив лежеше ни чкосаниот бинлак со вино, празен; крај грлен- цето му беа изцедени последните капки што се црвенееја како крв. Утринското ветерче ги разбуди, станаа, отидоа на изворот, се измија, се освежија и му се прекрстија на сонцето што изле- гуваше големо и црвено. „Се напивме убаво, оче Игор“, рече Трпе. „А што да правиме кога живееме како волци - денеска има, утре нема...“ рече отец Игор. По неколку дена Трпе пак ги забележа мажот и жената: одеа накај манастирот. Истрча и ги виде: тоа беа Стое и Велика. Со себе водеа јагненце да му го подарат на манастирот. Свртија со јагнето околу манастирот по адетот божји и му го предадоа на отец Игор. Се помолија во манастирот да им даде господ чедо и си заминаа. Јагнето почна да блее, да се врти и да ги бара Стое и Велика. „Што ќе му правиш оче?“ го праша Трпе. „Ќе го чувам...“ Јагнето блееше сè посилно. Напињаше со главата на врв- цата со која беше врзано, да ја скине. Му даваше отец Игор да јаде но тоа не сакаше. Ноќта ја мина блеејќи. Утредента се сми- ри; го пушти отец Игор во дворот и почна да пасе. Го пушташе и околу манастирот да пасе. Еден ден отец Игор го удри ѕвонарот и му даде знак на Трпета да дојде. Отиде Трпе и што ќе види: јагнето отец Игор го заклал и палеше оган да го пече. „Го закла ли, оче?“ се изненади Трпе. „Нели велеше дека ќе го чуваш...?“ „Гладта не чува ништо...“, рече отец Игор. „Ја знаеш ли онаа приказна за ѓупците: кога се преселувале од Индија, ја повеле со себе и кравата што ја обожувале за свето животно. Но по пат ќе изумреле од глад и решиле да ја заколат крава- та. Пред да ја заколат, старешината ги собрал и им рекол да се договорат кое животно ќе го прогласат за свето место кравата. Ределе, набројувле, многу животни, но ниедно не го одредиле, зашто рекле: и кое да го одредиме, не сме од збор - ќе го изеде- ме. Додека размислувале, на старешината во устата му паднал еден црвец од јаболкото што го гризел - се згадил, го плукнал црвецот и рекол: „Е, ова животно ќе ни виде свето... Дајте ја кравата...“ Го испекоа јагнето, се напија, се расположија и пак почнаа да викаат, да го шират гласот низ планините. Кога дојде празникот Света Богородица - славата на ма- настирот, кога се чу дека во мана стирот има калуѓер и дека се држи богослужба, пристигнаа луѓе од сите околни места. Ис- поседнаа во манастирските конаци, чардаци, дворот. Дојдоа и свирачи и тапанџии; свиреа свирачите, тумбаа тапаните, се играа ора, се пееше. Шеташе пагурот со ракија и плоската со вино од човек на човек, од уста до уста, од трпеза до трпеза: си наздравуваа луѓето, си молитуваа. На Трпета и на отец Игор срцето им скокаше од радост што се исполни манастирот, што оживеа. Одеа по трпезите, пиеја, наздравуваа; се фаќаа и во орото, играа; отец Игор играше и напред, го виткаше орото, го сучеше: „Господ да ви ја благослови свирката, браќа...“ им велеше на свирачите и ја фучеше мантијата, скокаше сè дури не го жег- на ногата, не го фати ишијасот. „Оф, проклет, оф ѓаволе!“ офна и се укочи. Утредента, кога се испразни манастирот, кога си заминаа сите, Трпе ги зеде свирачите и ги поведе со себе да им посвират на куќите во селото кои со години не чуле свирка. Ги одве- де првин кај него дома и им рече: Свирите невестинско оро за жена ми... Свирачите свиреа. Свирите сега едно зетовско оро за син ми кој умре во цутот на младоста, им рече. Свирачите свиреа. Додека тие свиреа, Трпе кинеше сребрени пари од ко- ланот на жена му што го чуваше во ковчегот и им даваше на свирачите. Им даваше и плачеше. Потоа ги одведе да им посви- рат и на другите куќи. Влегуваа во пустите дворови и свирачи- те свиреа. Им предложи Трпе да појдат и на гробиштата, да им посвират и на умрените, но тие рекоа: „Ние тоа не го правиме“, и си заминаа. Селото пак оглуве. Сè како да било некој сон: дошло - поминало... Отиде Трпе во Манастирот да го види отец Игор и да му однесе илач за ишијасот. „Мене Трпе, нечистиот пак ме завлечка...“ му рече отец Игор . „Ме тераше да се фаќам меѓу жените во орото...“ „Ќе ти прости господ...“ му рече Трпе, „Зошто и нему му беше мило што манастирот оживеа...“ Две недели лежеше отец Игор и ишијасот му попушти. Стана. Седеше во одајата и само читаше. Читаше дење-ноќе. „Што е оче? - Зошто не излегуваш?“ го праша Трпе. „Ме мачи нешто...“ „Што оче?“ „Ме мачи прашањето на добородетелноста... Иако знам дека е тоа богоугодно дело, зашто и господ има речено: Биди добродетелен како што таткото твој небесен; како што се доб- родетелни Мудрите девици што го нахраниле и милувале бога, не знаејќи дека е тоа - Тој... Но ме мачи, Трпе, прашањето до каде треба да оди добродетелноста, каде ѝ се границите - за да не премине во грев...“ „За каква добродетелност зборуваш оче?“ „Ех, за каква...“ Трпе го гледаше збунето. Во манастирот Велика доаѓаше почесто и се молеше на света Богородица да £ даде пород. Клечеше пред иконата и шепотеше: Богородице мајко, сожали се на мене, не оставај ме бесчедна; одврзи ми ги конците на неплодоноста и дај ми по- род. Ја одврзуваше бовчата од на себе, ја одврзуваше шамијата, го одврзуваше коланот, ги одврзуваше врпците од чорапите - одврзуваше сè што имаше врзано на себе - за да £ се одврзе па- тот по кој треба да дојде благословот на Богородица. Ја гледаше отец Игор каде што така со часови клечи пред иконата на Богородица, му паѓаше жал, одеше кај неа, и ја ус- покојуваше велејќи £ дека господ е милостив и дека ќе £ ја ис- полни желбата. Таа му ја бацуваше раката, му го бацуваше ра- сото и му заблагодаруваше. „Колку години како сте без чедо?“ ја праша еднаш отец Игор. „Девет, оче“. „Во кого е причината: во тебе или во мажот?“ „Не знаеме, оче“. „Ќе се смилостиви господ. Ќе ве изненади како што го изненади сето Јудејство со својот Син...“ ѝ рече отец Игор. Еден ден Трпе пак ги виде Стое и Велика каде што одат по патот кон манастирот. Со нив имаше уште еден човек. Истрча Трпе и ги стаса. Виде: Велика во рацете носеше детенце. „Нè зарадува господ...“ рече Стое весело. „Доаѓаме да го крстиме...“ Трпе се зарадува, се возбуди и им честита. „Ете, не треба човек да губи надеж...“ им рече Трпе. Влегоа во манастирот. Кога ги виде отец Игор и тој се зарадува и се возбуди. „Слава му на бога...“ им рече и го зеде детето да го крсти. Тури вода во крштелникот, му пресече на детето по малку ко- са од сите четири страни на главата, му направи крст, му ухна во устата свет дух, му поттури од крштелникот вода и праша какво ќе му е името. Пред да го изговори името кумот, Велика рече: „Игорче да се вика...“ Кумот се збуни. „Јас имав друго име“, рече. Но Велика се прекрсти и рече: „Не можам да кријам пред св. Богородица: детето е од отец Игор...“ „Аух!“ зина кумот и се стипсоса. Се стипсоса и Стое. На отец Игор детето му падна од рацете во крштелникот. „Стое бре, го слушаш ли ова?“ свика кумот. Стое седна така скаменет, а потоа рече: „Слушам, слушам...“ „И што ќе правиме сега?“ „Што ќе правиме - ништо...“, рече Стое. „Нека го благослови бог отец Игор што ни ја зарадува куќата...“ Си го задоа Стое и Велика детенцето, го завиткаа во пелените и тргнаа за дома. Отец Игор сè уште стоеше така со ракавите запрегнати крај кршетлникот и не знаеше што да заправи. И Трпе стоеше крај него, здрвен, саштисан. „Како се случи ова оче?“ го праша по некое време Трпе. Отец Игор како да се тргна од сон, рече: „Не знам... Не знам, Трпе...“ По неколку дена дојде ѓакон од градот и му предаде писмо на отец Игор од Митрополијата. Го прочита отец Игор, ги згрчи веѓите и се приготви да оди. Намина од кај Трпета да се поздрави. „Збогум, драги брате...“ му рече на Трпета. „Каде оче?“ го праша Трпе збунето. „Не знам... Наредба имам да го напуштам манастиров...“ „Ах, бре, оче“, го собра лицето Трпе. Се поздравија и се прегрнаа со стегнати грла. Долго време Трпе стоеше крај патот и го следеше тажно со очите. Грмежите и силните одблесоци на громовите, го разбудија Трпета од сон; му се пристори како куќите да се рушат, како планините да се уриваат, како да се цепи небото. Стоеше на креветот потпрен со перницата на грбот и гледаше во прозор- ците што се осветлуваа и се тресеа од татнежите; му се чине- ше како да се наоѓа на фронт, како да го опсипуваат гранати; при секое удирање на гро мовите, смигнуваше, намовнуваше; погледнуваше низ одајата, погледнуваше на таванот и се успо- којуваше што куќата цврсто се држи. Громовите зафатија пос- тепено да се оддалечуваат, да се префрлуваат на друга страна. Но на прозорците сè уште доаѓаше по некој слаб, залутан од- блесок на секавиците. Кога се смири времето надвор, кога се стиша, од дворната врата започна на Трпета да му допира некое поттропнување; стана, ги начули ушите и пак го чу тропање- то. Што ли ќе е ова? си рече Трпе. Го отвори прозорецот, и сега појасно го чу тропкањето. Кој е? викна, но никој не се јави. Чу само далечно завивање на волци. Го зеде фенерот и пушката и излезе надвор. Ја подотвори вратата и што ќе види: на прагот лежеше срна со скршена нога. Кога го виде Трпета, се исплаши, се обиде да стане, да избега, но Трпе веднаш скокна на неа и ја зграпчи. Зафати срната да се тресе, да напиња, да му се оттрг- нува од рацете на Трпе, но кога повторно го чу завивањето на волците што трагаа по неа, се смири, се припи кон Трпета. Ја крена Трпе и ја внесе во дворот. Ја загледа убаво и си рече: Ќе имам месо за цела зима. Влезе во кералот, го зеде ножот да ја заколе, но на светлоста од фенерот ја виде како испушта солзи и му падна жал. Ја остави на сламата во кералот и зеде шамија да ѝ ја врзе скршената нога. Срната се тресеше, се грчеше од болка. Трпе зеде сакма и ја зави да не ѝ студи. • го слушаше шумното дишење и не му се одеше во одајата да спие. Зеде ве- ленце и ноќта ја мина крај неа. На ногата ѝ стави јакија што ја направи од коноп и јајца и ѝ ги врза коските со штички да не се мрдаат. Кога ѝ помина болката, живна малку срната, пушти јазик кон кашата што ѝ ја направи Трпе и локна од котлето вода. Од кералот Трпе ја пренесе кај него во одајата. посла сено и ѝ стави рогузина во едното ќоше на одајата и ѝ направи легло. Тука ја хранеше и ја лечеше. даде име Дојденка. Постојано со неа си зборуваше како со детенце: Ајде Дојденка, стани да јадеш, стани да видам дали можеш убаво да чекориш, велеше, дојди да ти дадам житце; ја издолжуваше раката кон неа, и таа со мака се исправаше на нозете, стануваше и го поземаше со јазикот житцето од неговата дланка. Кога одеше в планина, ѝ велеше: јас сега одам по дрвја, ти чекај ме овде, еве ти јадење, еве ти вода. Кога се враќаше, ѝ носеше смрека, имела, глогинки, и ѝ ги даваше да јаде; таа вртеше со опавчето и лудуваше од радост. Заради неа Трпе стануваше порано: одеше на чешмата да наполни вода, ја палеше печката и вареше чај и качамак од кој и нејзе даваше; ја молзеше кравата, го вареше млекото и од него и нејзе ѝ даваше; ја тресеше и проветрувеше и неговата и нејзината постелина. Кога ѝ оздравеа нозете, застануваше крај вратата и чекаше да ѝ ја отвори Трпе за да излезе во дво- рот, да прошета. Ја пушташе Трпе и таа радосно опкршуваше низ дворот скубејќи од тревките. Ја пушташе и во градината да пасе, да шета. Отпрвин внимаваше на неа и ја прибираше дома, а подоцна сама си доаѓаше. Но еден ден: офна Трпе кога од градината исчезна Дојденка. Ја бараше по сите грмушки, по сите бразди каде што пиеше вода, ги опкрши и другите градини во селото, дворовите, плевните и кералите, нивјето, шумите, планините - Дојденка никаде ја немаше. Постојано вртеше наоколу, но од Дојденка ни трага. Ќе му пукнеше срцето од тага, од жал. го гледаше чергичето во одајата на кое лежеше, чинија- та во која јадеше и му навираа солзи на очите. Го изгуби сонот, не можеше да спие: на секое тропнување, стануваше, го лепеше лицето на прозорецот, излегуваше на чардакот и ослушну- ваше да не е тоа Дојденка. Го слушаше завивањето на волците и пукаше во мракот мислејќи дека ја бркаат Дојденка. Ноќе ја оставаше и дворната врата отворена, но наутро само пилињата преткаа во дворот вознемирени што ја нема Дојденка да ѝ клувнат некоја трошка што ќе ѝ падне при јадењето од устата. Неколку дена пред да ја снема Дојденка, во селото дојде Да- вид полјакот. Му побара на Трпета копач и лопата да ги откопа гробовите на татко му и мајка му за да ги пренесе коските в град. Трпе му даде, но Давид замина и не му ги врати. Отиде Трпе во куќата негова да си ги земе. Кога влезе во дворот, срцето му се згрутчи, дамла го удри. Ги забележа нозете од Дојденка фрлени на ѓубрето. Го виде и опавчето и влакна од кожата каде што ја дерел. Виде и коски од месото што го пекол. Ах, поклет! Про- клет! го згрчи срцето Трпе, отров да му се стори. Влезе во куќата и искрши се што најде внатре: и масата на која што ја јадел Дој- денка и столчето на кое седел, и прозорците низ кои ѕиркал... Се разболе Трпе и неколку дена не можеше да стане. Ви- делината на прозорецот од одајата час му побелуваше, час му потемнуваше; се сменуваат ли толку бргу ноќите и деновите надвор или тоа мене така ми се чини? си велеше Трпе. Дивина- та сè поблиску му виеше околу куќата. Ах, проклета, проклета! викаше Трпе, насетува дека сум болен, дека не можам ништо да £ сторам. Лежи Трпе и ги слуша пилињата како тропкаат со ноџиња- та, се качуваат по скалите на чардакот, се качуваат на прозоре- цот и низ стаклото што им го поткрши, влегуваат во одајата кај него, му се качуваат на креветот, му преткаат на покривката, му пилкаат и го молат да стане, да ги прошета. Лебот што им го остави некни крај креветот да имаат да јадат ако умре - не го јадат, му го оставаат нему. Пилкаат тие сè посилно, му преткаат и го тераат да стане. Ах, мајко моја, ја крева трпе главата со мака, се исправа, напиња, прибира сили да стане. Станува со напор, се придржува со рацете на ѕидот, се крепи да не падне и така оди полека кон вратата, ја отвора, излегува на чардакот - пилињата одат по не- го; се придржува на пармакот од скалата и слегува во дворот - пилињата одат по него; се тетерави низ дворот мачејќи се да не падне - пилињата одат по него; ја отвора дворната врата и излегува на патот - пилињата одат по него; клекнува, ги раширу- ва рацете и тие му се качуваат на него. Оди Трпе по патот надо- лу со раширени раце што му треперат како ветки од сосушено дрво и стега заби да држи рамнотежа, да не падне, а пилињата ги креваат клунчињата нагоре, пилкаат и го веселат селото. Одоздола по патот накачува Јовко поштарот, го гледа Трпе- та со пилињата, го гледа каде се тетерави, каде видот му се ма- ти, каде лицето му светка на сонцето како лимон, како восок. „Многу си ослабнал...“ му вели Јовко. „Лежев болен... Но пилињата не ме оставаат доаѓаат на постелата и ме скориваат... Ангели мои... Кога ќе помислам: отидов на оној свет... тие доаѓаат кај мене и ми даваат сила, ми даваат моќ...“ Поштарот Јовко му даде писмо од Војдана. Војдан му пи- шуваше: „Најпосле, драги Трпе, се венчавме со мојата кокона Марица - Царица. Отидовме кај матичарот и се регистрирав- ме. Регистрирањето беше свечено. Дојдоа сите мои другари од домот, дојдоа и нејзините другарки од домот. Ни дадоа цвеќе и ни пожелаа среќен и вековит брак. Додека матичарот ги читаше брачните должности, оние што беа со нас плачеа: се потсе туваа на младоста, кога вака како младоженци стоеле пред матичарот или попот; им трепереше снагата како што на Марица - Царица ѝ трепереше стегајќи ми ја раката. Нè праша матичарот кол- ку години имаме, јас реков шеесет и три, таа рече шеесет; ни ги стисна на крајот рацете, ни честита и ни рече: долговечен да ви е бракот (а јас си мислам во себе: оф, оф, долговечен брак на крајот од животот!) Ни честитаа сведоците и сите што присус- твуваа на свеченоста, нè бација, нè натераа и ние со Марица - Царица да се бакнеме, се бакнавме, грмнаа сите во силен смев и заплускаа со рацете. Се фативме подрака со Марица - Царица и изле говме од кај матичарот. Ех, кога човек ќе се оженел на ста- ри години, му се враќала истата онаа сила и истиот аџамилак и истите лудории што си ги правел во младоста; а и повеќе од тоа, зошто - сè она што си го пропуштил во младоста сега сакаш да го надоместиш. Ако во младоста си се правел умен, си сакал да изгледаш што посериозен - сега ти иде обратно: ти иде да поде- тиниш, да правиш сè што ќе ти притекне во умот. Додека Марица - Царица наутро сè уште спие ја бакнувам и така со бакну- вање ја будам; ѝ го носам кафето в кревет и ѝ гугам: Разбуди се сонце - сонцето огреа. Се буди таа, се тегни, ѝ го отворам про- зорецот да ѝ влезе свеж воздух, да го чуе пеењето на птиците надвор. Додека таа прилежува, јас ја земам торбата и одам на пазарчето да купам што треба за јадење; ја фучам по пат тор- бата, си свиркам, клоцнувам со ногата сè што видам пред мене: празна кутија, одгризнато овоштие, конзерва, камче. Ме гледа- ат луѓето, ми се чудат што ми е. Ах, не ја разбираат тие мојата радост. Додека Марица - Царица го готви јадењето и меша со лажицата во тенџерето, јас неа кришум ѝ ја одврзувам престил- ката и таа ѝ се слизнува и паѓа. Ја крева, ја врзува повторно и вели зачудено: Што ли ќе е ова боже - престилката ми паѓа сама од себе...?! Јас ѝ велам: Тоа е знак душо дека ќе родиш... Их, вели таа, мене во младоста не ме оплодиле поздрави и поплодни сад- ници, а не пак сега - клин од врба... Ех, ѓаволке, ѝ велам, остави ја лажицата и дојди ваму да видиш дали е клин од врба... Таа се брани: не сега, не сега, вели, ќе изгори манџата... „И ете, Трпе, во сета таа убавина, влезе нечистиот, влезе тој со роговите! Во најубавите мигови, кога ја милував, таа пос- тојано издивнуваше и се потсетуваше на нејзините поранешни мажи: Ах, мојот прв маж каков беше, велеше, го немаше во цел свет: нежен, кроток, личен - цвет. Кога се разболе, кога го фати офтиката, три месеци ми лежеше еве овде на градиве. Тука ми згасна, тука испушти душа, како пиле, како бубаче. А втори- от, пак, ми беше ангел небесен, никогаш лош збор не ми рекол, никогаш не ме скарал, не ме навредил. Сета работа дома тој ја работеше: и миеше садови, и переше, и пеглаше, и метеше, и постелнината ја тресеше. Сè фино беше, но одненадеж го удри нешто во главата, се мрдна: започна да облекува фустани, да ја андулира косата, да ги маникира ноктите, да ги карминисува усните, да ги црта очите, клепките, веѓите, да носи обетки, огр- лици, чанта, чевли со штикли. Ми го однесоа во лудница. Тре- тиот ме сакаше толку што ми беше приврзан повеќе од кучен- це: каде што одев јас - и тој по мене. Не се делеше од мене. Ми викаше мамице. Кога ќе го чуеја, се вртеа. Кога ќе ме немаше дома, трчаше да ме пронајде. Ако не знаеше каде сум, седеше пред прагот и ме чекаше плачејќи. По цела ноќ ме држеше во креветот за косите за да не му избегам. Се спасив од него кога го зедоа за циркус. Четвртиот беше силен, јадар маж: вистин- ски ’рзак, пеливан. Со снагата негова заработуваше: одеше по селата и им покажуваше на луѓето колку е силен: креваше на плеќи сè што ќе му доведеа: магаре, вол, коњ. Пукна еден ден кога му денесоа најтежок бик да крене. На петтиот маж, пак,не му беше рамен ни кнез, ни крал, ни цар: облекуваше сè што е најубаво и најскапо: ја следеше најновата мода и така се обле- куваше. Кога ќе го фатеше дожд по патот, редеше картони пред себе на тротоарот за да не му се накиснат чевлите. Шпараше, закинуваше од јадењето, само да облече што поубаво. Велеше: Облеката човекот го прави, а не јадењето. И ајванот јади - ама пак си е ајван... Една ноќ кога се враќаше дома, случајно го ис- прска цистерната од гратската канализација што носеше из- мет од јама, легна болен од јад и долго време не се опорави... А шестиот, пак... Доста! Замолкни! ѝ свикав, до нос ми дојде со тие твои мажи! Оди в џенем и ти и тие... ѝ реков, си ги прибрав плачките и ја напуштив. Се вратив повторно во домот. Сега се приготвувам да дојдам таму. Чекај ме“. Ветерот дуваше, дуваше со денови и запре. Ги опусте сите страни налетувајќи како бесен: ги откорна високите дрвја што имаа слаби корења, однесе покриви на неколку куќи и плевни и му го отштрбави покривот на куќата од Трпе, му крена не- колку ќерамиди и му го урна оџакот. Ах, лош знак е ова, се ја- досуваше Трпе ѕидајќи го одново оџакот. Го соѕида, стави ќера- миди на покривот и ги затна дупките што му ги отвори ветрот. Ги обиколи и другите куќи во селото, ги прегледа и ги попра- ви продупчените покриви. Ги заштити да не ги подјаде и урне дождот, зашто урнатините што се шират околу него, го плашат - му се чини му фрлаат невидлива јамка и нему. Токму кога ја надгледуваше куќата на Гидија и ги поправа- ше капавиците, стаса Гидија. „Е, ти си како Ное - сè спасуваш!“ му свика Гидија од дво- рот. Трпе се штрекна, се изненади и слезе од покривот долу. „Здрав ми дошол Гидија!“ го прегрна. „Ќе фаќаме ли пак шпиони?“ „Какви шпиони! Нека одат по ѓаволите!“ свика Гидија, „јас дојдов сега по друга работа... Дојдов да им докажам дека овие краишта не треба да се запустуваат... Во овие краишта има ру- да што треба да се експлоатира...“ „Устата да ти цути, бре Гидија! Од каде знаеш?“ „Го знам тоа отпорано: уште од времето кога работев во оператива. Кога ги шетав овие краишта, постојано наидував на парчиња руда. А знам и окупаторските стручњаци ги крстосу- ваа овие краишта трагајќи по руда; имаа и специјална карта на која ги забележуваа местата каде што ги наоѓаа парчињата ру- да. Кога го заробивме еден нивни офицер, му ја најдовме кар- тата и примероците руда. Картата ја предадовме во штабот и не се знае што стана со неа. По ослободувањето ја барав во си- те воени архиви и институти, но не ја најдов. Им го кажав ова на стручњаците, но тие ми рекоа: Тука нема руда. Тоа ме налу- ти и еве дојдов да се зафатам со работа за да им докажам дека има...“ Трпе пак го прегрна и го баци: „Да си вековит, бре Гидија! Ќе ти се придружам и јас...“ Стануваа наутро рано, земаа копачи и одеа по планините да бараат руда. Копаа на секое место каде што Гидија претпос- тавуваше дека има руда. Душата им бревташе, им се тресеа ра- цете од копање, од умор, но надеждта ги храбреше и им дава- ше сила да продолжат, да истраат. Направата што ја имаше донесено Гидија, ја шеташе по земјата, погледнуваше во неа и му велеше на Трпета: Копај ов- де! Трпе копаше. Кога не ќе најдеа ништо, ја префрлуваше Ги- дија на друго место, ја погледнуваше направата и пак му веле- ше на Трпета: Копај овде! Трпе копаше. Копаше Трпе, а во мис- лите му навираше случката со направата што ја донесе Гидија во селото после ослободувањето, кога го бараше скриеното жи- то по куќите. Ги собра оние за кои претпоставуваше дека имаат скриено жито и им рече да го донесат, оти ако почне да го бара и ако го најде тешко си ним. Луѓето се потсмевнуваа: може со оваа играчка да најде скриено жито! Но Гидија им докажа: оти- де кај Давид полјакот, почна со направата да шета низ кералот, ја пикна по јаслите и им рече на луѓето: Копајте овде! Копнаа луѓето, и глеј, - се открија вреќите со жито. Видовте ли! им сви- ка Гидија, веднаш да го донесете скриеното жито оти матната ќе ве однесе ако го најдам! Донесоа тие што имаа скриено жи- то. А дури отпосле се дозна дека таа направа што ја имаше Ги- дија, не била за откривање на жито, туку Давид полјакот бил поткажан од некого што го видел каде што го крие житото. Шеташе Гидија со детекторот по земјата и му велеше на Трпета да копа. Копаа и наоѓаа разни примероци руда. Ги спо- редуваше Гидија со сликите што ги имаше во рударската кни- га и ги обележуваше со натписи: железо, бакар, боксит, јаглен, кварц, манган... Ги редеше на полиците во неговата одаја, која заличи на музеј. Обеси и топографска карта на ѕидот и ги од- бележуваше местата каде што ги наоѓаа примероците руда. При копањето, често пронаоѓаа и оружје и гранати закопани од војните. Додека Гидија ги проучуваше примероците руда, Трпе нестрпливо очекуваше да им ги однесе Гидија на стручњаците, да им ги покаже. Но Гидија го успокојуваше и му велеше: „Полека Трпе... Уште нешто да присобереме, па ќе зинат кога ќе ги видат... ќе јурнат да копаат, да отвораат рудници...“ По неколкумесечна работа, ги зеде Гидија парчињата руда и ги однесе на испитување. Трпе нестрпливо го чекаше да се врати, да донесе вест. Се врати Гидија, но јадосан, скислен. Му рекле: вакви примероци, во помала или поголема количи- на - ги има насекаде. Тие не даваат доволна гаранција дека има поголемо количество на руда за да почне да се експлоатира. Тоа може да се утврди само со истражување. А за тоа сега сè уште нема можност... „Поврага нека одат!“ рече Гидија лут, „ќе им докажеме де- ка вреди овде да се истражува и да се инвестира... Нема губење надеж“ му рече на Трпета, и започнаа одново да трагаат. Гидија донесе и динамит за полесно да им оди копањето, а вадеше екс- плозив и од гранатите што ги ископаа. Долго време работеа на местото каде што Гидија прет поставуваше дека има поголемо количество на бакар. Го очистија првин горниот слој на земја- та, ги исекоа сите дрвја и грмушки наоколу, ги откорнаа ко- рењата и дојдоа до црвениот слој на рудата. Нејзиното копање и вадење го продолжија со експлозив. Ќе ги поставеше мините Гидија, ќе ги поврзеше со фитили, ќе ги запалеше и ќе се криеја со трпета во дупката. Пукаа мините една по друга, одекнуваа планините и разлетуваа парчињата руда на сите страни. Иха! викаше радосно Гидија кога ќе запукаа мините, кога ќе одекнеа како во вистински рудник. По редот како што пукаа мините, Гидија ќе ги префрлеше: Браво Единицо! Браво Двојко! Браво Тројко! па: Браво Четворко! Браво Петко! Но еднаш една не ок- сплодира. Грицкаше Гидија на ноктите и се нервираше. Времето врвеше, а таа никако да експлодира. Подизлегуваше Гидија од дупката, подаваше глава да види дали фитилот гори, но Трпе го тргаше и му викаше да чека уште. Но Гидија изгуби трпение, излезе од заслонот, отрча кај фитилот, го провери дали е испра- вен, и во тој миг мината експлодира, го отфрли Гидија настрана опсипувајќи го со парчињата руда. Крикна Трпе: Ах, бре Гидија, што направи; истрча од заслонот, му ги растрга парчињата ру- да, го крена, но Гидија само го погедна: „Ах, неверна Шестка!... изусти и испушти душа. „Гидија бре, Гидија...“ го нишаше Трпе, го гушкаше, но попусто: од устата и носот на Гидија му збрзна крв. „Ах, бре Гидија, ах бре брате, биваше ли ова да го сториш, биваше ли да ме оставиш...“ ронеше солзи Трпе. Долго стоеше крај него бришејќи му ја крвта. Кога сосем остина Гидија, му ископа гроб, и го закопа. Му го покри гробот со рудата што кобно му го зеде животот. Од- блеснуваше рудата на гробот како крв. Го фрли Трпе копачот и повеќе не продолжи да копа. Трпе му кажа на поштарот Јовко за смртта на Гидија и дој- доа жена му, син му, пријателите, другарите од Службата ка- де што работеше и претставници на власта. Го откопаа за да го пренесат во град. Еден од службата каде што работеше Гидија, одржа говор и рече дека одликувањето што не го примил Ги- дија, му го предава посмртно. Му го остави на ковчегот. Син му на Гидија, Слободанчо, го извади пиштолот и ис- пука неколку истрели. „Што правиш синко?“ му рече мајка му. „Ја огласувам смртта на татко ми...“ рече тој. „И тој така ја огласил смртта на татко му кога умрел...“ Пилињата од Трпе пораснаа, станаа кокошки. Некои поч- наа да носат јајца. Но нивниот демон, орелот, постојано ги ни- штеше. Ги сотра најпрвин петлињата. Пилкаа прекрасно и тој глас им беше кобен: ќе ги слушнеше орелот уште оддалеку и ќе се сјурнеше на нив убивајќи ги со песната в уста. По петлињата, се наврте на кокошките - ги сотра и нив. Му остана на Трпета само една кокошка што ја чуваше како очите. Но еден ден и неа му ја снема. Ќе пукнеше Трпе од жал. Но по извесно време чу како во дворот квака квачка и води пилиња. Сон ли е ова или јаве, боже? Квачката и пилињата се качуваат по скалите и доаѓа- ат на чардакот. Ја гледа Трпе: па тоа е кокошката што му ја сне- ма... Лежела негде на јајцата што ги сносила и излежала пилиња; и еве сега - станала мајка, ги води пилињата со себе, ги носи на прозорецот и ги тера, ги учи, да скокаат на него како што таа скокаше кога беше пиле; ги води пилињата со себе во одајата, ги носи на постелата каде што лежи Трпе да го скорнат, да ги земе, да ги прошета, како што правеше со другите пилиња. Скока Трпе од постелата, ги бацува, ги гушка, ги реди на себе и ги носи низ селото, ги шета. Квечерината, тукушто квачката си ги прибра пилињата во кералот и ги пикна под себе, на дворната врата Трпе чу тро- пање. Викна: „Кој е?“ „Отвори, чичко Трпе“, чу женски глас. Која ли е ова, Исусе? слезе Трпе во дворот и ја отвори вратата. Пред себе виде убава, млада жена. Се вчудоневиде. „Не ме познаваш? Јас сум Тина Шеќерка“, му рече таа насмевнато. Трпе зина: „Тина Шеќерка?!“ „Да“. „Од каде ти овде?“ „Во неволја сум...“ „Каква неволја?“ „Да влезам, ќе ти кажам...“ Трпе постоја збунето, а потоа се поттргна и ја пропушти да влезе. Ја поведе по скалите во одајата. ѝ даде столче да седне и ја запали ламбата. Тина му побара вода, се напи, и издивна длабоко: „Ах, душата ми излезе додека се искачив овде...“ „Што мака те спотерало...?“ „Бегам... Се кријам...“ „Од кого?“ Таа помолча. „Од Палик? Од син му на Бомбе?“ - рече Трпе. Тина се штрекна: „Од каде знаеш?“ „Те бараше...“ Тина скокна од столицата: „Кога? Сега?“ „Не. Порано...“ „Ах“, издивна олеснето Тина и ја избриша потта од челото. Се напи повторно вода и рече: „Животот ми го згорчи тој проклетник! Никако да се откачам од него. Му бегам постоја- но, но тој пак ме наоѓа. Не ми дава слободно да дишам. По цел ден седи во кафеаната каде што работам и постојано ме следи со очите: гледа кого го служам, кој ми се насмевнува, кој цига- ра ми подава, кој што ми зборува. Ѕирка и во кујната кога вле- гувам да нарачам јадење, гледа колку се задржувам и што ми зборува готвачот. Кога ми е слободен ден, не ме пушта никаде да прошетам, ме држи затворена во собата. Клучот од врата го држи в џеб. Еднаш кога му избегав низ прозорец, ќе ме отепаше; ги закова прозорците. Го колнам господа што не ме роди грда, куца, саката, слепа - подобро и поспокојно ќе си го ми- нував животот, отколку вака. Ми иде понекогаш да се отрујам. Но си велам: Зошто тоа да го правам! Подобро бегај, криј се, измешај му ја трагата како што ја меша лисицата кога ја бркаат ловџиите. И еве, тоа му го сторив... А кога дошол да ме бара?“ „Тогаш кога си му избегала од мотелот...“ „Аха... Тогаш...“ издивна Тина. „Па му избегав, зашто сака- ше насила да му станам жена, да ме зароби... Штом заспа излегов на џадето, се качив во првото ауто што помина, размислу- вав каде да избегам, каде да му се скријам. Ми падна на ум она- му каде што тој најмалку се надева - во рудникот. Се вратив повторно таму. Кога ме видоа рударите, ќе поулавеа од радост. Бараа да останам постојано тука. Ме ставија да работам во рудничкото бифе. Леле, мајко, прометот во бифето се зголеми двојно-тројно. Заврши со работата, чинеа рударите, ископај ја рудата, и дојди во бифето - нарачувај. Ме пофаќаа со нивните црни раце, ме гушкаа, ми оставаа траги по рацете и лицето, но не им се лутев: драго ми беше што сите добордушно, подеднак- во ме сакаа; ме честеа пијалак, ми носеа цвеќе што го кинеа ко- га излегуваа од рударското окно - и тоа беше поцрнато од нив- ните раце, но јас не го фрлав: го редев во вазната да стои на шанкот да го гледаат. Навечер ме чекаа да го затворам бифето и сите така дружно ме испраќаа до бараката каде што спиев: се поздравуваа по ред и ми пожелуваа добра ноќ; чекаа на вратата додека не заспијам, додека не згасне светилката во одајата. Но постепено започна во нив да р’ти егоизмот, да се разгорува љубомората: се изгуби другарскиот, дружниот однос кон мене; започна секој посебно да се сучка по мене, да настојува да ме придобие, да ме тргне настрана, да ми се впушта како куче, да ми тропа ноќе на вратата и прозорците да го пуштам во одајата, да ми предлага брак. Започнаа сега кавги, започнаа расправии, биења, удирања со ножеви, загорчување на животот во рудникот. Кога виде управникот дека ќе дојде до убиство, ми рече: Девојко, ако ти е мил животот, оди си што побргу... Си отидов. Најдов работа во една новоотворена кафеана на пе- риферијата од градот. И кога помислив: сега сум мирна, спасе- на од сè, слободна, - ете ти го проклетиот Палик - ме пронајде. „А не ќе ми избегаш повеќе ти!“ рече и започна да ја заклучува вратата, да ги заковува прозорците на одајата, да ми забранува да излегувам сама. Почна да ме тепа. Да постапува со мене како со роб. Го пријавив. Милицијата го прибра, но по неколку дена пак го пушти. Сега уште поѕвер стана. Влета со нож во при- колката каде што седев со еден странец кој ме честеше секакви пијалаци и ми наздравуваше на сите светски јазици. Странецот го фати, го задржа, а јас избегав и се заклучив во кафеаната. Но тој му се оттргна на странецот и дојде да ја крши вратата на ка- феаната. Кога го виде газдата каде што £ телефонира на мили- цијата, избега. Ноќта пак дојде и почна да ми се заканува дека ќе ме убие. Си реков: додека го фати милицијата, најдобро е да избегам некаде, да се засолнам. Размислував каде да се скријам и еве дојдов овде... Отидов да си ја видам куќата, но гледам - паднала, се урнала... Видов дека чади само твојата куќа...“ Му побара леген со вода за да ги измие и разлади нозете. Трпе ѝ донесе. Го поткрена фустанот над колена и ги стави нозете во водата, брцна со прстите и фрли неколку грсти вода на колената што ѝ беа вжештени. Трпе седеше спроти неа и ја гледаше збунето. Таа се изми, се освежи и рече: „Јас би легнала, уморна сум“. Трпе ја зеде ламбата и ја поведе по чардакот во другата одаја. Еве, овде спи, ѝ рече, имаш душек и веленце. Тина ја погледа празната одаја, ја чу дивината каде што завиваше надвор, се наежи и рече: „Дали можам да спијам кај тебе во одајата. Овде ка се плашам...“ Добро, ѝ рече Трпе, ајде... ѝ го донесе душекот и веленцето во неговата одаја и ѝ посла во едното ќоше. Таа го слече фустанот, го префрли преку столчето и легна. Додека се слекуваше, на Трпета срцето му тупкаше од возбуда. На свет- лината од ламбата ѝ се оцрту ваше нејзиното прекрасно тело. Од умора, Тина бргу заспа. ѝ го слушаше Трпе дишењето и сон не го фаќаше. Се вртеше, се превртуваше. Радосен беше што во куќата чувствуваше женски здив. Исутрината Трпе стана рано, ја запали печката, ја измолзи кравата и го свари млекото. Кога сонцето огреа и влезе во одајата, Тина ги отвори очите, ги истри, ги префрли рацете под глава и рече: „Никогаш толку слатко не сум спиела...“ Стана, се истегна на прозорецот поткревајќи се на прстите од нозете. Сонцето ѝ блесна, ѝ ги зарумени образите. Црвениот комбинезон зафатен од сонцето како да ѝ гореше. Го облече фустанот и седна крај масата. Трпе тури во канчињата млеко и седна крај масата. Тина извади шеќер од чантата во која имаше и други работи што ги понесла за јадење и му подаде на Трпета да си стави во млекото. „Навикнат сум без шеќер“, ѝ рече Трпе. Тина отпивна од млекото и се загледа во Трпета: „Како издржуваш сам?“ „Ете така...“ „Не ти е тешко?“ „Ми е, но наоѓам сили, се борам...“ „Ти завидувам...“ му рече Тина. Целиот ден Тина го помина во прошетка низ селото; се чувствуваше како птица излезена од кафез; како птица која од- ново се вратила во своите предели. Најде на една ливада стог со сено и се качи на него. Вртеше на врвот од стогот и гледаше наоколу. Кога ќе ги раширеше рацете, на Трпета му зали- чуваше на птица што ќе одлета, ќе се вивне в небо. Потоа Тина отиде на изворот, се собу и влезе до колена во него: зафати да цапа како дете мало, се креваа јадри капки што ја стркаа по фустанот. Влезе во градината, во високата трева прошарана со цвеќиња и трчаше со шамијата в рака што ѝ се виореше; трчаше како да не гази на нозе, како да лебди. Се умори и седна во тревата. Скина цвеќиња и си направи венче на косата. Кога отпочина продолжи да шета низ селото, низ сокаците, низ дво- ровите. Ветерот ѝ ја креваше косата и на Трпета му се чинеше како самовила да врви низ селото. „Никогаш толку не сум се развеселила“ му рече на Трпета. „Се потсетив на детството...“ Легнуваа рано. Долгите вечери им минуваа во разговори. Му расправаше Тина што сè ѝ се случило откако го напуштила селото. Му кажуваше за многу луѓе пред да го запознае Палика што лудувале по неа; кажуваше како некој електричар постојано обја- вувал огласи преку весниците кога таа му избегала и нудел голе- ма награда на тој што ќе му каже каде е; те за некој сообраќаец што толку бил забрлавен по неа - што качен на моторот влету- вал во кафеаната каде што работела; поради неа и службата си ја изгубил; те за некој фотограф што ѝ давал слики на кој бил сликан гол како од мајка роден за да ѝ каже колку убаво тело имал. Ја гледаше Трпе Тина каде што навечер се слекува, а наутро облекува, и душата му се возбудуваше, му се потпалуваше. Една ноќ ја сони како станува од нејзината постела и доаѓа кај него на креветот; се вовлекува под неговата покривка и му вели: Што си толку повлечен, чичко Трпе, што си нерешителен... Овде сме сами и нема од кого да се стеснуваме и плашиме... Во ова пустелија заедничка судбина делиме. Самите луѓе - самата природа ги спојува... Се буди Трпе сиот во пот. Витка цигара и пали. Се буди и Тина и му вели: „Целата сум испотена; ноќеска нешто како да ме гмечеше...“ „Лоши соништа...“ ѝ вели Трпе. Со нејзиното идење, куќата на Трпе се исчисти, светна. Ги зеде Тина сите алишта и сета постелнина што ја имаше Трпе и ја испра. Се вееја алиштата на чардакот и на жицата оптегната во дворот ширејќи пријатен мирис. „Овде е убаво да се живеење...“ рече Тина вдишувајќи од свежиот воздух и слушајќи ги птиците што пееја. „Би живеела ли овде?“ ја праша Трпе. „Што да не... Се освежив, се препородив овде...“ рече Тина чувствувајќи го мирисот на зеленилото и цвеќињата во градите. Тина готвеше јадење. Трпе ѝ носеше што ѝ треба и ѝ покажуваше каде стои: сирењето, маста, брашното, солта, пастрмата, ситото, бљудот, сукалото, бутинот за матење матеница, овошти- ето, медот. ѝ носеше од бавчата компири, зелка, прас, штавел, пиперки, морков. Тина потпевнувајќи, ја поставуваше масата за јадење редејќи сè на неа како во ресторан: редеше по две чинии: за чорба и за манџа, редеше мали чиничиња за салата, вилушка, лајца, нож, соларниче, киселарниче, чашки за пијалак. Немаше само салфети. Одеше Трпе во градината и носеше лисја од лопушки. Се смееја и ги редеа на масата место салфети. Во месењето леб Трпе ѝ помагаше. Го гмечеше тестото и ѝ го даваше да го дели на парчиња, да ги обликува во лепчиња. Ја палеше фурната во дворот и ги печеа лепчињата од кои се ширеше пријатна миризба и ги надразнуваше пилињата кои чекаа што побргу да се испечат лепчињата за да им се фрли некоја трошка. При едно месење, на Тина ѝ падна прстенот во тестото. Среќа носи тоа, ѝ рече Трпе. Нестрпливо, чекаа да се испе- чат лепчињата, да ги извадат и да го најдат прстенот. Ги извадија лепчињата и почнаа да ги кршат на ситни делови но пр- стенот не го најдоа. Туфкаше загрижено Тина; „Значи, не ми е паднат во тестото...“ Кога отиде Тина во кералот да ја молзи кравата, се позабави и Трпе слезе да ја види. Тина седеше на триножното столче и со мака стегаш на боските од кравата. „Не пушта...“ му рече на Трпета. „Ќе пушта“ ѝ рече Трпе, „само треба посилно да се стегне...“ Клекна крај неа, ги стави неговите раце врз нејзините раце и стежна на вимето: низ босаците прсна млекото и крена пена во котлето. Тина му викаше: „Полека, полека чичко Трпе, ми ги сплеска прстите, а тој занесено стегаше, стегаше. По некое време ги тргна рацете, £ ги ослободи прстите на Тина и го обриша челото оросено со пот. Тина вчудоневидено го гледаше. Едно утро кога Тина стана од спиење и кога се истегна на прозорецот, нешто ја штрекна во половината, се фати за мевот и рече исплашено: „Аух, трудна сум... Ми направил дете тој проклет Палик! „Можеби не тоа... можеби од нешто друго те заболе...“ ѝ рече Трпе. „Ах, тоа е, тоа е, го осеќам...“ рече Тина плачливо. Постепено болките ѝ нараснуваа и Тина сè повеќе паѓаше во очајание. ѝ идеше да го згмечи мевот, да го здроби. Трпе ја успокојуваше: „Убаво е да се биде мајка - да се има свој пород, свое чедо...“ Но таа само чинеше: Ах, ах... Едно утро дојдоа двајца милиционери. Кога ги виде Тина, се зарадува: значи го фатиле Палика, си рече. Но набргу се штрекна кога ѝ рекоа дека се дојдени да ја поведат неа. „Зошто?“ исплашено праша Тина. „Имаме налог за апсење...“ ѝ рекоа. „За апсење?! Што сум сторила?“ побледе Тина. „Твојот љубовник Палик е најден отруен...“ „Јас тоа не го имам сторено...“ крикна Тина. „Можеби... но ние мора да те приведеме - да се докаже...“ ѝ рекоа тие. „Аух, господе!“ зафати да плаче Тина. Ја зеде чантата и тргна да оди. Во дворот го забележа прстенот што блескаше на земјата крај нозете од пилињата што преткаа. Го зеде и жално погледна во Трпета. Не било за среќа... Ако беше за среќа, во тестото ќе ми паднеше... сакаше да му рече. Го стави на раката, го гушна Трпета, се поздрави и така со солзи тргна со милицонерите. Ја гледаше Трпе сè дур не се изгуби во клисурата. Сè му беше пусто и не му се влегуваше во куќата. Седи Трпе на чардакот; вечерта е месечева, топла. Ги гле- да ѕвездите што трепкаат како разгорени жарчиња по небото, ја гледа месечината што ја истура својата обилна светлина и го слуша ноќното пиле што од некоја милина во душата не го фаќа сон и пее ли пее. Од селото наеднаш блеснува силна светлина осветлувајќи ги дрвјата и сиот простор наоколу. Скока трпе возбудено од креветот и гледа: во селото гори некоја куќа. Ги трие очите да види сон ли е ова или навистина гори. Пламенот се крева сè повеќе. Од каде сега оган боже? му затрперува снагата, ја граб- нува пушката и истрчува надвор. Трча надолу кон куќата, а таа сè повеќе гори, сè повеќе крева пламен. Доаѓа крај неа, се врти и не знае што да заправи. Чакмите од покривот се рушат, паѓаат, и расфрлуваат оган на сите страни. Како се запали мајко? врти Трпе околу неа исплашен. Подолу гледа започнува да гори друга куќа. Ај, добога! свикува и стрчнува натаму. Крај куќата гледа запалено сено. Удира со нозете, го растура и го труцка да го згасне. Се џари наоколу и забележува крај патот некаква сенка што движи. Кој си ти? вика кон сенката. Сенката зафаќа да бега. Трпе стрчнува по неа, а сенката започнува посилно да бега: скршнува од патот, скока преку браздата, меѓата, капини- те и влегува во бавчата - се крие зад стеблаците; Трпе влегу- ва во бавчата и сенката продолжува да бега: излегува од бавчата, скока преку оградата, преку ендекот и повторно излегува на патот. Трпе гледа дека ќе му избега и вика повторно: Стој, ќе пукам! Но сенката не запира и Трпе пука: еднаш, двапати и сенката паѓа. Стрчнува Трпе и гледа офка човек држејќи ја ра- нетата нога. „Кој си ти бре?“ му свикува Трпе држејќи му ја пушката вперена во него. Сенката офка, ништо не одговара. „Кажувај, оти ќе те разнесам!“ му вика Трпе и чкрапа со пушката. „Нуне Черенко...“ вели плачливо човекот. „Нуне Черенко?! А ти си тој проклетник! Од каде ти овде? Што мајчина си дошол да ги палиш куќите!“ „Ќе ги палам! Сите ќе ги изгорам...“ „Зошто идиоте?“ „Затоа што ме спотеравте во лудница...“ „О мајко божја!“ офна Трпе, „ти место да се поправиш - ти си се дозбудалил...“ Му ја држеше Трпе пушката во него и не знаеше што да за прави: да го убие или не. Нуне Черенко беше оној што садеше неродни дрвја во се- лото, а потоа ги сечеше лут што не му раѓаат; одгледуваше кри- шум волчиња, а потоа ги носеше во ловното друштво во град и добиваше награда за фаќање штетен дивеч; на жените кога ќе играа оро на средсело, им ги креваше кошулите и фустаните одзади и ги разголуваше. Ука-бука по него! На мисирките во задругата им пикаше в уста шупливи ореви наполнети со ра- кија и ги пијанеше. Врескаа мисирките, небото го корнеа. Ука- бука по него! Ги пијанеше и кокошките и петлите и мачките и кучњата и секоја живинка: Ука-бука по него! На средсело спа- руваше: бик и крава, коњ и кобила, куче и кучка: Ука-бука по него! Ако го скараше, ако го удреше или опцуеше веднаш низ селото разгла суваше дека си умрен, дека со паднал од на дрво или те изела дивина. Додека се разбереше оти не е вистина - камбаната ти удираше. Мајка му Бојка гледачката сè чинеше за да му ја истера лошата болест од главата. Му даваше да држи чавка и да вели: „Што сум правел досега - сум правел без ум... Што ќе пра- вам отсега - ќе правам со ум...“ Нуне повторуваше што му велеше мајка му. „Нема повеќе да правам белји“ ќе му речеше мајка му . „Нема повеќе да правам белји“ ќе повтореше Нуне. „Сета будалштина од мене ќе ја истерам со чавката...“ ќе му речеше мајка му. Нуне ќе повто реше. Ќе ѝ дувнеше мајка му на чавката во клунот и ќе ја пуште ше да одлета - да ги однесе буда лиштините на Нуне. Но Нуне уште побудала стануваше: фаќаше со стапица чавки, им стркнуваше бензин на опашката, ги потпалуваше и ги пушташе да летаат. Паѓаа чавките светејќи како метеори. На едно пцовисано магаре фрлено во трапот, му стави от- ров да ја труе дивината - ги отру сите селски кучиња. Видоа луѓето дека не се живее со него - го врзаа и го одне- соа во душевната болница. Стои така Трпе со пушката над него и се мисли што да му прави. „Стани ѓаволе!“ му вика. Но Нуне не станува, ја стиска но- гата што му крвари. Трпе го зграпчува и го поведува со себе. Нуне офка, куца по него и гледа да му се оттргна од рацете. Трпе го вади ремникот од панталоните и му ги врзува рацете. Го фаќа за половината и го влечка. Нуне потскокнува на едната нога и офка. Потклекнува, потседнува, отпочинува малку и Трпе пак го крева и го влечка. Го довлечкува дома, го седнува на стол и му дава да се на- пие вода. Рацете не му ги одврзува, туку му турива со дулето в уста; Нуне пие, збивта, пена му излегува од устата; гледа во Тр- пета напоречки, ѕверски. Трпе зема леген со вода, му ја запрегнува ногавицата и му ја замива крвта од ногата. Му ја исчистува раната со ракија, му ја премачкува со растопен восок и му ја заврзува со шамија. Нуне офка, ја трга ногата, се грчи од болки. Но Трпе му ја држи цврсто, не му ја пушта. Му подава повторно вода да се напие. Му ги одврзува рацете и му го подава дулето само да се напие. Нуне пие лакомо. Ги трие лузните што му ги оставил реме никот на рацете и душмански го гледа Трпета. „Што ќе правиш Трпе со мене?“ - го прашува Трпета. „Тоа што ти следува“, му вели Трпе. „Што? ќе ме предадеш на милицијата? Ќе ме убиеш?“ ско-ка од столот Нуне. „Седи мирен!“ му свикува Трпе и го фаќа за раменици. Го седнува повторно на столот. По некое време му вели: „Како дојде овде? Те пуштија од болницата?“ „Не“. „Ами...?“ „Избегав...“ „Ах, ѓаволе!“ му стрештува Трпе. Долго време молчеа гледајќи се еден во друг. Започна Нуне да дреме, да се превиткува на столот и Трпе му посла во едното ќоше од одајата. Легна Нуне и бргу заспа. И Трпета почна да го фаќа дрема, но пред да легне, ја заклучи вратата од одајата и заклучи во долапот сè што имаше во одајата: нож, кибрит, ножици, шило, железен толчник, шишето со газја. Ламбата ја намали и ја остави да светка. Пушката ја ста- ви крај себе и го извитка ременикот околу раката. Легна, но не можеше да заспие. Му го слушаше тешкото дишење на Нунета, бунцањето, и сон не го фаќаше. Стана да се напие вода; од не- говите стапалки Нуне се исплаши и почна да вика во сонот: Не! Не! Не пукај! Не убивај ме! Трпе зеде крпа, ја натопи со во- да, му ја стави на челото што му гореше од оган и го смири. По некое време Нуне почна да се тресе од студ, да штрака со заби- те, да д’тка. Трпе му стави веленце врз него. Скокаше Нуне, го фрлаше веленцето, викаше и мавташе со рацете бранејќи се од нешто. Изутрината сиот беше облеан во пот. Му даде Трпе алишта да се пресоблече. Му ја преврза ногата и му даде млеко да пие. По неколку дена на Нунета му беше подобро, ногата му заздраве и почна да излегува на чардакот, да шета низ дворот. Трпе веќе не криеше ништо од него: ни секирата, ни вилата, ни косата, ни некој друг опасен предмет. Туку намерно му даваше и секира да цепи дрва и коса да коси трева, зашто Нуне, ако не работеше ништо, ги гмечеше со нозете мравките низ дворот, ги убиваше. „Што правиш тоа?“ му викаше Трпе, „зошто ги убиваш?“ а тој му велеше: „Да не ми го разнесуваат телото после смртта...“ Кога дојде поштарот Јовко, се зачуди кога го виде Нунета кај Трпета. „Од каде овој овде?“ рече Јовко. „Избегал од болницата... Дојде да ги пали куќиве...“ „И што ќе правиш со него?“ „Размислував да го вратам... Но се попишманив... Го задржав“. Јовко го погледа Трпета: „Зар со луд човек ќе живееш?“ „Подобро со некој - отколку со никој...“ му рече Трпе. Јовко ја нишна главата и му даде писмо што му го праќаше отец Игор. Трпе со нетрпение го читаше. „Драги брате Трпе, еве да ти се јавам дека сум здрав и жив и дека се наоѓам во Света Гора. Деновите што ги поминав таму со тебе, ќе ги паме- там додека сум жив. Овдека времето го врвам во исповед, во молитви. Затворен сум во ќелија и го молам Исуса Христа да ми ги прости гревовите на Божјиот суд. Кому му ги простува Исус Христос гревовите? ме пра- шува отец Захарие Разумник кој е задолжен да ми ги исчисти гревовите. Му ги простува на оној кој верува во него, а кој не верува - веќе е осуден, - му читам на отец Захарие. Втор услов? - прашува отец Захарие. Втор услов е да ги признаеме своите гревови: ако ги при- знаеме - ни се простуваат. Трет услов? - прашува отец Захарие дремејќи. Трет услов е да се покаеме; ако се покаеме - Божјиот суд ќе нè помилува. Кога е почнат Божјиот суд? - прашува отец Захарие. Спрема пророштвата: во 475 година пред Христа . Кога ќе се одржи повторно? По второто доаѓање на Исуса Христа... Кога ќе биде тоа? Кога борбата меѓу злото и доброто ќе биде завршена на земјата. Какви знаци ќе се јават? Ќе блесне силна светлина што ќе биде видлива и на исток, и на запад, и на север, и на југ. Тогаш ќе се покаже на небото знакот на Исуса Христа. Што ќе стане со мртвите? Мртвите ќе воскреснат и заедно со живите ќе летнат во пресрет на бога. Што ќе рече Исус Христос кога ќе дојде? Ќе рече: „Сврши!“ и ќе заблескаат громови, ќе се затресе земјата... Кога последниот пат му го читав ова на отец Захарие Разумник (чинам триесет и трет беше) се стресе земјата, се затре- се манастирот, се стресе отец Захарие, истрча надвор и почна да вика: Доаѓа Христос! Доаѓа Христос! Трчаше низ манастирскиот двор и викаше. Земјата долго време се нишаше од земјотресот и ќерамидите паѓаа од покривот на манастирот. Една од нив го удру отец Захарие по гла- вата и го остави на местото мртов. Бог да го прости. Многу ми помогна да ми ги исчисти гревовите. Наскоро ќе заминам во некој манастир каде што никаква жива душа нема. Зашто ти реков: „Каде што нема никој - нема ни гревови. Писмово со здравје да те најде“. Чудни нешта, чудни знаци крие природата. Во градината Трпе има лозница што по режењето, постојано солзее, капе, ре- чиси - цела година. Таа не е како другите лозници, што по ре- жењето, ќе покапи неколку дена и ќе запре, туку капе сè доде- ка плодот ќе £ заврзе. Затоа Трпе ја вика: плачлива лоза. Една година £ ги врза со крпи изрежаните места - коленцата што ѝ капеа и лозницата почна да се суши. Се исплаши Трпе и ги од- врза коленцата. Лозницата живна и даде богат плод. Нуне често лежеше под неа, под нејзината дебела сенка. Но капењето на лозницата го нервираше и почна да ги заврзува коленцата. Го забележа Трпе и му свика: „Не ги заврзувај коленцата...“ „Зошто?“ „Ќе се исуши лозницата...“ „Зошто да се исуши?“ „Така...“ му рече Трпе. „Таа самата си знае зошто...“ Друго чудо беше - селската чешма. Валави чарот Прокопие, за да си остави спомен во селото - направи чешма на изворот. Соѕи- да ѕидови, стави дулец, ја затвори водата и ја крена нагоре да тече низ дулецот. Еден дел од водата што не ја собираше во дулецот, се пробиваше и течеше низ камењата под чешмата. Прокопие стави уште два дулци, и ја собра сета вода да тече низ дулците. И глеј што се случи: водата почна да се намалува, да секнува. Што ѝ ста-на боже? се чудеше Прокопие, се чудеа и сите луѓе. Се исплашија да не се изгуби водата и ја срушија чешмата, ја ослободија од стегите - и таа почна одново да тече како што си течела порано. Трето нешто беше старото дабово дрво што растеше на сред село. Старо беше преку петстотини години. Неговиот стеблак не можеа шест луѓе да го префатат. Летно време под него, под неговата сенка, се собираа луѓето, лежеа, се одмараа. Тука се држеа предавања, говори, се играа ора; под него же- ните плетеа, везеа; на гранките негови младичите и девојките префрлуваа јажиња во пролет и правеа лулашки да се лулаат; во крошната негова многу птици наоѓаа засолниште и дом. Дрвото имаше огромни корења што се ширеа и над земја- та како прсти од раширена педа. Колку гранки на дабот му беа разгранети над земјата - толку корења му беа разгранети под земјата: во тоа самата природа му помага, велеа луѓето, за да може дрвото да се додржи, да им одолее на ветровите и невре- мињата и за да си обезбеди доволно храна. Дабот, од секоја куќа, од секое место, се гледаше. Наут- ро кога ќе станеа луѓето, првин кон него ќе погледаа за да ви- дат какво е времето: одблеснува ли сонцето на неговите висо- ки гранки, или ветрот ги ниша; пеат ли птиците на него или се вознемирени, се бијат меѓу себе претскажувајќи лошо вре- ме; гледајќи ги неговите озеленети гранки, луѓето дознаваа ка- ко пролетта напредува, колку летото е сушно и спарно, колку лисјата му се свенети и пеплосани и колку има родено желад за да се заклучи каков ќе е родот кај другите дрвја. Дабот имаше една благословена моќ - да го штити селото од громови. При невреме, при грмотевици - громови удираа во него, во него се празнеа: му откинуваа гранки, му го рас- цепуваа стеблото, му ја подгоруваа кората - но штом ќе дојде- ше пролетта - тоа одново заживуваше, ги залечуваше раните и почнуваше да се шири, да буи. Кога се правеше задружниот дом, се реши да се пресече дабот за да се отвори место за домот а и тој да се искористи за граѓа на домот. Се пресече дабот, но глеј чудо: громовите сега започнаа да удираат на домот. Ставија луѓето громобран на домот и го заштитија. Сега громовите зафатија да удираат куќите. Удираа дè на една дè на друга. Господе, викаа луѓето, што ни требаше да го пресечеме дабот... Еден ден Трпе ја грабна пушката и сакаше да пука во Ну- нета кога виде како повторно ја врзува лозницата за да не му капе. Го грабна за раменици и го истера од кај лозницата. Еден ден дојдоа двајца службеници од душе вната болница. Кога ги забележа Нуне, се припи кон Трпета. „Дојдовме по Нунета...“ рекоа. „Не давај ме, не давај ме...“ почна Нуне да го моли Трпета. „Оставете го“, им рече Трпе. „Не смееме...“ рекоа тие. „Наредено ни е да го земеме...“ „Јас ја земам обврската да се грижам за него“, им рече Трпе. Тие се погледнаа и му рекоа на Трпе: „В ред, напиши дека ја преземаш одговорноста и грижата за него...“ Им напиша Трпе. Заминаа тие, а Нуне сè уште исплашено се стискаше кон Трпета и го гушкаше. Еден ден Нуне скитна низ планината и донесе едно мало мече. „Каде го најде, мајко божја?“ се изненади Трпе. „Во една пештера... го чув каде што сму чкаше...“ Мечето цимолеше и се тресеше од страв. Му послаа рого- зина и го ставија во едното ќоше од одајата. Му дадоа да јаде, но тоа смучкаше и ја тргаше главата настрана; ги гледаше луто. Се обиде Нуне со сила да му пикне јадење в уста, но тоа згрчи и го касна со забите. Нуне го тресна по главата и тоа зафати да цимолка. Тукушто легнаа да спијат, на вратата се чу силно тропање. Излезе Трпе на чардакот и викна: Кој е? Чу стапалки што се одвоија од вратата и свртија накај оградата. Пред Трпета се по- кажа голема мечка, разбеснета и лута. Ја скрши оградата и вле- зе во дворот. Аух, се штрекна Трпе и стрча во одајата да го земе чивтето. Што е? скокна Нуне исплашено. Што да е, ѓавол да те земе, доаѓа мечката по мечето! Скокна Нуне исплашено и летна кон мечето да го фати, да го задржи зашто и тоа го насети мирисот на мајка му, го чу нејзиното рикање во дворот и поч- на да турка на вратата да излезе. Започна едно грозно морничаво довикување меѓу мечката и мечето. Замолкни го! Замолкни го! викаше Трпе. Нуне му ја стегаше муцката. Кога мечето замолкна, кога мечката не му го чу гласот - се вознемири од- ново и сјурна по скалите да се качува на чардакот. Се качи на чардакот, се исправи на вратата и почна да турка, да ја корне. Се заниша одајата, се заниша куќата. Нуне го стегаше мечето и се тресеше од страв. Трпе го протна чивтето низ прозорецот и пукна; мечката падна и зафати да рика, да се превиткува, но повторно стана и се нафрли на прозорецот. Трпе спука уште еднаш и сачмите ѝ се зарија во срцето. Падна мечката, рикна уште неколкупати и занеме. Трпе ја наполни повторно пушка- та, но немаше потреба веќе да пука: мечката кореше со грлото како заклан јунец. Кога се раздени, зафатија да ја дерат. Запалија и оган во дворот и ставија од месото да се пече. Мечето кога ја виде мајка си каде што ја дерат, почна да цимолка, да завива, да јачи, и од жал пцовиса. Пак Нуне од зори се искраде и отиде некаде. Го најде Трпе во гробиштата каде што откопува гроб. Му свика: „Што правиш тука?“ „Го откопувам татко ми...“ му рече Нуне. „Каков татко! Татко ти не е тука... Нели знаеш дека од туѓина му ги испратија само алиштата и сликата...“ „Го сонив ноќеска...“ му рече Нуне. „Ме викаше да го отко пам... Откопај ме, чедо, жив сум закопан в гроб...“ ми велеше. „Затоа, морам да проверам...“ „Какви соништа!“ му свика Трпе. „Ајде дома...“ По неколку дена пак го најде каде што го откопува гробот на татко му. „О, мајко божја, тебе умот не ти иде!“ му стрешти Трпе. „Пак ми се јави татко ми... Пак ме викаше да го откопам...“ му рече Нуне. Трпе го остави да го откопа. Го откопа гробот, го отвори капакот од ковчегот и ги виде внатре само алиштата и сликата од татко му, згниени. Зафати Нуне да плаче: „Ах го нема татко ми... Што ќе правам јас без татко...“ На Трпета му падна жал, и му рече: „Не плачи... Јас сум ти татко...“ Нуне го стисна и почна да му ја бацува раката. Нуне зафати почесто да се искрадува од дома и да бега. Еден ден се пикна во камбанеријата во манастирот и почна да ја бие камбаната; ја биеше грозно, морничаво. Ах, врагот да те земе! Истрча Трпе да го запре. Влезе во камбанеријата, но не го најде. Влезе во манастирските конаци и тука не го најде. Вле- зе во црквата и виде каде што горат сите кандила и свеќи. Ах, проклет! викаше Трпе и се вртеше низ црквата да види каде е. Го забележа качен на иконостасот со раширени раце како Исус Христос. „Што си се качил горе, врагот да те земе!“ му свика Трпе. Тој шишна со устата: “Шшшшттт!“ „Слегувај долу!“ “Шшшшттт!“ „Слушаш ли што викам: Слегувај долу!“ пламна Трпе. „Шшшшттт! Не слегувам. Јас сум Исус Хри стос...“ „Море ќе ти дадам јас тебе...“ му свика Трпе, излезе во дво- рот, грабна стап и почна да го мава по нозете. Заофка Нуне и почна да слегува. При слегувањето, се слизна, падна и си ја ши- на ногата. Почна да лелека, да се превиткува. Уште тоа ми фа- леше, ѓавол да те земе! му свика Трпе и почна да го влечка; го извлечка во дворот, но Нуне не можеше да оди и Трпе го качи на грб. Душата му излезе додека го свлечка дома. Го остави на постелата. Но слушајќи го кај што јачка, кај што се превитку- ва, му падна жал, стопли вода, направи сапуница, му ја истри ногата и му го намести исчашениот зглоб. Му направи јакија и му ја врза ногата. По три недели јакијата падна и ногата му оздраве. Сега Нуне постојано седеше на чардакот, молчеше, ништо не зборуваше. Виде Трпе дека нешто го мачи и го праша: „Што ти е?“ „Сакам да се женам“ му рече Нуне. „Да се жениш?!“ „Да“. Трпе помолча. Сакаше да му свика, но помисли: ако се жени, можеби ќе се скроти, ќе се вразуми. Ќе си создаде семејство... ќе се намножи животот во селото... „Добро, штом сакаш да се жениш - ќе се жениш...“ му рече. „А кај ќе најдам невеста?“ „Ќе побараме по околните села. Ќе му речеме на поштарот Јовко да се распраша“. „Иху!“ свика Нуне радосно. Започнаа да ја средуваат куќата и да ја приготвуваат за свадба. Испекоа вар во варницата, ги варосаа одаите, ја варосаа целата куќа и внатре и надвор: светна куќата, се разубави. Го исчистија дворот од балеги, од лепешки, ја подновија оградата на чардакот со нови штици, ги исковаа дупките на алето на чар- дакот, го извадија гнојот од кералот и го растурија по нивјето, ја препокрија куќата на оние места каде што капеше, ја уредија другата одаја каде што ќе спие Нуне со невестата. На ѕидовите обесија огледало, плетенка од ’ржаница, китки босилок, потки од дрен, гранчиња од смрека за да мириса пријатно одајата. Нуне со нетрпение го чекаше поштарот Јовко да дојде и да каже дали нашол невеста. И така чекајќи го Јовка, ги собра Нуне едно утро пилињата на буништето, чепкаше низ гнојот, им вадеше глисти и ги тераше пилињата да скокаат, да се грабат на глистите; скокаа пилињата кон глистите што Нуне ги држеше меѓу прстите. Бликнуваше во радост кога некое од пилињата ќе му скокнеше дури до главата за да ја дофати глистата. Трпе виде едно од пилињата обесено на гранката од дрвото. Стрча и му свика на Нунета: „Што си направил ова, идиоте!“ Го зеде пилето, му ја извади јамката од гушата, но пилето - беше мртво. Пламна Трпе, го жегна нешто в душата и свика: „Ах, бездушнику, како си смеел тоа да го сториш...!“ Нуне рече: „Тераше инает со мене... Не сакаше како другите пилиња да скока по глистата... Го врзав со конец да го кревам нагоре, но ете, слабичко - испушти душа...“ „Ах, проклет! Проклет!“ свика Трпе сиот бесен и го зграпчи да го бие. Го удри неколкупати, но Нуне му се оттргна од рацете и почна да бега. Летна Трпе по него, но Нуне му се сокри. Вечерта не се врати да спие; не се врати ни утредента. На Трпета му падна жал и почна да го бара. Го бараше по куќите, плевните, кералите, урнатините; викаше, го молеше да излезе, да не се крие, но Нунета го немаше. Ги изврте сите места: задружниот дом, валалницата, манастирот, тра пиштата, пеште- рите, шумите, но Нунета никаде го немаше. Во торбичката ста- ваше леб и ја бесеше на оние места каде што претпоставуваше дека Нуне ќе мине, да ја земе, да не умре од глад. Но како што ќе ја оставеше - така и ќе ја најдеше: негибната. Што ми требаше да го удрам? си велеше Трпе барајќи го на сите страни. Еден ден Трпе легна под сенката од јабол кницата во дворот. Денот беше топол, спарлив, тешко се дишеше; сенката од јаболкницата го покриваше правејќи му ладовинка; сонцето одвреме навреме се пробиваше низ крошната, му блеснуваше во лицето и пак се криеше. Одеднаш Трпе чу зад себе стапалки. Се врате и го виде Нунета. Скокна изненадено, радосно. Се врати, значи, му вели; зошто избега? Не избегав, му вели Нуне, туку отидов да барам жена. Еве види... му вели и го води надвор. Пред вратата Трпе гледа коњ, а на него качена невеста; на главата има долга везе- на марама, киска со бубаќ, мониста и пулајки; на лицето дулак; на неа срмен забан, на забанот гердан, колан со пари, скутник, препашка, шамија со пуфки, везена кошула со грлинче, везени чорапи и чевли со пуфки. Ја симнува Нуне, ѝ го вади дулакот, ѝ го отскрива лицето, црвено, расцутено здраво. Овој ми е тат- ко, ѝ вели и ја запознава со Трпета; и тебе ќе ти биде татко, ѝ вели, направи му метании и баци му рака. Таа се наведнува му прави метании и му бацува рака. Трпе рошка по џебовите и ѝ дава пара. Таа ги прави сите невестински адети: пред да влезе во дворот, бара да ѝ се донесе малку маст и мед. Стрчнува Трпе и ѝ носи. Зема таа со прстите од медот и маста и ја намач- кува вратата, прави нешто како крст: да е плодно и бериќет- но нејзиното доаѓање во куќата; преминува преку прагот со десната нога, влегува во дворот и од торбата ја вади погачата да заигра: ги фаќа за рака Трпета и Нунета и започнува да во- ди оро. Свирки и тапани нема, но тие играат и скокаат како да има. Потоа невестата влегува во куќата, седнува во одајата и им вели на Трпета и на Нунета: Седите и вие да си ги видиме најпрвин сметките. Тие се погледнуваат меѓу себе и седну ваат. Таа ја вади марамата од главата, венчето и киската, се ослобо- дува од сите тежини и украси на неа, се раскомотува и им вели: Кога се купува ајван - се прави пазар. И ние треба да направи- ме пазар. Уште во почетокот да ги расчистиме сите работи; да си поставиме сè на свое место. Прво: да констатираме - Нуне не ти е син и спрема тоа, и ти не си му татко. Второ: за да жи- веам во оваа пустелија, треба да имам силна причина, да знам зошто. Ако е момчево добро - се живее со него и на сув камен. Но тоа допрва ќе го видам. Но за да останеме со Нунета да жи- вееме кај тебе - треба да видиме каква душичка имаш, што чо- век си. Зашто можеш во секој момент да ни ги удриш клоците, да не истераш со прстот в уста - да не ни дадеш ништо од она што сме го работеле и спечалиле со тебе. Значи, за да си биде сè како што треба - треба договор; треба да се договориме дека сè што ќе сработиме - е заедничко, а по твојата смрт - сè ни останува нам. О, од сè срце! Од сè срце! викна радосно Трпе, па јас такви луѓе и барам - кога ќе умрам да има кој да го продолжи животот во куќава, во селово... Веднаш, веднаш, ви потпишувам... „Трпе, Трпе, што правиш,... Освести се...“ му вика пошта- рот Јовко, нишајќи го. Трпе се буди сиот облеан во пот. Сенката одминала и го оставила на сонце. „Ама си заспал, како топ...“ му вели Јовко. „Нуне ми избега, а во сонот ми дојде со невеста...“ рече Трпе. „Го сретнав каде што скита по селата“, рече Јовко. „Се из- ненадив и го прашав: Што си избегал откај Трпета, а тој ми рече: Моја работа... Ајде, врати се назад, му реков, ти најдов невеста... Но тој ми рече: Не се враќам... Зошто го прашав, а тој ми рече: Не живеам со луд човек...“ „О мако божја!“ офна Трпе: „Зар јас луд човек?!“ Поштарот Јовко му донесе писмо од Тина Шеќерка. Го читаше Трпе со возбуда. Му пишуваше Тина: „Драги чичко Трпе, ти се јавувам да ти заблагодарам за деновите што ги поминав со тебе таму. И да ти кажам дека се породив: имам син. Како што знаеш, бев разочарана и сакав да го пометнам, но вистина било така: како што растел плодот - така, со време, се развивала и мајчинската љубов кон него. Не само што не помислував на абортирање, туку и внимавав да не направам нешто што би го повредило плодот во мене: полека легнував, полека станував, внимателно работев и почесто одев на лекар да се прегледувам. И еве се породив, детето здраво-прездраво, ангел божји. Кога ми го донесоа сестрите да го надојам, кога ми се залепи тоа на градиве, кога му го почувствував здивот, мирисот, топлината на неговото тело - посреќна од мене немаше на светот! Чувствував дека држам в рака дел од моето срце, од мојата душа. И еве го одгледувам, го растам и се радувам со него. Но напати ме обзема некое тажно чувство што татко му Палик не е жив, што будалски си го одзеде животот... А да беше жив, сè поинаку ќе беше: ќе нè споеше детето, ќе не натераше да живееме заедно. А сега и кого да го земам за маж - никој на детето не ќе му е она што ќе му беше Палик: татко. Со време, кога ќе порасне, знам ќе почне да се интересира за татко му, да ме пра- шува зошто се отру, а јас ќе ги собирам рамената и ќе му велам: Судбина... судбина, чедо... Понекогаш ме потпалува нешто и ми иде да го направам она што го прават волчиците: да го оставам детето и да си го продолжам животот така како што си го терав пред да ми се роди тоа: слободно, без никакви обврски. Но нешто однатре ме сепнува и не ми дава да го сторам тоа. Го гушкам детето и си велам: луда си, луда си... Вистина било така како што велат: до- дека не родиш - ништо... Но откако ќе родиш - друг живот и судбина ти се пишува... Уште еднаш ти благодарам за сè. Во најтешките мигови најдов засолниште кај тебе. Се чувствував како на некој остров зафрлен и заштитен од сите неволи“. 248 Или ти мене ќе ми го згрозиш животот или јас тебе, мајче- то твое! му свика еден ден Трпе на орелот кога му крена уште едно пиле. И зафати постојано да седи надвор со чивтето в ра- ка и го чека да му излезе на око. Го менува местото за да може што подобро да го забележи и изненади: се припива до стебла- ците во градината и го држи чивтето при ле пено крај себе за да не го забележи орелот; се качува на дрвата и се крие во крош- ните; се искачува на ридчето над куќата од каде што се гледа подобро и подалеку; го покрива телото со гранки за да не го забележи орелот, но тој никако да му излезе на нишан. Неколкупати досега ја избегна орелот смртта, му курту- ли: еднаш леташе доста високо и сачмите не го фатија; другпат, густите гранки на јасиката го заштитија; третпат, стреловито профучи над пилињата така што Трпе не се осмели да пука за да не ги запне со сачмите и пилињата. Знае орелот дека сачмите не достигаат високо, и кружи, кружи, пркосејќи му на Трпета. Додека го гледа орелот, Трпе е спокоен, но кога ќе му се изгуби, кога ќе му се скрие - тогаш го фаќа страв, нервите му напнуваат: штути и гледа на сите страни од каде ќе налета, од каде ќе го изненади. Стои така на штрек, и откако ќе помисли дека го нема, дека не иде - ете го тој: се прикрал, се спуштил ниско зад куќата за да не го забележи Трпе и стреловито, со собрани крилја, се спушта на пилињата. Тие пискаат исплаше- но и бегаат на сите страни. А мајчето твое! пука Трпе со чивте- то и го запнува со сачмите: излетуваат пердуви од него, спрпува со крилјата, ја губи рамнотежата, собира сили да не падне во дворот, и бега, се струполува во шумичката, пред да му даде можност на Трпета да пука уште еднаш. Стрчнува Трпе во шу- мичката, го бара, врти низ грмушките, гледа по дрвјата, но него го нема. Тука си, тука си, мајчето твое, чкрта Трпе со забите и оди по капките крв што му капеле по земјата. Ја крева главата во густата крошна на дрвото и го забележува каде што прпелка и кркори. Му го навртува чивтето, пука, и орелот се распаѓа: пердуви и коски разлетуваат на сите страни. Се враќа Трпе задоволен дома, но глеј: на небото започну- ва да кружи неговото потомство: две млади орлиња... Плукнува Трпе бесно, го навртува чивтето и започнува одново да воју- ва со нив. Во градината Трпе има неколку кошариња со пчели. Коша- рињата се заградени со висока ограда, со високи колје ишилени на врвот и опшиени со дрвени појаси и бодликава жица да не може да влезе мечка. На браздата што тече низ градината, на- прави чешмичка: издлаби дрвено коритце и ја пушти водата да тече низ него; на местото каде што паѓа водата, стави лимено канче прицврстено на полуга, кое, кога ќе се наполни - стеж- нува надолу, се отпушта од полугата и треснува на ламарината под него. Тогаш водата се истура и повторно полугата го крева канчето да се наполни со вода. На тој начин, канчето постоја- но удира на ламарината, се испразнува и пак се крева да се на- полни. Тоа удирање врз ламарината оѕвива и ги плаши мечките. Но еднаш една мечка ја удри со нога таа направа, ја откорна вратата и им се пушти на кошарињата да вади мед. Ја забележа Трпе, спука и мечката ги остави кошарињата. И тогаш пчелите не избегаа. Пред неколку години кога низ селото поминаа глувците, им втераа страв и на пчелите. Бегајќи од птиците што ги гонеа, глувците се пикаа и во нивните кошариња. Пиштеа пчелите, се нафрлуваа на нив, ги касаа. Најтешко им беше, кога глушецот што ќе го отепаа, мораа да го исфрлат од кошарето: се собираа сите и со судни маки, малку по малку, го влечкаа глушецот од кошарето. Кога ќе го исфрлеа надвор, го покриваа со земја за да не им смрди и да не им го загадува местото крај кошарињата. И тогаш пчелите не избегаа. Тешки денови пчелите имаа и во времето кога фати голе- миот студ, кога и дрво и камен пукаше од фраќ, кога снегот им ги покри и затрупа кошарињата; со големи маки Трпе се пробиваше до нив за да им даде храна и ги ослободи од тој снежен намет. И тогаш пчелите не избегаа. Но еве сега му избегаа и не му се враќаат назад. Ги бара Трпе по сите дрвја низ селото, по сите дрвја наоколу, по плани- ните - но нив никаде ги нема. И тие, значи, ме напуштија, издивна болно Трпе. Ги гледа празните кошариња и срцето ќе му пукне од болка, од жал. Штом ќе чуе некоја пчела, штом ќе ја види да мине - трча по неа за да види каде се кријат но никаков траг не открива. Кај да оди, постојано навраќа кај кошарињата да види дали се вратиле, но залудно. „Лош знак е кога пчели ќе избегаат и не се враќаат...“ му рече поштарот Јовко. Поштарот Јовко му донесе на Трпета писмо од Војдан во кое му пишуваше: „Во домот, Трпе, зедов друга жена. Не е толку лична како Марица - Царица, но има убав карактер: ме слуша и прифаќа сè што ќе ѝ речам. ѝ велам: Ќе одиме, душо, да живееме в село. Ќе си ја отвориме куќата што ја напуштив, ќе си ја средиме и ќе започнеме нов живот. Таа ми вели: Каде са- каш носиме Војдане, ако сакаш и на крајот од светов, само да излезам, да куртулам од овој дом. Во домот ги направивме сите формалности: ја откажав со- бата, ја предадов постелнината и ѝ ветив на управата дека повеќе не се враќам назад за да можат да ја дадат на друг. Збогум, мили мои, им реков на сите во домот, одам во нов живот! Доста ми беше сево ова. Јас одново се раѓам, јас одново започнувам живот во својата куќа, во своето место. Таа исто така им рече на своите другарки: Збогум, мили мои, излегувам од ова зандана, одам во нов живот, во слобода. И така, Трпе, дојде денот да си дојдам таму. Чекај ме“. И ете, дојде најпосле Војдан со неговата жена. Но место радост - тажно беше доаѓањето: ја гледаа со Трпета неговата куќа што само на неколку дена пред да дојде - падна. Гледаа Војдан и жена му во урнатините, издивнуваа и ги бришеа солзите. „Бати ја среќата моја...“ повторуваше Војдан. Трпе го успокојуваше: „Не трупи си го срцето Војдане... Било пишано да падне... Дојди кај мене, имам јас место... Ќе живееме заедно... Војдан нишаше со главата и издивнуваше: „Не, Трпе, ти благодарам... Со неа и мојот сон се сруши... Таа ме влечеше ваму... Со смртта нејзина - свршено е сè...“ Ги погледаа уште малку урнатините и Војдан си тргна со жена му да се враќаат назад. „Чекај Војдане, размисли...“ му викаше Трпе. „Еве имаш и други куќи во селово...“ „Немам што да размислувам...“ му рече Војдан. „Ниедна не е како неа...“ Ги следеше Трпе со очите сè дури не се изгубија во процепот од клисурата. Непријатно се почувствува Трпе, кога се фати, кога се чу, како сам со себе разговара. Од што ли иде тоа? Од немањето со кого да разговара? Од старост? Или тоа е наследно, бидејќи и мајка му често разговараше сама со себе. Имал можност да види и други луѓе како си зборуваат сами со себе: војници на долги и исцрпувачки маршеви; затво реници осудени на долга робија; луѓе што патат од несоница; луѓе што имаа тешко бреме на душата, што ги јаде нешто. Кога пак се фати Трпе каде што си зборува со себе, се исплаши; виде: тоа му станало навика... Постојано седи на чардакот и гледа во небото, во облаци- те што се мешаат, што се оформуваат во разни форми заличу- вајќи на прастари животни и чудовишта. Порано кога работе- ше, немаше толку време да го набљудува небото, да ја набљудува природата и сето она што се случува околу него. А сега кога болеста пак му стежна, седи на чардакот, си ја топли на сонцето кожата која сè повеќе му се истенчува, му станува проѕирна, и му се чини - еден ден ќе си ја види низ неа својата внатрешост. Седи така и гледа во пајакот што над него ја плете мрежата. Постојано ѝ додава по некој конец, прави по некој круг; оди напред, врти, и пак се враќа назад да провери дали му е цврсто направена, и пак продолжува да ја шири мрежата. Го следи Трпе со очите, ја гледа мрежата како расте и му навира страв: мрежата му коби пустош, мртвило во куќата. Се поткрева од постелата и замавнува со стапот - ја кине; пајакот исплашен бега, бара цеп во гредата да се скрие. Стои така скри- ен, и откако ќе заборави на стравот, пак излегува и продолжува одново да испушта конци и да ја плете мрежата. Почнува по истиот редослед: првин прави мало крукче - центар на мрежа- та, потоа испушта зрачни конци, преку кои врти, ги опшива, прави кругови; слично на куќа кога се гради: првин се поставу- ва темел, а на него потоа се додава сè. Пајакот почнува отпрвин пополека, со страв, а потоа сè побрзо и побрзо плете. Го крева Трпе стапот, замавнува и му ја кине. Пајакот пак бега и се крие. Стои така неколку часови или ден скриен, и одново излегува да ја плете мрежата. Трпе одново му ја кине. Тој одново почнува, Трпе одново му ја кине. Тој повторно - Трпе повторно. Тој пак, Трпе пак. Како што излегува пајакот - така Трпе го зема на ни- шан. Кога ќе го погоди, кога ќе го столчи - ќе заврши оваа бор- ба меѓу нив. Глеј, селото ненадејно, наврапито - оживува. Златен госпо де! Однекаде, од земјата ли, од небото ли поскокаа - ете ти ги дојдоа ковачот Плоде, Мануша и децата. Викање, пискање, пеење - радост и живот во селото. Растрчуваат децата по сокаците: свират, тропаат, плачат, се смеат. Плоде удира со секирата, сече костенови дрвја, прави иверки, копа јами, ги фрла иверките во нив, ги пали и прави јаглења. „Господ да ве благослови! Се вративте, значи...“ им рече Трпе радосно. „Какво враќање“, му рече Плоде. „Одиме по панаѓури, та навративме да направиме јаглења...“ На Трпета му се собра срцето. „А ти болен си?“ му рече Мануша. „Да.“ „Што ти е?“ му ги зеде Мануша рацете, му ги сврте и му погледа во дланките; му ги крена очните капаци, му ѕирна во белките и го праша: „Какви маки имаш...?“ „Не можам да се движам... Немам сили...“ „Духот ти е попуштен“, му рече Мануша. „Затоа ти се губи силата... А те јаде и староста... Кога ќе го зафати човека староста, се врти кон зајдисонцето; знае - таму му е патот...“ „Не му е ништо“, ѝ рече Плоде. „Тој е како камен речен: го бие водата од сите страни - а тој пак издржува...“ За тие денови што поседаа, Мануша ги изврве сите куќи и собра сè што најде недособрано во нив. Децата ги испокакаа куќите и дворовите, ги испотепаа и оние малку птици што се врткаа во селото, ги испокршија здравите прозорци на куќите, собраа по бавчите сè што најдоа за јадење и заминаа како што си дојдоа: неусетно, незабележано. Остана селото пак пусто и глуво. „Ах, Трпе, Трпе...“ му рече поштарот Јовко дувајќи низ от- петланата кошула во градите, „душата ми доаѓа в нос качувајќи се низ клисурата, нозете ме вијат - но кога ќе помислам дека писмата ти причинуваат радост и ти се единствениот контакт со светот - заборавам на маката и се искачувам, идам...“ Рошна во торбата, го извади писмото и рече: „Отец Игор ти праќа но- во писмо - веројатно ќе се врати назад...“ „Прочитај ми го“, му рече Трпе, „очите ми откажуваат“. Јовко почна да го чита: „Драги брате Трпе, ова е послед- но писмо што ти го праќам. Порано ти пишав дека сакам да се вратам назад и да одам во некој најзафрлен манастир, но се от- кажав од тоа. Сакам овде да останам и во мир да му се пре- дадам на бога. Секој ден чекам да се ослободи некоја од оние испоснички ќелии што се наоѓаат на карпите крај морето. Од нив се гледа само небото и бескрајното морско синило. До нив се искачува со судни маки по бескрајните стрмни карпи. Од- време навреме од манастирот им носат на чедата божји само вода и малку леб за да ја додржат душицата во живот. Кога ќе стаса чамецот по морето и ќе застане под карпите, божјите чеда, испосниците, спуштаат јажиња на кои се врзани кошнички во кои треба да им се стави вода и леб. Од секоја пештера се пушта јаже како од небото да се спушта. Ако од некоја пеште- ра не ќе се спушти јаже - испосникот умрел - му се предал на бога. Телото му го закопуваат во манастирските гробишта. По неколку години, коските му ги пренесуваат во скриптата – во манастирската визба. На секој череп стои напишано името и годината кога станал божје чедо. Ете, драги Трпе, и јас ќе заминам во тој божји мир. Ти пи- шувам за да ми се знае каде ми сконча, каде ми заврши животот. Имаше денови кога ни се спојуваше животот. Но сега пак секој си се препу штам на својата судбина... Во божјата Книга на животот се вели: „Колку животи - толку судбини...“ рекол господ и зарекол... „Збогум, драги Трпе, за навек...“ „Што ти е животот: некој за него страда, некој од него страда...“ рече поштарот Јовко. Тоа што се случи, навистина беше чудо: дувна топол ветер и овошките расцутеа предвреме, апансас; се ишараа со разнобојни цвеќиња: бели, розови, црвени, жолти, сини. Разелена сè наоколу, се крена секоја тревка, секоја билка. Се исполни воздухот со секакви мириси. И одеднаш, небаре некој дувна, го згасна сонцето: се стемни, поцрне небото - започна да врне снег, да врнат јадри лапавици како латици памук, како партали. Се измеша и снегот и цутот и наеднаш обеле земјата. Неве- ројатно: од пролет - зима. Викаше Трпе по господа, молејќи го и колнејќи го во ис- то време, зашто само тој и Трпе беа единствени сведоци на она што се случуваше. Кога се истопи снегот, кога дрвјата ја преболеа болеста, на Трпе му пцовиса кравата. Остана и без неа. Поубава крава не- маше: кротка беше, прекротка. Од кротина, често му дозволу- ваше и на смокот да ја цица. Научен беше проклетиот и одвре- ме навреме излегуваше од под јаслите во кералот каде што се криеше, и кога ќе видеше дека го нема Трпета, ѝ се свиткуваше околу задните нозе на кравата, ја приклештуваше да не може да мрда и ја цицаше. И којзнае до кога така ќе ја цицаше, ако еден ден не ѝ здодеа на кравата да ѝ се опашува околу нозете - кога го виде каде што доаѓа - го стапна со ногата и не му даваше да мрдне, да поземе душа. Но на нејзина несреќа, главата му беше слободна, се изви тој и ја касна - го истури отровот во неа. Ја закопа Трпе со тешка болка во срцето како што порано ги закопа и кучето и коњот. Отиде и таа, издивна болно Трпе, сега, значи, на мене е редот... Пилињата уплашени што сега и кравата ја снема од кера- лот, претрчуваат возбудено низ дворот цивкаат, се качуваат по скалите на чардакот, влегуваат низ прозорецот во одајата и го бараат Трпета; му идат на постелата каде што тој лежи болен, пилкаат и го молат да стане, да ги прошета. Но Трпета нозете веќе не го држат; устата му се суши, грлото му се собира, воздухот му се губи. Си ја насетува смртта: подолго време од рацете и нозете крвта му се повлекува и му се собира некаде во него - како на корен чиишто жилки започнуваат да се сушат. Задно станување му беше некни кога ја закопа кравата и кога отиде во кабманеријата да си ја удри камбаната - зашто кога ќе умре, ќе нема кој да му ја удри. Знакот на смртта започна и во сонот да му се јавува. Некни сони како се вратиле сите луѓе во селото, ги отвориле куќите, ги поправиле, ги очистиле од трњето и коровот. Насекаде ве- селба и песна. Му доаѓаат луѓето кај него дома, го гушкаат, го бацуваат, му заблагодаруваат што издржал, што го дочувал се- лото. Го креваат на раце, го носат низ селото, викаат радосно, а тој се задушува и вика: Воздух! Воздух луѓе! Никој не го слу- ша. Се трупат сè повеќе луѓето околу него, се грмадат, пуштаат раце - секој сака да помогне во носењето. И наеднаш, гледа: не го носат на раце, туку во мртовечки ковчег. Го носат и плачат. Застануваат на секоја раскрсница, на секоја чешма и изворче, го симнуваат на земја и го простуваат од секое патче каде што минувал, од секоја вода што ја пиел. Попот штрака со кадилни- цата и му пее молитва. Го носат на гробиштата, го спуштаат во гробот, и пред да почнат да му фрлаат земја - тој скокнува, се буди од сонот целиот облеан во пот. Да, смртта е веќе тука, пристигнала, си мисли Трпе, но прашањето е како ќе му пристапи, на каков начин ќе го земе. Имал можности многупати во животот да ја види како доаѓа и како постапува: има смрт што доаѓа наеднаш, молневито - да не знаеш ни дали дошла: тоа е случај при удар со куршум, со гром, со секи- ра или со било кој тврд предмет по главата; таа смрт е лесна, убава по својата постапка, но грда по својата намера; има смрт која долго стои крај тебе, долго ти е присутна, очи в очи си со неа: ја гледаш каде што те измачува, исцрпува, давајќи ти време да се бориш со неа; тоа е при давење во во- да, при задушување со гасови, при затрупување под урнатини, при труење; има и добра смрт: кога ќе те види како се бориш, како чи- ниш сè за да не се предадеш: да досториш нешто што не си до- сторил, да докрајчиш нешто што не си докрајчил, да си ја ис- полниш некоја неисполнета желба - и тогаш таа те причекува; те причекува и ти дава можност последната желба да ти се ис- полни: да го дочекаш најмилото што ти се враќа од фронт или туѓина; или те остава да ја направиш закажаната свадба; или да дојде она годишно време во кое сакаш да умреш; има смрт сожалива: ако види дека на оној што треба да му ја земе душата, е единствен хранител на семејството, а има дробни дечиња, болни и стари мајка и татко, кои чекаат на него како пилињата во седелото што ја чекаат мајка им да им донесе јадење - тогаш таа се сожалува и го одлага земањето на живо- тот за извесно време. Такви случаи имало повеќе; има смрт која оди само по деца; таа смрт ја наречуваат детска или ангелчица, зашто таа била некое ангелче што си ба- рало другарчиња да игра; има смрт старечка или спасителка, која зема само стари луѓе: ги спасува од тешкиот, изнемоштен живот. Таа смрт е ка- ко косење трева: косиш стара - за да никне млада; има смрт која со време се одомаќинила во семејството и живее постојано во него; никој не ја знае додека не ѝ стапне како што се стапнува на змија, додека не ја разлути - и тогаш таа збеснува и го укасува. Потоа се повлекува, се притајува, и така седи мирна со години, додека повторно некој не ја стапне. Од неа луѓето се бранат само со раѓање: колку таа зема - толку луѓе надоместуваат со раѓање. Било како било, секој си има своја смрт што го следи низ цел живот, која е врзана само за него и не оди по друг; ниту, пак, тој може да ја даде на друг, си мисли Трпе и си ја чека да му дојде. Но пилињата, еве, му преткаат на него, го бодрат и му даваат сила да стане. Ги жулка тој ги милува, присетувајќи се со мака - која генерација се: десетта ли, единаесетта. Станува од постелата со мака, се потпира на ѕидот од одајата и се влече, оди - но не знае како оди; се спушта по скалите надолу - но не знае како се спушта; рацете на кои му се пилињата, му паѓаат; тоа го чувствуваат тие и го куражат да издржи. Ги стега забите Трпе и слегува по сокакот надолу кон селото. Нозете му потклекнуваат, не го држат: се занесува, се тетерави. Запира крај леските и влегува во нив - се заглавува меѓу две дрвца: едното му ги потпира градите, а другото грбот - и го држат така исправен да не падне. Пилињата пилкаат на него. Стои така Трпе заглавен меѓу дрвцата, времето одминува, а во ушите му идат разни шумови и гласови на птици, на бубачки, на лазачи и на секакви тишки што се простуват од него. И лисјата шумат и се простуваат од него. Вистина било, си вели Трпе: пред смртта - на човека му излегува сиот живот пред него, се одмотува како лента, како клопче и си го гледа сето она што било и му поминало: еве, пред очите му излегува дедо му, ист онаков каков што му раскажувале за него: висок, косчест, долги мустаќи, испакна- ти јаболкца на образите, густи веѓи, втонати очи; јагнешка шу- бара, искрпен џамадан, опинци од кожа; сиромав пресиромав; од имот - едно нивче на кое ни магаре не може да се истркала; кога му се родило дете (татко му на Трпета) жена му му ум- рела. За да има кој да го одгледува детето, се преженил. Растело детето (татко му на Трпета), но било глад, немало што да јадат. Војните не стивнувале, војските пустошеле, собирале сè што имало за јадење. На маќеата ѝ дошло луда помисла во главата: да го ослепи детето, кое тогаш имало четири години и да го пушти да пита за да можат да се прехранат. Кога го дознал тоа дедо му од Трпета, ѝ се заканил дека ќа ја убие ако го стори тоа; го зеле дедо му од Трпета војник, а татко му со маќеата со- бирале кочанки по нивјето, собирале киселачки, собирале секакви корења и растенија да се прехранат, да преживеат. Војните носеле болести и татко му од Трпета често се разболувал до умирање; кога завршиле војните, се вратил дедо му од Трпета здрав и жив; кога наближил кај куќата пред вратата си го видел си- на си како пушта рака и моли да му се даде нешто. Слеп. Него како рофја го удрила во срцето. Ах, проклетнице, господ да те убие што си ми го ослепела детето! викнал кон жена му и лет- нал во дворот. Токму тогаш од куќата излегла таа, ги раширила рацете да го пречека, да го гушне, но тој го извадил пиштолот и ја отепал. Притрчале соседите, го фатиле, го смириле. Му кажа- ле дека детето не го ослепила таа - туку дека тоа ослепило кога го фатиле големите сипаници. Офнал тој и сакал да се убие. Ја закопале неа, а него го зеле на робија. Татко му на Трпета го прибрале селаните да живее кај нив; живеел во секоја куќа по малку; (првпат кога Трпе чул за ова му личело на приказна, но сè било така): живеел татко му шетајќи од куќа во куќа, а со текот на времето се оспособил да оди сам, без некој да го придружува; потчукнувал со стапот по камењата, дрвјата, по оградите и точно знаел на кое место се наоѓа и уште колку чекори му треба за да стигне таму каде што тргнал; за да не му минува времето напразно, почнал да работи; одел кај ѓупците што доаѓале на средсело да продаваат плетени работи и учел од нив да плете; му ја земале тие раката и му покажувле како се вкрстуваат прачките, како се плете дното на кошничката, како се плетат страниците, витките, рабовите, рачките. Во почетокот му било тешко, но со постојано повторување на истата работа - рацете му свикнале и почнал сам да плете. Сечел во врбјакот прачки, ги лупел и плетел сè што ќе му нарачале селаните: кошници, сепетки, кошови; на сметка на слепилото, му се развило сетилото за допир; и претставата за време извонредно му се развила; доволно му било да ги чуе петлите наутро или некој да му каже колку е часот, а потоа, во било кое време во денот - да ти каже точно или приближно колку е часот; во селото имало и некоја слепа девојка, - Депа, која многу го сакала татко му од Трпета; му лупела прачки и му помагала во плетењето; сè што ѝ давале дома и за јадење - го делела со него; како што одминувало времето, така тој нестрпливо го оче- кувал татка си да се врати од робија. Дури собирал и пари од плетењето за да имаат да живеат кога ќе се врати татко му. Но срцето му се збигорило, кога му јавиле дека татко му умрел во затворот. Се разболел тешко: го фатиле пак сипаници. За малку ќе умрел. Но кога оздравел, се случило чудо - му се повратил видот, прогледал; се собирале сите околу него, го пофаќале, го загле дувале, се радувале, но тој, не се возбудувал, се држел како ништо да не му се случило. Само седел збунет, бидејќи она што го гледал околу себе, не му се поклопувало со она што тој си го претставувал во овие петнаесет години поминати во слепило. Сè му било чудно и необично: и куќите и луѓето и селото. Како што со мака се привикнувал на слепилото кога ослепел - така сега со мака се привикнувал на гледањето; дошло време да се жени; му давале најдобри девојки од се- лото; но за чудо на сите - тој си ја зел слепата девојка Депа. Таа го роди него, Трпета, таа му стана мајка. Во слепило го роди, во слепило го одрасна. Никогаш не му го виде лицето, никогаш не дозна каков е. По гласот го познаваше дали му е добро или лошо, дали е болен или здрав, тажен или весел. Се движеше са- ма низ куќата и низ селото, како и татко му од Трпе кога беше слеп: знаеше секој предмет каде се наоѓа и каде треба да се стави. Кога другарчињата ќе му речеа на Трпета во лутина: Мајка ти е слепа, Трпе фрлаше камења по нив; почнаа нови војни и немаштина во селото; заминаа мно- гу луѓе на печалба. Замина и Трпе со татко му во Гери-Индија-на. Ги прифати некој нашинец што одамна отишол таму и се оженил со тамошна. Кога спечалил пари, почнала желбата да го копка и да го јаде да се врати назад, но жена му не сакала да му иде, да ја напушти Гери-Индијана. Преидувал тој одвре- ме навреме во татковината и на секое враќање за Гери-Индија- на, понесувал во торба или во вреќа земја од родниот крај и ја постилал во градината околу куќата. И другите нашинци што доаѓале кај него во Гери-Индијана, му носеле торби со земја која тој скапо им ја плаќал. Кога ќе се зажалел за родниот крај, влегувал во градината, газел по земјата, мирисал од цвеќињата и викал радосно: „Јас сум на своја земја... Јас сум дома...“ татко му на Трпе се вработи во рудник, а Трпе во приста- ништето: товараше бродови. Спиеше кај една вдовица во при- стаништето. Вдовицата му даде посебна соба со посебен влез и му рече само двапати во месецот да ѝ се јавува: на први и на петнаесетти за да ѝ ја плати киријата. Дворот од куќата беше заеднички, но Трпе никако не можеше да ја види вдовицата да излезе, да шета. Еднаш ја виде како скина цвеќе во дворот и го стави на иконата во нејзината одаја. Излезе Трпе, ја пресретна и ѝ рече: Добар ден. Како сте? ја праша Трпе, но таа ништо не му одговори. Со молчење влезе во одајата. Еднаш ја забележа каде што излегува со ножици да ја сече зелената ограда во дворот. ѝ пријде Трпе и ѝ рече да му ги даде ножиците тој да ја исече. Му ги подаде таа молчејќи. Кога ѝ поѕвони на вратата да ѝ ги врати ножиците, таа го покани да влезе на кафе. Тој се збуни и влезе. Додека го пиеја кафето, таа постојано гледаше во него. Кога го испија кафето, го отвори шкафот и му рече: „Одбери си од алиштата...“ Трпе пак се збуни. „Земи, земи...“ му рече таа, „нема кој да ги носи; мажот ми е умрен“. Кога се облече Трпе, таа го изгледа од сите страни и му рече: „Личиш на мојот маж: ист си како него...“ По некое време пак го викна кај неа да му даде и други работи од мажот ѝ: кошула, машна, мантил, чевли. Му ја покажа неговата слика и му рече: „Неверојатно колку сте слични...“ Го гушна восхитено. На Трпета срцето му затрепери, се возбуди и тој ја стисна. Се бакнаа. Сакаше Трпе уште еднаш да ја бакне, но таа се одлепи од него и клекна пред иконата да се моли. И по неколку дена, кога пак ја бакна, таа пак се одлепи од него и клекна пред иконата да се моли. Во неделите го шеташе по сите оние места каде што шетала со мажот: во музеи, паркови, галерии, кафеани, игралишта, излетишта. Го однесе и во гробиштата да го види гробот на мажот ѝ. Еден ден однена- деж му предложи да се земат. Трпе пак се збуни, не знаеше што да рече. Помисли на татко му: Што ќе рече тој? Знаеш, ќе му речеше: „Какво женење! Ние сме овде времено... Не затрчувај се, не врзувај се...“ Но од друга страна, пак, помисли Трпе: ова е згодна прилика која не треба да се испушти: жената е сама, има куќа, ќе си го прибере и татка си тука, ќе го спаси од рудникот... Се кршеше Трпе, размислуваше долго, и најпосле ѝ рече дека се согласува. Се приготвија да се венчаат, но пред да дојдат на венчање, таа го праша која вера е. Тој ѝ рече: христијанска. Неа како гром да ја удри: пожолте, помодре, затрепери, се заниша како вртоглавица да има, седна на столот и му свика: „Напуш- ти ја куќава веднаш...“ „Зашто?“ „Не прашувај, излегувај!“ му свика таа држејќи се за челото. Трпе не знаеше што да заправи. Стоеше вкочането, немо, но таа стана, му ја отвори вратата и му свика: „Излегувај!“ Трпе излезе. Од прозорецот ја виде како клекна под иконата и почна да се моли и да плаче. Кога им го кажа ова Трпе на нашинците, тие му рекоа: Којзнае на каква вера и секта си накапал... Овде ги има секакви... Отиде Трпе да работи кај татко му во рудникот; работеа неколку години, се дур еден ден рудникот не ги затрупа; едвај ги извлекоа живи; кога излегоа надвор, косите им беа побеле- ни. Тогаш татко му му рече на Трпета: Јас младоста ја поминав во темница- не сакам и староста... Да си се вратиме дома. Другите работници што беа со нив затрупани, останаа да се судат со управата, да бараат оштета, а татко му му рече на Трпета: На човек што останува жив, не му треба ништо... Доволно е што животот го има... враќајќи се назад преку океанот, му раскажа на Трпета ед- на приказна: Во старо време на некој си сиромав човек по име Јусуф Ел Заид од Дамаск, во сонот му се јавил глас и му рекол: Станувај Јусуфе и тргни за Багдат; појди во градината на калифатот Абдул Рашид и кај шадрванот ќе најдиш закопано благо. Сиромавиот Јусуф на ова не му придал никаква важност. Но втората ноќ гласот повторно му се јавил, му се јавил и третата ноќ, и сиромавиот Јусуф тргнал на долгиот пат за Багдад. Ја на- шол градината на калифот, но немал смелост да влезе внатре, зашто имало стражар. Вртел Јусуф околу градината и гледал како да влезе. На стражарот му станал сомнителен и му свикал: Што се врткаш околу градинава? Кажувај што намера имаш, оти ќе те предадам на власта да те затворат. Се исплашил Јусуф и му кажал на стражарот за сонот и за гласот што го терал да дојде овде. Стражарот му рекол: Ако јас бев глупав како тебе и ако верував во соништа - сега ќе бев веќе во Дамаск. Ќе појдев во куќата на некојси Јусуф Ел Заид за кого гласот ми рече дека во неговото огниште имало закопано големо благо. Но јас не сум глупав тоа да го верувам... Кога го чул ова Јусуф Ел Заид, се зачудил, му заблагодарил на стражарот и веднаш се вратил дома. Копнал во огништето - и вистина го нашол скриеното благо... И ние, синко му рече татко му на Трпета, скитаме по светот да го најдеме скриеното благо, а тоа ни е во огништето... во знак на благодарност што се вратија живи и здрави, татко му на Трпета £ купи на црквата голема камбана. Кога ја донесоа со камион до џадето долу, целото село се собра да по- могне да се искачи во селото. Ја ставија камбаната на трупци, ја врзаа со јажиња и синџири и сите луѓе теглеа на јажињата и туркаа на камбаната по стрмниот пат низ клисурата. Ја теглеа, ја влечкаа нагоре два дена. Дрвјата под неа се лижеа, се јадеа од камењата, сечеа други дрвја, ги заменуваа и теглеа на јажиња- та и синџи рите. Како што наближуваа во селото, така и силата им се зголемуваше. Во селото излегоа сите старци и деца што не можеа да теглат, ги вадеа капите, се крстеа и ја бакнуваа камбаната. Ја искачија камбаната на брегот кај манастирот, и колку што им требаше време да ја донесат дотука - уште толку им требаше да ја качат и обесат на врвот од камбанеријата. Правеа скелиња, правеа лостови, диреци, потпирачи, макари, сучеа дебели јажиња и ја креваа камбаната педа по педа, сажен по сажен. Идеа луѓе и од другите села да помогнат. Кога најпос- ле ја искачија и обесија камбаната, започна општа веселба, оп- шта прослава. Најпрвин попот му заблагодари на татко му од Трпета за овој свет подарок што ѝ го даде на црквата, отчита молитва и ја благослови камбаната, а потоа му го даде јажето на татко му од Трпета - тој прв да ја удри камбаната. Го заде тој јажето, го заниша надолу, го тргна неколкупати и камбаната ѕвекна силно и го разнесе својот глас на сите страни; одекнуваа планините од нејзиниот ѕвон. На татко му од Трпета му течеа солзи низ очите. Од тој ден, при секое удирање на камбаната, при секое нејзино одгласување, тој застануваше неколку мигови вкочането ослу шнувајќи го нејзиниот глас, кој му се чинеше, како од срцето да му излегува; по доаѓањето, татко му од Трпета започна да си прави и надгробен споменик. Довлечка мермерни камења, зеде алати и со денови чукаше, ги клесаше; рацете му окоравеа, му ожеба- веа, му се тресеа, но тој упорно ги делкаше камењата за својот вечен дом. Кога ги изделка и состави, стави и плоча. Нарача да му се направат слики на порцелан за него и за жена му и ги стави сликите на плочата. Под нив ги напиша имињата и годи- ните на раѓањето... Ги остави само годините кога ќе умрат; мајка му од Трпета често одеше кај споменикот, го пофаќаше да види каков е, ги пофаќаше сликите и си велеше; Слепа на овој век - слепа и на тој век; кога се разболе, му рече на Трпета: „Го молам господа во пролет да си умрам... Во пролет да ми ја земе душата...“ „Зошто мајко?“ ја праша Трпе. „Тогаш синко“, му рече таа, „природата буи, сонцето блеска, тревата никне, цвеќињата цутат, птиците пеат - сè е како во рајот. А бидејќи сум чула дека пред смртта слепиот човек прогледува - би сакала да ја видам таа убавина што никогаш немав можност да ја видам...“ Така и се случи: ум- ре во пролет. Но никој не дозна дали прогледала и дали ја виде- ла пролетта... по смртта нејзина умре и татко му. На надгро бната пло- ча Трпе им ги допиша годините на умирањето. Три дена биеше камбаната во чест на татко му, на тој што ја остави да живее вечно; жена му на Трпета се викаше Дафина. Името го доби по дафиновиот цвет, зашто мирисаше на него. Чудесија божја: ко- га ќе поминеше - целата куќа мирисаше на дафинов цвет. Уш- те кога сум се родила, велеше таа, сум замирисала на дафинов цвет и затоа ме крстиле Дафина. Како девојче, секој сакаше да ја помириса, да ја бакне, да го почувствува дафи новиот мирис. Често, другарките £ завидуваа што момчињата трчаа по неа, па ставаа во пазувите мирисливи цвеќиња, но не мирисаа така ка- ко што таа мирисаше: кога му се роди син на Трпета - и тој мирисаше на дафинов цвет, како и мајка му, та затоа го крсти Дафинко. Но несреќите започнаа уште од раѓањето да го следат; на мајка му ѝ секна млекото. Трчаше Трпе по сите лекари и бајачки. Бојка гледачката ѝ рече дека навите ѝ го зеле млекото и зафати да ѝ куша. ѝ стави кација со жар, корито со вода и секира. ѝ рече да ги прескокне и да вели: Прескокнав оган - не се изгорев; прескокнав секира не се пресеков; прескокнав вода - не се удавив. Го направи тоа Дафина. Бојка ја зеде кацијата и ја праша: „Кого да го изгорам?“ Дафина рече: Навите! Ја зеде секирата и ја праша: „Кого да го пресечам?“ Дафина рече: Навите! Го зеде коритото со вода и праша: „Кого да го удавам?“ Дафина рече: Навите! Ги зеде Бојка кацијата, секирата и водата, сврте со нив околу куќата и ги фрли во трапиштето. На Дафина ѝ се врати млекото; кога дојде време да прооди Дафинко, падна и се заплаши да оди; одеше по ѕидовите држејќи се како слепо. Бојка гледачката пак му покуша: му стави на гушата синџирче со крсче и му рече: „На градите крсче, во срцето ангел, под нозете врагот - гази го, гази го... Му подаде рака на Дафинко и тој почна да си оди, се ослободи од стравот. Кога направи петнаесет годи- ни, отиде в партизани. Беше најмлад партизан во одредот на Гидија. Ги помина сите борби, и кога требаше да се врати дома загина на Сремскиот фронт, на прагот на слободата... по ослободувањето Трпе му ги пренесе коските и му ги за- копа во гробиштата; Гидија со чета војници му оддаде почит; му направи Трпе надгробен споменик, му ја стави сликата и го- дините на раѓањето и загинувањето. На гробот му посади да- финово дрво за да мириса место него. На секој празник села- ните му носеа цвеќе на гробот. Кога се иселија, продолжи Трпе да му носи; кога мајка му дозна дека не е жив, падна во бесознание; ја удри жалта в срце и започна ноќе да скока од сонот, да излегу- ва на дворната врата, да ја отвора, да ги шири рацете и да го гушка синот што го гледаше; често ја земаше неговата слика и зборуваше со него; кога му ги пренесоа коските, кога му се на- прави гробот, таа постојано клечеше крај него. Почна да се су- ши, да венее. Го загуби дафиновиот мирис - замириса на земја, се стопи - и умре. Ја закопа Трпе крај Дафинко. На гробот ѝ ја стави сликата и годината на раѓањето и умирањето. ѝ посади дафиново дрво да мириса место неа. Си направи и за себе Трпе гроб, си ја стави сликата и годината на раѓањето; остави само место за годината на смртта. И постојано одеше кај гробовите да ги очисти, да не се запустат, да им тури вода на дафиновите дрвца, да се свежи, да не се исушат; по смртта на жена му, Трпе отиде на реката да лови риби; улови неколку мренки и се врати дома да ги испржи. Им тури вода во тенџерето да ги измие од песокот и калта; но гледај чудо: една од мренките оживеа, иако долго време помина откако ги улови. Ја пофати со прстот и таа се размрда и почна да бега низ водата; тури уште вода во тенџерето - оживееја уште неколку; се превртуваа од грб на мев, мрднуваа со опашка и како пијани, како зашеметени, втонуваа и пак се креваа; туриваше Трпе вода и тие сè повеќе добиваа сила, оживуваа. Го гледаше Трпе тој нивни напор, таа нивна борба да ѝ се и се оттргнат на смртта, да се повратат во животот - и немаше веќе срце да ги јаде. Ги зеде и ги однесе назад во реката. Ги гледаше како радосно јурат низ водата и го колнеше господа што нема срце ни колку за човекот: што не се смилува да ги остави во живот синот и жената... Стои така Трпе заглавен меѓу дрвчињата и си го гледа пред себе животот што му минал; пилкаат пилињата на него, на не- говите раширени раце како Исус; времето врви, очите му се за- маглуваат, та не знае дали вистински гледа чад од нечија куќа во селото, од некој што се вратил, или тоа така му се причину- ва. Околу лицето му летаат глуварки и кацнуваат на него како на земја од кој треба одново да изртат. Гледа: едно од пилињата пушта глас, се пробива низ леските и ги бара другите пилиња; доаѓа и радосно што ги нашло, се качува и тоа на Трпета кај другите пилиња. Ја слуша Трпе мајка му, квачката, каде што го кара: „Каде беше досега?“ Тоа ѝ вели: „Бев да го уништам пајакот на чардакот - да не ја плете повеќе мрежата...“ На Трпе му навираат солзи на очите. Уште малку сонцето ќе згасне зад планината и светлината ќе си ја прибере. Тоа повторно ќе изгрее, си мисли Трпе, а јас, а јас... Му навираат во мислите зборовите на Мануша: кога ќе го фати човека староста, се врти кон зајдисонцето; знае - таму му е патот... Му навират зборовите на Бобме: Животот е трага по вода: бргу се зарамнува... Му навираат и зборовите на поштарот Јовко: Што ти е животот: некој за него страда - некој од него страда. Му навираат и зборовите на отец Игор: Колку животи - толку судбини. Го гледа сонцето каде што гасне, каде што ја обвиткува земјата во црно. Ја гледа смртта, лице в лице е со неа. Мирно и спокојно ја чека. Нема кој, а нема ни потреба, да му внесува лажно охрабрување, како што тоа обично се прави на човек кој умира: му идат луѓе да го посетат, се држат ведри и расположени пред него, се смеат му зборуваат сè и сешто, само да му ги оттргнат мислите од смртта, да го охрабрат, а кога ќе излезат откај него - веднаш брзнуваат да плачат, да им олесне душата, да го растоварат болот од себе. Ја гледа Трпе смртта и чека да го поведе. Ќе тргне по неа како што се оди во живот. Само ќе ја замоли, ќе ѝ остави зарек: откако ќе му го земе животот - да го остави што подолго вака исправен - за да ги залажува пилињата дека е жив.